Connect with us

Македонија

Пописот во прекин, имаше снемано Интернет

Имавме проблем со интернет конекцијата, ама не е проблем со апликацијата, туку со целата интернет мрежа во државата. Колку што сум запознаен, „Телеком” работи на отклонување на овој дефект и мислам дека скоро тоа ќе се отклони и да немаме проблем во работата, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Симовски, денеска заедно со заменикот-директор Илми Селами, беа во Тетово за да проверат како тече пописот во овој регион. Нивната оценка е дека и во работните часови од овој ден попишувачите успеваат да го спроведат пописот во голем број домаќинства, а пречка како низ целата држава е проблемот во прекините на поврзаноста на лап-топ компјутерите со интернетот.

Според директорот Симовски, населението масовно го прифаќа пописот и немаме одбивање, а само мал број луѓе ги одбиле попишувачите.

– Мислам дека овој процес ќе биде успешно завршен на крајот и сите ќе се радуваме на крајот на септември и дека сме го завршиле овој процес после цели 20 години. Многу малку инцидентни случаи, кои што се занемаралив број и таму првично што ќе направиме е да поразговараме со овие луѓе да им објасниме што е целта на пописот и очекуваме дека нема да има проблем. Не би сакале во моментот попишувачот да го ставиме во таква ситуација, таму ќе отидат нашите државни инструктори да им објаснат малку подобро и веруваме дека нема да има проблем и во тој дел. Сега за сега се многу малку инциденти случаи и малку на број, рече Симовски.

И во Тетово, како низ целата држава недостигаат околу педесетина попишувачи за што се повикани луѓе вработени во администрацијата за кои овие неколку дена ќе се врши обука за да можат подоцна да почнат со работа.

-Досега немам ниту информација дека било кој од домаќинствата побарал посебни протоколи и било што друго. Она што знам дека сите наши попишувачи се обврзани и строго ги применуваат мерките кои се за заштита на населението. Ние мораме да водиме сметка за нашите граѓани и водиме сметка за себе бидејќи и ние сме луѓе. И апсолутно тука нема пардон за никого. Сите до еден мора да ги почитуваме овие мерки.  Ако било кој од попишувачите имал проблеми здравствени или имал во моментот не може да биде дел од овој процес бидејќи мора да биде во изолација. Ние процесот ни тече, не може да чекаме излегување од изолација, таков проблем немаме во моментот.  А во однос на бројот на попишувачи ќе го решиме брзо, тој е решен од администрацијата. Ќе треба следниве два три дена да направиме обука на овие луѓе, не може да ги пуштиме на терен без обука. Така да ќе се вклучат многу брзо во тој процес и нема да има непокриен дел, изјави Симовски.

За првиот ден од пописот директорот рече дека бил исклучително успешен ден, а бројката изнесува околу 92 илјади попишани лица.

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг