Connect with us

Македонија

Злоупотребата на првата дама продолжува, се испраќаат линкови за регистрација

Published

on

Фејсбук профилот кој го злоупотребува идентитетот на д-р Елизабета Ѓорѓиевска и понатаму е активен на Фејсбук. Објавата во која повикува луѓе да коментираат за донации од 5000 евра е обновена и иако има помал број коментари од претходно, сепак има многу корисници кои паѓаат во ваквата замка. 

Ситуацијата е дотолку полоша што на одредени коментари им се реплицира со линк за регистрација, за да можат да им бидат префрлени парите. 

Во коментарите има корисници кои предупредуваат за измамата, но и такви кои ја споделуваат објавата и јавно ги објавуваат своите податоци. 

Неодамна, СкопјеИнфо предупреди за оваа измама, а истото го направија и повеќе македонски медиуми. 

Доктор Ѓорѓиевска се обрати и преку своите официјални профили и побара од фејсбук-корисниците масовно да го пријавуваат овој лажен профил, предупредувајќи ги да не следат линкови и да не оставаат податоци. 

Во еден од коментарите пронајдовме и фотографија-принтскрин, во кој корисничката вели дека со следење на линкот се претплаќа на игра. 

Македонија

Насилникот од Радовиш упатен на психијатриско лекување по тепањето во живо на ТикТок

Published

on

Насилникот од Радовиш, кој беше забележан како тепа жена во живо на ТикТок, сега е упатен на психијатриско лекување во болницата Негорци, потврдуваат од СВР Струмица. Во текот на 2024 година, два случаи против него беа пријавени од две жени – едниот за „телесна повреда“, а другиот за „загрозување на сигурноста“. Обата случаи се целосно истражени и до обвинителството се доставени соодветни поднесоци.

Инцидентот, кој се случи на 27 март 2025 година, доведе до тоа насилникот да биде упатен на психијатриско лекување, велат од СВР Струмица. Според статистиките на Министерството за внатрешни работи, во последните две години забележан е пораст во пријавите за семејно насилство, но ако жртвата не даде согласност, насилникот не може да биде кривично гонет. Ова е токму случајот со насилникот од Радовиш, чие партнерка одбила да го пријави, што ја отвора дискусијата за потребата од измени во кривичниот законик, со цел кривичното дело „телесна повреда при семејно насилство“ да биде гонимо по службена должност.

Continue Reading

Македонија

Метео предупредување: Еве какво време попладнево ја очекува Македонија

Published

on

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, со повремени дождови, најмногу во попладневните часови. Локално се очекува појава на краткотрајни невремиња, со интензивен пороен дожд. За кратко време, на некои места може да паднат над 15 литри дожд по метар квадратен, а ќе има и грмежи и засилен ветер.

Како што информираше УХМР, максималната температура денес ќе се движи помеѓу 12 и 18 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд. Попладне, во делови од котлината се очекува нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

И во понеделник продолжува променливото и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за краткотрајни невремиња, со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде од 2 до 9 степени, додека максималната температура ќе се движи помеѓу 10 и 19 степени.

Continue Reading

Македонија

Малолетници принудувале врснички полово да ги задоволуваат, за што поседувале и снимки

Published

on

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го пријавила 37-годишна битолчанка во текот на вчерашниот ден во МВР.

„37- годишна жена од Битола пријавила дека двајца малолетници од Битола во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзина другарка полово да ги задоволуваат за што поседувале и видео материјал“, велат кусо од МВР.

Во консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк