Connect with us

Балкан

Нови фотки од ФАТАЛНАТА полицајка Хркаловиќ: Си го сменила името во “божица на мафијата”, а Беливук ја истетовирал до срцето

По неколкуте експлицитни фотографии од поранешната државна секретарка во српската полиција, Дијана Хркаловиќ, во медиумите се појавија и нови снимки од „фаталната полицајка“, кои покажуваат дека МВР го направила жариште на блуд и разврат.

Според соговорниците на „Објектив.рс“, таа состаноците во просториите на МВР ги одржувала многу пати со мамурлак и под дејство на опијати, но и несоодветно облечена за таква институција. Својот кабинет го претворила во фото студио во кое правела селфи фотографии во долна облека, кои ги испраќала на тогашниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, а потоа и до нејзините пријатели од криминалните кругови.

Како што шпекулираат српските медиуми, се претпоставува дека експлицитните фотографии на Хркаловиќ, која беше уапсена во петокот под сомнение дека прикрила докази за убиството на каратистот Властимир Милошевиќ кој бил убиен од Вељко Беливук, исто така се причина за убиство на познат белградски адвокат.

На првите објавени фотографии Хркаловиќ ги покажува танга гаќичките под панталоните, а во новите, таа го подигнува здолништето и ги фотографира нозете во чорапи. Од транскрипт на разговорот на убиениот адвокат Драгослав Мишо Огњановиќ со Драгослав Милорадовиќ Гале, кумот на лидерот на „земунскиот клан“ и еден од водачите на црногорскиот „шкаљрски“ клан, Лука Бојовиќ се спомуваат и фотографии на кои таа е во градник. Прислушуваниот разговор бил одржан на 17 мај 2018 година во белградско кафуле. Милорадовиќ беше убиен само 12 дена по разговорот, а Огњановиќ на 28 јули истата година.

Објектив објави уште поинтересни информации за поранешната државна секретарка, која неколку пати го менувала идентитетот. Во текот на 2019 година, околу еден месец откако го напуштила МВР, таа го сменила името во Ника Рина, што во слободен превод би значело „Божица на мафијата“. Имено, таа го зела името Ника по името на грчката божица на победата Ника, а презимето по еден од најголемите сицилијански мафијаши на сите времиња, Тото Рина.

Таа го користеше ова име во следните четири месеци, а на крајот на ноември 2019 година, таа го врати своето „старо“ лично име Дијана Хркаловиќ. Иако наскоро го врати старото име, Ника Рина остана запаметена во криминалното милје.

Интересно е што Беливук на градите има тетоважа на грчката божица Ника.

Како што објаснува поранешниот разузнавач на Државната безбедност, Божа Спасиќ, не постојат случајности меѓу криминалците, особено не каква што е коинциденцијата на тетоважата на Беливук и името што Дијана Хркаловиќ го избрала за себе.

– Ако некој го земе името на божицата од тетоважата на водачот на криминалниот клан, тогаш тоа јасно зборува за блискоста на тие двајца луѓе и дека нивната врска била многу посилна отколку што може да се замисли. Интересно е што тој како маж истетовирал божица, иако мажите многу ретко тетовираат женски симболи, што е исто така една од пораките за неговата директна врска со Хркаловиќ, со што јасно сакал да испрати порака до противниците колку е моќен и силен, објасни Спасиќ, кој смета дека се било многу синхронизирано за да се заплашат противниците.

Балкан

(ВИДЕО) Автомобил „полета“ над кружен тек – дијабетска криза ја предизвикала несреќата

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Романија кога возач на „мерцедес“ ја изгуби контролата врз автомобилот и буквално прелета над две возила на кружен тек.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи јасно се гледа дека автомобилот возел со голема брзина, ја пресекол кружницата и „полетал“ над другите возила пред да удри во столб на надзорна камера и да застане на зелена површина покрај блиска бензинска пумпа.

Возачот, 55-годишен маж, останал заробен во автомобилот, но спасувачите успеале да го извлечат. Тој претрпел само полесни повреди и е однесен во болница на контрола, без потреба од хоспитализација.

Тестовите покажале дека не консумирал алкохол или дрога, а причината за несреќата е дијабетска криза која го спречила да реагира додека возел.

Continue Reading

Балкан

Аеродромот Сараево без раководство: Судски мерки и истечени мандати го парализираа управувањето

Меѓународниот Аеродром Сараево од утрово се соочува со целосен управувачки застој, откако Врховниот суд на Федерацијата БиХ му забрани на в.д. директорот Санин Рамезиќ да ја извршува функцијата, а на извршните директори им истекоа мандатите на полноќ, пренесува Истрага.

Ситуацијата дополнително се усложни бидејќи тројца од петте членови на Надзорниот одбор добија забрана за вршење должност, што значи дека ова тело нема кворум и не може да свика седница ниту да назначи ново в.д. раководство.

Вчера, по предлог на специјалниот истражен тим ПОСКОК, Судот изрече забрани за Рамезиќ и членовите на Надзорниот одбор Бенјамин Мешак, Аднан Махмутовиќ и Жан Матиќ. Истовремено, Владата на ФБиХ донесе одлука со која даде претходна согласност за продолжување на мандатите на Рамезиќ и извршните директори Амадео Мандиќ и Слободан Кадијевиќ.

Но, забраната за Рамезиќ веднаш ја блокираше можноста тој повторно да биде именуван, а без кворум, Надзорниот одбор не може ниту формално да донесе одлука за продолжување на мандатите.

Според истрагата на ПОСКОК, постои основано сомнение дека Рамезиќ и тројца членови на Надзорниот одбор ја злоупотребиле службената положба за да извршат измени во Статутот на претпријатието со цел да му овоможат на Рамезиќ да стане постојан директор.

Комбинацијата од судски мерки, административни забрани и истечени мандати го оставија Аеродромот Сараево без легитимно раководство, со неизвесност како и кога ќе биде надмината институционалната блокада.

Continue Reading

Балкан

Полицијата запре „порше“ што се движело со 233 километри на час

За време на акцијата за засилена сообраќајна контрола, српската полиција пресретна 26-годишен возач М.В., кој управувал „порше“ со 233,2 километри на час на автопатот Белград – Нови Сад, во близина на Сурчин. На овој дел од патот максимално дозволената брзина изнесува 130 километри на час.

Министерството за внатрешни работи информира дека возачот е веднаш исклучен од сообраќај и против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Од МВР додаваат дека во изминатите четири дена, откако започна акцијата, сообраќајната полиција контролирала околу 40.000 возила и открила повеќе од 22.500 прекршоци, од кои 33 се класифицирани како насилно возење. Акцијата ќе продолжи до недела, 7 декември.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг