Connect with us

Македонија

Заради ПРЕПИШУВАЊЕ од учебник во ТЕТРАТКА имаме ТРАГИЧНИ резултати, УЧЕЊЕТО не значи УЧЕБНИК

Учениците имаат и таблети и учебници. Родителите, наставниците и администраторите имаат обврска да ги спуштат дигиталните учебници на постојните таблети што се во училиштата во библиотечниот фонд на таблети и втора работа е дека ги спуштаат по информации – вибер групи, емаил адреси на самите родители за тие да ги инсталираат, истакна пред два дена министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа посочи дека има дете во четврто одделение и учебниците се спуштени и тука нема никаков проблем дека учебници ќе има.

– Учењето не значи учебник. И многу е значајно новата концепција да ја промени парадигмата на учење. Тоа е идејата на новиот концепт на учење. Учиме преку истражување, учиме преку практикување и учиме преку дискусија и анализа на различни содржини коишто се наоѓаат во различни извори на информирање за да тоа што ќе го научиме утре знаеме да го употребиме. Токму заради ваквиот принцип на учење на препис на лекција од учебник во тетратка имаме најтрагични резултати во Пиза, Тимс и Пернс, рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на паралелката „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“ во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов” во Скопје.

На прашање зошто се одржува настава во несоодветни простории во Основното училиште „Ѓорги Пулевски“, министерката рече дека службите се на терен и ќе се утврди дали е тоа така или не.

– Не смее по стандард да бидат учениците сместени таму ако велите дека е тоа така или како што стигаат моите информации веднаш ако се утврди дека е тоа така ќе се преземат мерки за отстранување на таквата неправилност иако мора да истакнам дека општините се надлежни за организација и инфраструктурно подобрување  или организирање на училиштата, но сепак Државниот инспекторат ќе има своја постапка што ќе значи отстранување на таквите неправилности во остварување на стандардите за учење на учениците, додаде Царовска.

Остри реакции предизвика во јавноста оваа нејзина изјава за учебниците, се чини дека најголем дел од родителите не се согалсуваат со овој нов концепт на учење.

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг