Connect with us

Македонија

Починала на бензинска пумпа на автопатот кај Велес: Докторката која прва пристигнала раскажа за тешката загуба на репрезентативката

Published

on

Јулија Партенко почина на 38-годишна возраст, а како што наведува велешкиот портал „ТиРековМиРече“, несреќниот настан се случил во близина на бензинска пумпа кај Градско, на патот кон Велес.

Партенко се враќала од Грција кога почувствувала отежнато дишење, по што била повикана итна помош од Велес.

„Била побарана помош, лицето имало отежнато дишење. Испратена е лекарска екипа со доктор Јадранка Мишкова, која била на лице место“, кажа за ТиРековМиРече д-р Василка Пановска, началник на Итната помош.

Веднаш по повикот се упативме на местото на настанот. Пациентката беше без знаци на живот, без пулс, со агонално дишење. Минуваше екипа од приватна болница Филип Втори, кои сами пријдоа, имаше кардиолог во возилото, кој застана и со неговата екипа ја реанимиравме. Побаравме помош и од уште едно возило на велешка итна помош. Реанимацијата траеше 60 минути, беа пуштени повеќе инјекции со адреналин, но беше без успех“, изјавила д-р Јадранка Мишкова.

Македонија

Верижен судир на 5 автомобили во Хиподром (ВИДЕО)

Published

on

Синоќа во населбата Хиподром се случи верижен судир во кој учествуваа пет автомобили.

Според очевидци, инцидентот настанал поради неприлагодена брзина и лизгав коловоз.

За среќа, нема информации за потешко повредени, но е причинета значителна материјална штета.

Од настанот постои и видео, кое сведочи за сериозноста на судирот.

Continue Reading

Македонија

Жолт аларм во Македонија: Од утре обилен снег, но и силен ветер, ова се деталите

Published

on

Утре се очекува брз продор на студена воздушна маса од север, што ќе донесе значителна промена во времето.

Ќе преовладува облачно време со дожд, а на повисоките места дождот ќе се прелее во снег. На планините ќе има врнежи од снег, при што се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 15 см.

Ќе дува силен северен ветер (над 70 км/ч), а температурите значително ќе опаднат.

Во понеделник, со продолжениот засилен северен ветер, на некои места ќе има повремени врнежи од слаб снег. Потоа времето ќе стане стабилно, но ветровито, со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни.

Continue Reading

Македонија

Полицијата со претреси во струмичко, пронајдени неколку вреќи со марихуана, но затекнале и лица како ја чистат растителната материја (ФОТО)

Published

on

Претреси во струмичко, пронајдена дрога

На 04.04.2025 во 15 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.К.(65) од село Колешино. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес на три локации кои ги користи лицето, при што на катастарска парцела во село Борисово, струмичко, биле пронајдени неколку вреќи и повеќе најлонски пакувања исполнети со зелена растителна материја, вреќа со остатоци од растителна материја, семки од растение, вага, како и други предмети со остатоци од растителна материја. Одземената растителна материја е со тежина од околу три килограми. При претрес на домот на лицето биле пронајдени и две воздушни пушки, за кои не поседувал соодветна документација.

На катастарската парцела биле затекнати и Џ.Д.(56) и Д.Т.(60), двајцата од село Банско, струмичко, во момент кога Д.Т. ја чистела пронајдената растителна материја, и биле лишени од слобода.

В.К. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк