Connect with us

Македонија

Цapoвска СЕ ЗАКАНИ: Сите КНИЖАРИ лично ќе ги приjaвам во МBP

Published

on

Министерката за образование и наука Мила Царовска го истиот став од вчера дека просветниот Инспекторат спроведува редовни инспекции во училиштата, но, досега не наишле на фотокопирани или оригинални дигитални книги што ги купиле учениците за четврто одделение.

-Сите детектирани случаи на комерцијализирано пуштање во употреба на бесплатни учебници ќе биде спроведено до надлежните институции, изјави кратко Царовска.

Министерката вчера потврди дека учебниците се бесплатни и тие имаат испечатено 20 отсто од вкупниот потребен тираж за оние ученици кои немаат услови да следат дигитална настава. Задоволна е како се одвива реформата и потенцира дека сите училишта ги прифатиле промените и ги користат новите алатки за работа.

-Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа лично би го пријавила во Министерството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување, изјави Царовска.

Само по еден случај постапиле МВР за незаконско печатење учебници за 4 одделение. На почетокот од учебната година добиле пријава за лице од Штип кој продавал учебници преку интернет. Полицијата во фотокопирниците пронашла 20 комплети од по 6 книги. За други немаат добиено пријава.

„Од страна на полициски службеници од СВР Штип по наредна на Јавен обвинител од фотокопирници во Штип биле пронајдени и одземени неовластено испечатени 20 комплети од по 6 книги наменети за учениците од четврто одделение од основно образование, кои С.Р ги нудел на продажба преку социјалните мрежи. СВР Штип до ОЈО поднесе известување за понатамошхна надлежност за постапување.“ – велат од МВР

Македонија

Жолт аларм во Македонија: Од утре обилен снег, но и силен ветер, ова се деталите

Published

on

Утре се очекува брз продор на студена воздушна маса од север, што ќе донесе значителна промена во времето.

Ќе преовладува облачно време со дожд, а на повисоките места дождот ќе се прелее во снег. На планините ќе има врнежи од снег, при што се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 15 см.

Ќе дува силен северен ветер (над 70 км/ч), а температурите значително ќе опаднат.

Во понеделник, со продолжениот засилен северен ветер, на некои места ќе има повремени врнежи од слаб снег. Потоа времето ќе стане стабилно, но ветровито, со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни.

Continue Reading

Македонија

Полицијата со претреси во струмичко, пронајдени неколку вреќи со марихуана, но затекнале и лица како ја чистат растителната материја (ФОТО)

Published

on

Претреси во струмичко, пронајдена дрога

На 04.04.2025 во 15 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.К.(65) од село Колешино. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес на три локации кои ги користи лицето, при што на катастарска парцела во село Борисово, струмичко, биле пронајдени неколку вреќи и повеќе најлонски пакувања исполнети со зелена растителна материја, вреќа со остатоци од растителна материја, семки од растение, вага, како и други предмети со остатоци од растителна материја. Одземената растителна материја е со тежина од околу три килограми. При претрес на домот на лицето биле пронајдени и две воздушни пушки, за кои не поседувал соодветна документација.

На катастарската парцела биле затекнати и Џ.Д.(56) и Д.Т.(60), двајцата од село Банско, струмичко, во момент кога Д.Т. ја чистела пронајдената растителна материја, и биле лишени од слобода.

В.К. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

ПОВТОРНО СНЕГ И ВЕТЕР ДО 70 КМ/Ч Драматична промена од недела, понеделник уште постуден

Published

on

Во Скопје променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 8 до 20 степени.

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималните утрински температури ќе се движат од 0 во Маврово до 9 во Гевгелија, а максималните дневни од 12 во Маврово и 20 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 8 до 20 степени.

В недела нѐ очекува претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.).

Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 4 степени до 13 степени.

Метеоролозите за во понеделник најавуваат променливо облачно и студено, наместа со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -5 степени до 1 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 2 степени до 10 степени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк