Connect with us

Балкан

Дали нешто се спрема? – Косово им понуди на САД да формираат постојана воена база на негова територија

Косовскиот министер за одбрана, Арменд Мехај, во име на неговата Влада, им понуди на САД да формираат постојана воена база на територијата на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти косовското МО, Мехај, кој престојува во официјална посета на САД, понудата му ја изнел на потсекретарот на американскиот Департман за одбрана, Колин Кал, за време на нивната средба во Пентагон.

Косовскиот министер на средбата со високиот претставник на американската одбрана изјавил дека формирањето на таква база „ќе придонесе многу за мирот и регионалната стабилност на Балканот“.

Потсекретарот Кал, се вели во соопштението, уште еднаш ја потврди поддршката на САД за евроатлантската интеграција на Косово, „нагласувајќи дека визијата на американскиот претседател Џо Бајден за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ останува дел од неговата приоритетна агенда“.

Тој, исто така, високо го вреднувал и партнерството во првата мировна мисија на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во Кувајт, како и учеството на ФСК во воената вежба на американските и сојузничките сили „Дифендер – Јуроп ‘21“.

– Потсекретарот Кал нагласи дека поддршката за подигање на капацитетите на ФСК ќе биде постојана, а исто така, позитивно ги оцени подготовките за наредните мировни мисии, со што се зголемува уште повеќе улогата на Република Косово како фактор на мирот и на планот на глобалната безбедност, се вели во соопштението.

Косово, во соработка со американската војска, во март годинава испрати во Кувајт еден контигент на Безбедносните сили, што претставува прва нивна мисија надвор од земјата.

Балкан

Човек држен две години во заложништво без струја и вода во приколка во Горски Котар

По две години терор, полицијата конечно им стави крај на двајца осомничени кои експлоатирале 42-годишен хрватски државјанин.

Осомничените се приведени под сомнение дека, користејќи закани, измами и психолошка манипулација, го довеле несреќниот маж во подредена положба на апсолутна зависност.

Жртвата била држена во нехумани услови и систематски злоупотребувана. Не само што бил принудуван да врши тешка физичка работа БЕЗ НИКАКОВ НАДОМЕСТ, туку експлоататорите оделе дотаму што целосно му го присвојувале имотот, претворајќи го неговиот живот во вистински пекол.

Оваа сурова приказна за злоупотреба и трудова експлоатација во срцето на Хрватска предизвика шок во јавноста. Полициската истрага продолжува со цел да се расветлат сите детали од ова стравично дело.

Continue Reading

Балкан

Нова трагедија во Никшиќ: Пукање на улица, неколку лица ранети

Пресметка со огнено оружје го потресе Никшиќ, кога во локален ресторан дошло до пукање, при што се повредени А.М. и М.Ј., потврди Полициската управа (УП). Иако поврзаноста на жртвите со организираниот криминал фрла тешка сенка врз инцидентот, полицијата засега е претпазлива, не можејќи експлицитно да потврди дека станува збор за класична пресметка на криминалните кланови.

Повредените, кои се познати како членови на организирана криминална група, веднаш биле пренесени во Медицинскиот центар во Никшиќ. За инцидентот е информиран и надлежниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица.

Полицијата веднаш реагираше со полна сила. Блокирана е пошироката и непосредната област околу местото на злосторството. Воспоставена е блокада на градот со цел да се спречи бегството на сторителот.

Се преземаат интензивни активности за идентификување на напаѓачот и утврдување на сите околности под кои е употребено оружјето.

И покрај тоа што имињата на повредените се поврзани со подземјето, Управата на полицијата истакнува дека не сака да шпекулира:

„Нагласуваме дека, иако оштетените се членови на организирана криминална група, во овој момент не можеме да потврдиме дека овој настан е поврзан со активностите на организираните криминални групи, сè додека не се соберат повеќе информации и не се утврдат сите факти и околности.“

Јавноста ќе биде навремено информирана за исходот од оваа истрага која е во полн ек. Дали станува збор за приватна расправија или за уште еден чин во војната на клановите допрва ќе се утврдува.

Continue Reading

Балкан

Полицијата во Софија уапси повеќе од 40 лица на протестот

Главниот град на Бугарија вчера беше сведок на вжештени тензии и масовни апсења за време на опозицискиот протест. Полициската управа во Софија денеска потврди дека повеќе од 40 лица се лишени од слобода.

Според извештаите на бугарските медиуми, најголемиот дел од приведените се од групите познати по нивната црна униформа и качулки, кои често се поврзуваат со провокации.

Иако протестот во голема мера помина без сериозни инциденти, во еден момент ситуацијата можеше да ескалира.

Лица со маски и качулки се обидоа да запалат контејнери за отпад, но брзата интервенција на полицијата ја смири напнатоста. Кај приведените биле пронајдени пиротехнички средства, спрејови и маски, што укажува на подготвеност за судир. Дел од уапсените биле и без лични документи, што го отежнува нивното брзо идентификување.

На контролните пунктови околу местото на одржување на протестот, полицијата открила и нешто што ја прави ситуацијата уште посомнителна: кај двајца од приведените биле пронајдени големи суми пари.

Полицијата соопшти дека истрагата продолжува, со цел да се расветли позадината на овие активности и дали има организиран обид за нарушување на јавниот ред и мир.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг