Connect with us

Македонија

Стопанската комора предвидува – ЦЕНОВЕН шок и СТРУЕН „удар“ до Нова Година❗

Published

on

Ценовен шок ги очекува граѓаните до Нова Година, предупредуваат од Стопанската комора. Во моментов цените на основните прехрамбени продукти се повисоки од 5 до 10 проценти.

Но следните месеци се очекува храната да поскапи 40 до 50 проценти како резултат на глобалните случувања плус процентот од енормниот раст на цената на енергенсите. Од комората бараат итна средба со Владата.

АЗЕСКИ: СТРУЈАТА ЌЕ НЕ „ДРМА“ ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД

Покрај последиците од пандемијата, снабдувањето со електрична енергија во наредните години ќе биде прашање со кое ќе се занимаваме 24/7, предвудува претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Азески укажува дека цената на електричната енергија на берзата за енергија во Будимпешта за последните 12 месеци порасна, од 57 евра за мегават час во јануари до 138 евра за мегават час на крајот од септември годинава.

Причина за ова се: зелената агенда во Европа и намалувањето на енергијата произведена од јаглен, релативно ниското производство од ветерните централи во Европа, брзиот пораст на пазарите во изминатиот квартал и енормниот пораст на цената на природниот гас на светските берзи. Оттука, нагласува Азески, почнува и проблемот со кој веројатно ќе се занимаваме подолг период.

Прилог на Телма:

Македонија

Тони Коњановски со решителни чекори кон поубава и почиста Битола

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, продолжува со спроведување на иницијативите за подобрување на животната средина и урбаниот изглед на градот. Во соработка со јавните претпријатија Комуналец, Водовод и Нискоградба, деновиве активно се расчистуваат локациите каде што претходно беа поставени времените објекти – гаражи.

Со лично присуство на терен, Коњановски изврши увид во тековните активности за отстранување на отпадот, потенцирајќи дека ова е само почеток на пошироката акција за уредување на градот. Тој најави дека сите локации каде што се отстранети времените објекти ќе бидат детално уредени, со цел да се создадат попријатни услови за живот на сите граѓани.

Со ваквите иницијативи, Коњановски уште еднаш ја покажува својата посветеност кон создавање на поубава, почиста и поуредена Битола, која ќе биде гордост за сите нејзини жители.

Continue Reading

Македонија

Извлечено е телото на 56 годишниот маж од водите на Вардар

Published

on

Со извлекување на телото на 56 – годишниот маж од водите на Вардар заврши дводневната акција на спасувачите.

Претходно синоќа беа извлечени телата на три жени од автомобилот Ауди, кој вчера попладне се излизга во Вардар во близина на селото Рашче.

Во автомобилот во моментот на несреќата имало три жени, маж и четиригодишно дете. Детето , за среќа паднало на патот во моментот на лизгањето на автомобилот и со телесни повреди е пренесено во клиниката 8-Септември.

Четирите тела на роднините од Грчец ќе бидат однесени на обдукција, по што ќе се утврдат причините за нереќата.

Continue Reading

Македонија

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Published

on

Полицијата денеска ги објави идентитетите на загинатите во „аудито“ кое вчера околу 16 часот излета од локалниот пат Сарај-с.Рашче и падна во реката Вардар.

Според МВР, во возилото кое е извадено синоќа од Вардар се пронајдени телата на три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк