Connect with us

Скопје

Паднаа неколку ЗАПРОСУВАЊА и срушени македонските РЕКОРДИ на скопскиот маратон (Фотогалерија)

Скопје, 03.10.2021 – Во раните утрински часови, над 6000 тркачи навестија прекрасен ден и ги исполнија скопските улици со позитивен дух, спортска енергија и безброј насмевки. Под специјален протокол за заштита од Ковид-19, се одржа 17тото издание на Виз Ер Скопски маратон.

Учесниците кои беа пријавени на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ стартуваа во 8:00 часот, а тркатана 5км започна во 8:10 часот. Стартот и целта на овогодинешниот маратон беше од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, а патеката по која трчаа учесниците остана иста како и минатите години.

На овогодинешното издание на Виз Ер Скопски маратон, од машката категорија прв до целта стаса Дарио Ивановски со време од 02:21:27, со што го сруши македонскиот рекорд и го постави новиот рекорд на Виз Ер Скопскиот маратон, второто место го освои Младен Стеванович, со време од 02:34:54, а на третото место се најде Давид Перлич, кој патеката ја истрча за 02:38:26.

Од женската конкуренција, првото место го освои Андријана Поп-Арсова, која маратонот го истрча за 02:40:36 и го сруши досегашниот македонски рекорд во женска конкуренција на маратонот, второпласирана е Силвија Александра Паредер Јукаилла, со време од 02:43:43 и третото место го освои Весна Кираџиева со време од 03:23:42.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги додели наградите на прво пласираните на маратонот и се заблагодари на целата организација и волонтерите кои што несебично работеа и овозможија овогодинешното издание на Виз Ер Скопски маратон да се одржи беспрекорно добро.

Победник на државното првенство во маратон на Македонија во организација на Атлетска федерација на Македонија е Дарио Ивановски со време од 02:21:27, на второ место е Александар Ќираџиев со истрчан маратон за 02:40:06, а на трето место заврши Марјан Бонев, за 02:41:42.

Во женска конкуренција, победник на државното првенство во маратон е Андријана Поп-Арсова, која маратонот го истрча за 02:40:36, на второ место за време од 03:23:42 заврши Весна Кираџиева, а на трето место е Тамара Попов со истрчан маратон за 03:28:24.

Од македонските тркачи во машка конкуренција на овогодинешниот маратон, прв на целта стаса Дарио Ивановски со време од 02:21:27, на второ место е Александар Ќираџиев со време од 02:40:06, а на трето место заврши Марјан Бонев со истрчан маратон за време од 02:41:42.

Во женската конкуренција од македонските натпреварувачки, првопласирана е Андријана Поп-Арсова, која маратонот го истрча за 02:40:36, на второ место за време од 02:55:25 заврши Билјана Кираџиева, а на трето место е Весна Кираџиева со време од 03:23:42.

Во машка конкуренција на полумаратонот победник е Митко Тсенов со време од 01:09:10, на второ место е Џастин Фриман со полумаратон истрчан за време од 01:09:31, а на трето место со време од 01:09:31заврши Тирон Мамуша.

Најдобра во женска категорија на полумаратонот е Милјана Ристич со 01:26:09, Чендреса Рамаданисе најде на второто место со 01:28:14и на третото место заврши Сања Најдовски со време од 01:32:43.

Од македонските тркачи во машка конкуренција на овогодинешниот полумаратон, прв на целта стасаАтанас Анчевски со време од 01:11:03, на второ место е Кристијан Стојани со време од 01:14:38, а на трето место заврши Иван Пешовски со истрчан маратон за време од 01:14:54.

Во женската конкуренција од македонските натпреварувачки на полумаратонот, првопласирана е Милјана Ристич, за време од 01:26:09, на второ место за време од 01:32:43 заврши Сања Најдовски, а на трето место е Душица Јанковиќ со време од 01:34:02.

Наградите на победниците на полумаратонот ги додели претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски.

Трката од 5км во машка конкуренција први ја завршија Пепи Анаќиев, за 16 минути и 30 секунди, Григоријан Никовски, за 17 минути и 38 секунди и Иво-Јован Димовски за 17 минути и 58 секунди, а од женската категорија на оваа трка први три беа Марија Стојановска, за период од 20 минути и 12 секунди, Ирма Хајдари, за 20 минути и 15 секунди и Милена Чкрипеска за 21 минута и 31 секунда.

Наградите на најдобрите тркачи на трката од 5км ги додели, Гордана Николовска.

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон им честитаа на победниците, а и на сите учесници и волонтери за вложеноста и спортскиот дух кој што ниту оваа година не изостана.

„Среќни сме што и оваа година успеавме да ги исполниме скопските улици со насмевки, спортски дух и радости. Прекрасна е глетката кога на улиците на главниот град ве обзема звукот на чекорите на маратонците.Посебно ни е драго што и оваа година успеавме да организираме спортски настан, почитувајќи ги сите мерки за заштита од Ковид-19, со што докажавме дека со добра дисциплина можеме да направиме се. Им честитам на сите учесници, победници и волонтери за успешно завршеното 17то издание на Виз Ер Скопски Маратон“ порача Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон – се вели во соопштението од Виз Ер.

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг