Connect with us

Македонија

Mлад Албанец за СДCM: Како може кога буквално се македонско продадоа да те сакаат тебе како Албанец

Published

on

Младиот студент на правниот факултет Умејр Муамеди ја ypниса цела кампања на СДCM со еден статус на социјалните мрежи.

Неговата логика произлегува од националните предавства кои СДСМ ги спроведе во изминатите неколку години прашувајќи како тоа ако СДСМ не го сака македонскиот народ, би го сакала албанскиот народ во Македонија.

-“СДСМ имале симпатија за Албанците додека ВМРО – ДПМНЕ ги мразеле Албанците” – реторика која се користи за привлекување гласови за Шилегов.

Многу е нелогично да веруваш дека СДСМ кои сами себеси не се сакаат, кои својот идентитет го продадоа, името на Државата го сменија, буквално све македонско продадоа да те сакаат тебе како Албанец.

#тесакамповекеодмене #какодане, пишува тој.

Open photo

Македонија

Дали Раде Трајковски – Штекли ќе го “преживее” и птавосудниот систем?

Published

on

Притвор за групата која во текот на вчерашниот ден беше приведена под сомнение за продажба и дистрибуција на дрога.

Обвинителството побара притвор за десетмина. Еден осомничените е веќе во притвор, а тројца не се достапни на органите на прогонот. Денеска од Кривичниот суд го потврдија барањето на обвинителите.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, донесе решенија со кои:

Предлогот за определување мерка притвор против : Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување на делото. Воедно, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, соопштија од Кривичниот суд.

Трајковски неколкупати беше поврзуван со сериозни криминални случаи.

Врз него два пати беше пукано, а во ноември беше фрлена и бомба во неговиот дом во Керамидница. Во 2023 година во период од два месеци беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, но успеа да преживее.

Continue Reading

Македонија

Учениците се вратија во училиниците – почна второто полугодие

Published

on

По тринеделен зимски распуст, учениците се враќаат во училиштата со што се означува почетокот на второто полугодие од учебната 2024/2025 година.

Учебната година ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за матурантите, кои ќе учат до 16 мај.

Оваа година нема да има пролетен распуст, бидејќи мнозинството наставници, родители и ученици се изјасниле против неговото воведување.

Министерката за образование, Весна Јаневска, на почетокот на полугодието им посака успех на учениците и наставниците и ја нагласи важноста на создавањето пријателска и безбедна училишна средина.

Continue Reading

Македонија

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во тв гостување неодамна, беше запрашан како се чувствувал кога го видел Сашо Мијалков со луксузно возило во Монте Карло.

„Што да ви кажам сега јас?“, рече тој, додавајќи дека се чувствувал како и секој македонски граѓанин разочарано. Погледнете тука што вели тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк