Connect with us

Инфо +

Нова снимка со полициско тепање на граѓани на улица

Нова снимка на која се гледа како полицијата тепа граѓани на улица се појави синоќа на социјалните мрежи. На објавената снимка, за која се тврди дека е направена во Скопје, се гледа како полицајците удираат граѓанин кој се наоѓа во автомобил. Двајца полицајци со тупаници го удираа граѓанинот кој седел на задниот дел од возилото. Се слушаат и извици „Го тепаат…“.

На снимката се гледаат и полициски мотори кои се паркирани непосредно до автомобилот. Но се забележува и еден друг мотор околу кој се движат полицајците кои го претресуваат.

Снимката се појави откако вчера на социјалните мрежи беше објавено видео како полицајци тепаат граѓани во Битола. За овој инцидент МВР соопшти дека веќе се идентификувани полицајците и дека случајот се расчистува. 

Advertisement

Свет

Германија воведува задолжителна воена обврска, казни до 1.000 евра за непослушните

Од јануари 2026 година, Германија официјално ќе започне со примена на нов модел на задолжителна воена обврска, со кој се предвидуваат и строги санкции за оние што ќе ја игнорираат процедурата. Сите мажи од одредена возрасна група ќе добиваат прашалници од Бундесвер, а одбивањето да се одговори или доставувањето неточни податоци ќе биде санкционирано.

Германското Министерство за одбрана соопшти дека процесот ќе започне со испраќање на околу 54.000 прашалници месечно. Според новите правила, непочитувањето на оваа обврска може да резултира со парична казна до 1.000 евра, па дури и со принудна регрутација.

Планот, кој го иницира министерот за одбрана Борис Писториус, предвидува постепено зајакнување на армиските капацитети. Од јули 2027 година, задолжителен ќе стане и лекарскиот преглед за сите мажи, а непојавувањето на прегледот може да доведе и до полициско приведување.

Целта на новиот модел е до 2035 година бројот на припадници на германската армија да достигне 270.000 војници, како дел од пошироките напори за јакнење на одбранбените капацитети на земјата.

Continue Reading

Балкан

Коледарски оган и празнична атмосфера ја обединуваат публиката во Лерин

Манифестацијата „На Коледе во Лерин“ во соседна Лерин и годинава претставува вистинска атракција, привлекувајќи посетители не само од Битола, туку и од поширокиот регион. Во духот на традицијата, централното место го зазема палењето на коледарскиот оган, кое создава посебна празнична атмосфера и чувство на заедништво.

Близината, величествениот оган и традиционалните чествувања ги привлекуваат туристите и верниците кои Коледе го празнуваат според Грегоријанскиот календар. Посетителите имаат можност да уживаат во новогодишната празнична атмосфера, да вкусат традиционална храна, како и да се загреат со варено вино, топла ракија и музика.

Од туристичките агенции од Битола кои ја организираат посетата на настанот посочуваат дека токму пријатната атмосфера, дружењето и автентичниот дух се причините поради кои „На Коледе во Лерин“ секоја година привлекува се поголем број посетители.

Според нив, годинава интересот е значително поголем во споредба со изминатите години, при што повозрасните битолчани покажуваат поголема заинтересираност за овој традиционален настан. Покрај храната и дружењето, дополнителна атракција за посетителите е и спектакуларниот огномет, кој претставува завршница на манифестацијата.

Според Грегоријанскиот календар, утре, 24 декември, верниците од католичка вероисповед го одбележуваат празникот Бадник.

Continue Reading

Балкан

ВИДЕО: Градоначалникот на Лерин запре македонска песна

Градоначалникот го прекина бендот „Banda Entopica“ штом запеаја на македонски – „Музиката нема граници“ грмна од бината
Наместо прослава на традицијата, синоќешната манифестација во Лерин се претвори во демонстрација на цензура. Познатиот бенд „Banda Entopica“ беше принуден да престане со пеење во моментот кога одекнаа стихови на македонски јазик.
Традиционалната манифестација „Ден на огновите“, која се одржува во пресрет на Коледе во Лерин, синоќа (22 декември) беше засенета од скандалозна забрана која повторно ги разгоре прашањата за човековите права и употребата на македонскиот јазик во Грција.


Во атмосфера на веселба, популарниот бенд „Banda Entopica“, познат по својот широк репертоар на балкански звуци, ја започна изведбата на македонската народна песна „Софка на татко“. Меѓутоа, веднаш по првите стихови, следеше итна интервенција од страна на градоначалникот на Лерин. Според сведоштвата на присутните и видеата што веќе се шират на социјалните мрежи, на музичарите им било наредено веднаш да прекинат со пеењето на македонски јазик, дозволувајќи им да продолжат исклучиво со инструментална изведба.


„Музиката нема граници“
Обидот за цензура не помина без реакција. Еден од членовите на бендот, кларинетист кој потекнува од Патра, јавно и храбро реагираше пред насобраната толпа.


„Музиката нема граници!“ – порача музичарот од бината, добивајќи аплауз и одобрување од дел од публиката која не се согласуваше со ригидните постапки на локалната власт.


Воскопулос: Ова не е инцидент, ова е континуитет на страв
За настанот реагираше и Павле Воскопулос, долгогодишен активист за правата на Македонците во Грција и член на партијата „Виножито“. Тој посочува дека синоќешниот настан не е изолиран случај, туку потврда дека старите стравови и забрани сè уште живеат во Леринско, Костурско и Воденско.


„Ова е дел од еден подолг континуитет на ограничувања. Иако Преспанскиот договор требаше да ја олесни климата, локалните шерифи и натаму спроведуваат пракса на селективна забрана. Македонското оро може да се игра, но македонската песна не смее да се пее. Тоа е апсурдот на 21-от век,“ коментира Воскопулос.


Тој потсетува дека ваквите сценарија беа секојдневие во 90-тите години, период за кој постојат десетици извештаи од Human Rights Watch, Amnesty International и Greek Helsinki Monitor, кои документирале како грчката држава систематски ја потиснувала културната експресија на македонското население.


Видеото го обиколува регионот
Иронијата на забраната е што таа постигна спротивен ефект. Наместо да се замолчи песната, видеото од прекинувањето на „Софка на татко“ стана вирално. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека ваквите потези се во целосна спротивност со европските вредности за кои Грција декларативно се залага.


Додека официјална Атина и Скопје зборуваат за дипломатија, на теренот во Лерин, музиката сè уште се дели на „дозволена“ и „забранета“, во зависност од јазикот на кој се пее.

Видеото може да погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг