Connect with us

Македонија

Од денеска по електронски пат ќе се добива Уверение од казнена евиденција, прочитајте како…

Published

on

Преку националниот портал за услуги uslugi.gov.mk од денеска граѓаните за само неколку минути ќе можат да добијат уверение од казнена евиденција. Начинот е брз, процедурата едноставна и сигурна, со што на граѓаните им се заштедува време, пари и нерви.

Ова го истакнаа премиерот Зоран Заев, министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци Лазар Нанев на денешната прес-конференција за дигитализација на е-услуга – уверение од казнена евиденција.

Набрзо, како што беше посочено на прес-конференцијата, истото ќе можат да се направи и за изводите од кривична евиденција, а се работи и на трета услуга, односно дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност.

-Сите овие уверенија и потврди на граѓаните им се потребни за вработување, доколку сакаат да добијат виза или работа во странство. Со други зборови, тоа е доказ дека нема сторено кривично дело, не се води кривична постапка. Дополнително, доколку некое лице сака да се јави на тендер ќе мора да има ваква потврда. Поголем број странски компании во земјата бараат вакви изводи при процес за вработување на некое лице, рече премиерот.

Тој посочи дека со приклучувањето на судовите на националниот портал за услуги, и барањата и потврдите се издаваат електронски и граѓаните повеќе немаат потреба да губат по неколку часа за да ги подигнат документите што им се потребни, туку сега ќе го добиваа соодветниот документ за три минути.  

-Овие потврди се првите електронски документи создадени согласно Закон кој ќе ги издава судската власт. Со оваа активност судот започнува да ја применува регулативата на ЕУ, односно нејзината национална транспозиција со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и со тоа се приклучи во практичната примена на Националната платформа за интероперабилност, рече Заев.  

Пресметките, како што посочи, се дека со воведувањето на овие услуги судовите ќе направат заштеди изразени во милиони евра кои ќе можат да ги инвестираат тие нивни сопствени пари во генерално подобрување на нивната работа.

–Дигитализацијата на правосудниот систем ќе ги минимизира човечкиот фактор во дел од процесите и процесните дејствија и во пракса нема да имаме повеќе случаи од преку три илјади недостапни пресуди до странки и максимално ќе се елиминираат изговорите за застареност за гонење, истакна премиерот Заев.  

Министерот Маричиќ, меѓу другото посочи дека дигитализацијата генерално придонесува и за сузбивање на корупцијата.

– Колку повеќе процесите се дигитализирани, токму се помали шансите за човечко влијание во истите, рече Маричиќ, посочувајќи дека ова не е уникатен заклучок само за Северна Македонија, туку компаративните анализи во светот покажале дека дигитализацијата ја намалува корупција и тоа според мене дава дополнителна вредност во целиот процес.

Судијата Нанев појасни дека дигиталните услуги за издавање на уверенија од казнената евиденција се однесуваат во овој момент на физичките, а во активност е имплементирање и за правните лица и ги опфаќаат сите основни судови кои постапуваат по кривичните и прекршочните предмети.  

-Услугата обезбедува ефикасен пристап до правдата, штеди ресурси, време и ги намалува трошоците. За пример, доколку се има во предвид дека судовите на годишно ниво со физички пристап на корисниците односно на граѓаните издаваат повеќе од 100 илјади потврди, односно уверенија, а реално потрошеното време просечно изнесува од 10 до 20 минути по дадената услуга судовите трошат само за оваа услуга 58 до 60 дена во текот на една година или дневно три до четири часа само за оваа услуга, а секој барател по неколку часа дневно. А доколку се однесува со место на раѓање во друг град од местото на живеење и цел ден. Со користење на оваа алатка која што ја промовираме потрошеното време нема да биде повеќе од 10 минути, истакна Нанев.

Ова, како што посочи, значи ефикасен пристап до услугата и истовремено намалување на трошоците и времето, обезбедува заштита на повеќе од 30 пакети хартија, повеќе од 100 тонери, односно изразено во финансиски средства повеќе од еден милион евра на годишно ниво, што навистина претставува значителна финансиска инјекција за самите судови.  

Услугата, истакна Нанев, овозможува електронско поднесување на барањето, електронско плаќање преку платежната картичка и електронско добивање на потврдата, односно уверението во ПДФ формат со бар код, односно сертификат што подразбира поврзување на документот со електронскиот потпис и електронскиот печат којшто е издавач на документот со којшто се потврдува идентификацијата и веродостојноста на документот.  

-Веродостојноста и доказната вредност односно доказната сила на самиот документ се утврдува со скенирање на бар-кодот со мобилниот телефон андроид или ајфон којшто ве упатува на издавачот на услугата, рече судијата Нанев. 

Тој напомена дека издавањето на уверението од казнената евиденција нема да ги ограничи во овој момент граѓаните кои не користат дигитални алатки, што значи дека физичкиот пристап, односно алтернативниот начин ќе им биде овозможен во овој преоден период.

Дигиталната услуга е обезбедена со заедничка координација на Советот на ИКТ Врховниот суд, Судскиот совет, Министерството за правда и МИОА и со целосна поддршка на сите 26 суда.

На крајот на прес-конфренцијата практично беше покажано како изгледа процесот за добивање на извод од казнена евиденција и колку целата постапка е едноставна.

Министерот Маричиќ на прес-конференцијата кажа дека продолжува соработката со партнерите од меѓународната заедница – ОБСЕ, Амбасада на САД и Норвешка во процесот на вградување на современа информатичка технологија во голем број судници во сите 34 судови во земјава.

– Со нив ќе се обезбеди и судење на далечина, но и ќе се овозможува видеозапис од судењата. Работиме и на изградба на судници во затворите, поради што судењата на веќе притворени лица ќе може да се прави на далечина и ќе се избегне непотребниот метеж при транспортот на овие лица до Кривичниот суд. Северна Македонија се модернизира, придобивките одат директно за граѓаните, рече Маричиќ.

Македонија

Лимани: Градинката „Младост“, Тетово доби 42 нови вработувања, со новиот објект „Рилиндја“ листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато 

Published

on

Повод за посетата се новите 42 вработувања на воспитувачи и негуватели во оваа јавна установа, 13 по основ на пензионирања односно испразнети работни места, а 29 вработувања за новиот објект „Рилиндја“ кој наскоро ќе биде отворен.

Во обраќањето пред присутните министерот Лимани искажа задоволство што конечно проблемот со кадар во оваа јавна установа е решен.

„Ме радува фактот што успеавме после 2 години закочен процес за вработувања во оваа Јавна установа, конечно да се реализираат потребите од кадар во истата. Задоволство ми е да соопштам дека обезбедени се и вработувањата за новиот објект „Рилиндја“, кој наскоро ќе биде и официјално отворен,“ посочи Лимани.

Тој истакна дека обезбедувањето на стручен кадар во детските градинки и инвестирањето во зајакнување на нивните компетенции придонесува за квалитетот на воспитно образовниот процес. Како и дека министерство ќе продолжи посветено да работи во насока на обезбедување на предучилишно воспитание и образование согласно предвидените стандарди.

Јавната установа Младост е една од најголемите установи во државата за предучилишно образование во однос на капацитетот на деца кои ги згрижува, со отворањето на новиот објект „Рилиндја“, листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато.

Лимани на нововработените воспитувачи и негуватели им посакува успешна и плодна работа.

Continue Reading

Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

Published

on

На саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, претседателот на Србија, Александар Вучиќ се пофали со убавите жени во Врање, но македонскиот премиер Христијан Мицкоски одговори дека убави жени има и во Македонија.

На саемот се претставија повеќе од 300 винарии од Македонија. Во Белград се одржа и Македонска вечер. 

Continue Reading

Македонија

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Published

on

Пелистер изгуби дел од најстарата моликова шума. Невремето кое изминатиот викенд го зафати Битолскиот регион уништи преку 150 дрвја, меѓу кои и најстарото стебло, старо и пол векови.

Според НП „Пелистер“ најголема штета е причинета во средишниот дел, каде се наоѓа најстарата шума од молика, а каде се уништени околу 150 стебла на површина од стотина хектари. Според познавачите, освен силниот ветер, причина за ваквата штета е и староста на дрвата.

Македонскиот бор, како што му е и официјалното име, е исклучително значен ендемичен вид, а тој е и причина што Пелистер во 1948 година е прогласен за национален парк, прв во државата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк