Connect with us

Скопје

Шилегов: Јас и Бени сме другари, Шаќири: Петре е самобендисан и лицемерен

Published

on

Пред неколку дена коментирајќи ја кандидатурата на Бени Шаќири за градоначаник на Скопје од страна на партиите ДОМ и ЛДП, актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов изрази убедување дека во вториот круг Шаќири него ќе го поддржи, затоа што се другари.

Јас и Бени сме другари, пријатели. Јас ја почитувам сечија амбиција да направи исчекор во политиката во нашата држава. Јас убеден доколку има втор круг, Бени Шаќири ќе ме поддржи мене, рече тој.

Шаќири пак на вчерашното гостување во Сител вестите наспроти изјавите на Петре Шилегов дека му е друга и дека ќе му ги даде гласовите во вториот круг, Шачири вели дека нема партиска книшка иако долги години бил поддржувач на СДСМ  и учествувал на сите предизборни кампањи од 2002, а за актуелниот градоначалник Петре Шилегов смета дека три и пол години бил пасивен.

Не знам за кој Шилегов зборувате, на последните два три дена има сосема подруг пристап, не можам да знам за кој Шилегов ме прашувате. Ние сме познаници, не сме пријатели, смета Шаќири.

Неговото мислење за Шилегов е дека е самобендисан и дека во вториот круг не би ги добил неговите гласови.

Најмногу ми пречи лицемеритето, пасивен беше три и пол години, и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година, додаде тој.

За тоа што не успеа да стане директор на Младинскиот културен центар, иако таа функција била предвидена првично за него, Бени вели дека тоа била една „од најпаметните одлуки на Шилегов“.

Некој мора да го води тој центар, добро е што не ме назначи Шилегов таму, тоа му е една од најпаметните одлуки. Ќе требаше да се занимавам со се, освен со културата. Таму не сакаа човек од надвор, се навраќа Шаќири.

Скопје

Ѓорѓиевски: Заедничка акција за безбедноста на младите во Скопје

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орге Ѓорѓиевски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје и Кисела Вода.

Акцијата доаѓа непосредно по едногласното усвојување на иницијативата поднесена од Општина Центар, која предвидува меѓуинституционална соработка и воведување на општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.

„Нашата цел е да испратиме јасна порака за важноста на превенцијата во борбата против малолетничката деликвенција. Преку координација меѓу локалната самоуправа, МВР и останатите надлежни институции, можеме да креираме ефикасни механизми за заштита на јавниот ред и мир,“ истакна Ѓорѓиевски.

Претходно, во полициската станица во Центар беше одржан координативен состанок за дефинирање на следните чекори во спроведувањето на иницијативата.

Во следниот период, најавени се нови активности за зголемување на безбедноста на младите и создавање подобра средина за сите граѓани.

Continue Reading

Скопје

Овие скопски населби утре ќе останат без струја

Published

on

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 17.02.2025 година (понеделник ) без електрична енергија ќе останат:

-во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од ул. Војвода Васил Чакаларов, ул. Осло и ул. Роналд Реган(општина Карпош)

-во периодот од 11.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Александар Урдаревски, блиску до клучка со обиколница (општина Бутел)

-во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од Ул.Христо Татарчев 16 (општина Кисела Вода)

-во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од с. Долно Лисиче околу пекара Орешка(општина Аеродром)

Continue Reading

Скопје

Седумнаесет годишно момче од Косово со автомобил прегазил две лица во Скопје

Published

on

Седумнаесет годишно момче од Косово доцна синоќа околу 22 часот возејќи со автомобил ауди на скопските улици прегази две лица на 17 и 18 годишна возраст. Случајот во СВР Скопје бил пријавен во 22 часот.

– На 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И. (18), додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ .

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк