Connect with us

Македонија

„Сè додека нема одговорност за 14-те жртви во тетовската болница, Тетово ќе нема мир“ (ФОТО)

Published

on

„Сè додека нема одговорност за 14-те жртви во тетовската болница, Тетово ќе нема мир“. Оваа порака е испишана на повеќе места во градот и сведочи за црниот ден и големата трагдедија.

Во модуларната болница во Тетово живи изгореа 14 лица, а одговорност не превзема никој.

Граѓаните преку овие плакати порачаа дека нема да дозволат да се премолчи тоа што ја вознемири цела Македонија.

Македонија

САЊА БОЖИНОВСКА: МАКЕДОНИЈА НЕ Е ДЕЛ ОД ГАСНАТА ЦЕНТРАЛА И ТЕРМИНАЛОТ ЗА ГАС ВО АЛЕКСАНДРУПОЛИ

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во гостување во дневникот на Сител телевизија изјави дека наспроти тврдењата на минатата Влада, Македонија нема ништо со проектот Александруполи поконкретно гасната централа и терминалот за течен нафтен гас.

Министерката Божиновска истакна: „Се зборуваше многу за Александруполи меѓутоа по разговори со раководството на ЕСМ, на жалост, ние немаме ништо со Александруполи, освен што плаќаме 3 милиони евра за искористување на капацитет.“

Според Божиновска единствено имаме обврска да плаќаме 3 милиони евра годишно за искористување на капацитет во следните 15 години, кој во овој момент неможеме да го користиме.

Continue Reading

Македонија

САЊА БОЖИНОВСКА: ЗА КРАТОК ПЕРИОД, ЗНАЧАЈНО ПОДОБРУВАЊЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА РЕК БИТОЛА

Published

on

Во денешното гостување во централниот дневник на Телевизија Сител, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини истакна дека иако е краток временскиот период тимот на РЕК Битола успеал во критичните часови од 17 до 22 часот, период во кој струјата на берзите има висока цена, да се произведува со 180 до 203 мегавати моќност, што е огромно подобрување. За првиот блок не бил навремено направен ремонт, но во декември ќе биде оспособен за да биде приклучен на мрежа.

На прашање за тоа каква е состојбата во РЕК Битола Министерката Божиновска истакна: „изминатата недела бев два пати во РЕК Битола, се запознав со новиот менаџмент и имав долги разговори и лично видов што се случува таму. Ми беше презентирана ситуацијата која ја наследија. Можам да кажам дека има многу аномалии и благо ќе кажам дека е катастрофална состојбата.“

Според информациите што ги сподели Божиновска во РЕК Битола не биле направени ремонти, имало непотребна залиха, механизацијата не била употребувана и квалитетот на јагленот бил несоодветен.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски и Меџити на средба со директорот на ЕИБ Бјорн: Влада искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава

Published

on

Денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со директорот на Европската инвестициска банка, Габриел Бјорн и првиот вице премиер Изет Меџити одржаа информативна средба со 58 градоначалници, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), а кои ги доделува Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оваа денешна средба е во насока на зајакнување и подобрување на ефикасноста и координацијата во користењето на средствата наменети за подобрување на водната инфраструктура на општините а средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка, а ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините.

Денеска испративме силна и јасна порака дека нашата Влада искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк