Connect with us

Македонија

Владеат 19 години без ниту еден партиски функционер во затвор, а зборуваат за борба со корупција

Published

on

По 19 години на власт со мала пауза од 2006 до 2008 без да има затвор за ниту еден функционер на ДУИ вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вчера на меѓународна конференција во Скопје порача дека најголемата закана за економиите е корупцијата, а не короната.

Почетната основа за економско закрепнување, дополни Груби, е борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Корупцијата, според Груби, е пострашен вирус и од ковид.

– Мора да почнеме да пријавуваме корупција денес. Не зборуваме за пропаганда или за неосновани партиски обвинувања, туку за вистински аргументирани фактички ситуации и случаи. Да направиме коалиција, Владата, невладините организации, бизнис заедницата, науката, сите да се обединиме и да и застанеме на патот на корупцијата – повика Груби.

Тој напомена дека е неопходно и владеење на правото.

– Корупцијата е нашиот најголем непријател и закана за растот на сите економии, општества и демократии. Го поткопува кредибилитетот на институциите и процесите. Се работи за уште пострашен вирус од ковид кога станува збор за закрепнувањето, растот и развојот на економијата. Мора да градиме клима на личен и институционален интегритет, етичко однесување на лично и институционално ниво. Но, без одржливо владеење на правото не можеме да имаме кредибилни институции и доверба на јавноста кон системот. Некредибилни институции значат недостиг на јавна доверба што доведува до селективна и корумпирана правда, а тогаш немаме стабилни инвестиции, стабилна бизнис клима. Тоа доведува до замена на правниот систем, на најлесниот начин – мито, да се заврши работата – рече првиот вицепремиер.

Според него, сите актуелни предизвици, ковид, Авганистан, Кина, Русија, 5Г, Блискиот Исток – произлегуваат од корупција.

Груби нагласи и дека 120 милиони евра се губат на корупција во земјите членки на ЕУ, а 20 до 25 отсто од договорите се сведуваат на корупција.

Експрес.мк

Македонија

Ќе се гради подземна гаража кај плоштадот „Скендербег“ – Владата ќе издвои 20 милиони евра

Published

on

Гаражата, според првиот вицепремиер Меџити, ќе биде од особено значење за Старата скопска чаршија бидејќи ќе го реши долгогодишниот проблем со недостигот на паркинг-места во овој дел од градот, а ќе придонесе и за значително зголемување на туристичкиот потенцијал на Старата скопска чаршија 

Владата на денешната седница донела одлука да издвои 20 милиони евра за изградба на подземна катна гаража кај плоштадот „Скендербег“, информира попладнево на прес-конференција првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој додаде дека со ова ќе се решат инфраструктурните проблеми со кои се соочуваа овој дел од главниот град.

Според првиот вицепремиер, станува збор за повеќегодишен проект кој предвидува изградба на на 371 ново паркинг-место, распоредени на две подземни нивоа, со вкупна површина од 13 илјади квадратни метри, со адекватен број паркинг места за лица со посебни потреби.

„Со оваа инвестиција ние ја демонстрираме нашата посветеност кон решавање на инфраструктурните предизвици со кои се соочува нашиот главен град, Старата скопска чаршија, Општина Чаир и Општина Центар“, рече Меџити.

Изградбата на подземната гаража, како што посочи тој, ќе биде од особено значење за Старата скопска чаршија бидејќи ќе го реши долгогодишниот проблем со недостигот на паркинг-места во овој дел од градот и ќе го олесни сообраќајот и пристапот за локалните жители и посетителите.

Проектот, според првиот вицепремиер, ќе придонесе и за значително зголемување на туристичкиот потенцијал на Старата скопска чаршија.

„Туристите ќе имаат подобар пристап до овој културно-историски дел од градот што ќе придонесе за развој на локалната економија и ќе создаде нови можности за бизниси во регионот. Особено сум задоволен што Владата успеа да одвои средства за овој важен проект во рамки на Министерството за транспорт. Ова е доказ дека со заеднички напори и визија можеме да постигнеме значајни подобрувања во животот на нашите граѓани. Нашата обврска да продолжиме со вакви иницијативи кои ќе донесат долгорочни придобивки за целото општество“, кажа тој на прес-конференцијата.

Во наредниот период, Меџити рече дека ќе работат на реализација на проектот во најкраток можен рок и со највисок квалитет и дека ќе обезбедат транспарентност и отчетност во сите фази од изградбата.  

Одговарајќи на новинарско прашање, првиот вицепремиер рече дека проектот е готов и дека тендерската постапка ќе се отвори наскоро, а на почетокот на годината очекува да почнат градежните работи.

Continue Reading

Македонија

Мечка на патот кон Калето на Тетово

Published

on

Пред неколку моменти! Мечка на патот кон Калето на Тетово, речиси на влезот во градот.

Фотографија од Идајет Шаини, 26.11.2024

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ГИ ПРИМИ БАЛКАНСКИТЕ ПРВАЦИ ВО БОКС, БРАЌАТА РУСТЕМОВСКИ

Published

on

Градоначалникот Тони Коњановски денес организираше прием на браќа Рустемовски, Ружди,Ален и Ардијан кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со победа обезбедувајќи златни медали.

Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.

Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето изгуби од Украинецот Зименко.

„Градоначалникот Тони Коњановски им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи“.

Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк