Connect with us

Инфо +

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите во македонската амбасада

Граѓаните на Македонија со престој во Германија преку отворено писмо апелираат за подобрување на услугите во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Германија.

Се жалат дека додека потребата за точни и брзи информации се зголемува, начинот на работење на дипломатско-конзуларни претставништва останува ист.

Услугите кои ги добиваме од нив ги оценуваме како недостојни и недоволни за нас. Овие услуги се на застарено ниво и не нудат флексибилна, ефикасна и достојна услуга за нашите граѓани во Германија. Два главни проблеми, поради кои се започнува оваа иницијатива, се постапката за продолжување на патна исправа и општата достапност на информации. Да се поднесе и добие пасош во нашата амбасада е скоро невозможно, односно е поврзано со долга и нејасна постапка. Затоа најчесто сме приморани да ја почнеме таа постапка во Македонија, дури и во време на пандемија и други непредвидливи бариери за прекугранично патување, пишуваат во писмото од иницијативниот одбор.

Овие патувања, додаваат, се поврзани со дополнителни финансиски оштетувања, а не секогаш и се возможни бидејки во земјата имаат работни обврски. Понатаму, се жалат, достапноста на информации е на едно поразително ниво.

Веб страните не се ажурираат редовно, телефонско советување е речиси невозможно, или зависи од непрофесионални службеници. Ниту пандемијата како вонредна состојба во целиот свет не смени ништо во начинот на информирање, иако тоа беше попотребно од било кога, велат нашинците кој престојуваат во Германија

Бараме и предлагаат мерки и подобрување на услугите:

1. Подобрување на информираноста на граѓаните. • Бараме формирање на дежурен центар, кој ќе работи 365 дена во годината и ќе биде квалитетно обучен и опремен да доставува информации на граѓаните за состојбата на границите, за нивните права, како и секакви информации за дипломатско-конзуларните претставништва. • Дежурниот центар може да е со седиште и во Македонија или во Германија, но да е достапен и на бесплатен или ниско тарифен германски фиксен телефонски број. • Дежурниот центар да е достапен на македонски како и на јазиците на националностите кои живеат во Македонија

2. Можност за поднесување на документи и добивање на патна исправа во ДКП • Опремување на ДКП исто како и секоја служба за патни исправи во Македонија • Електронски систем за закажување на термин за поднесување на документи за нова патна исправа или лична карта • електронско поднесување на барањето за обнова на документите • можност за фотографирање, исто како и во службите во С.Македонија • опремување на сите ДКП како би биле достапни за повекето грагани кои живеат на територијата на цела Германија • Така обработените барања да се праќаат веднаш до центарот за печатење во Македонија • Изготвените пасоши да се доставуваат во најбрзо време со дипломатска пошта, а министерството да склучи и договор со авиокомпаниите кои би ја доставувале поштата. • Готовите патни исправи да се доставуваат на граѓаните во Германија лично или преку куриерска служба со препорачана пошта до лицата кои со потпис и документ за идентификација ќе си ги добиваат на домашна адреса, како не би морале да патуваат два пати во ДКП. • За таа цел Амбасадата во Германија да склучи договор со една од куриерските служби кои ќе го извршуваат доставувањето • Времетраењето од поднесување на апликацијата до добивање на пасошот да не трае повеке од двојно на една пасошка служба во Македонија

3. формирање на заеднички совет (Мин. За Надворешни, ДКП,Иницијатива на граѓани) кој ќе ја следи и ќе дава препораки заподобрување на услугата на ДКП во Германија • формирање на заеднички совет кој ќе се состанува најмалку еднаш во шест месеци и ќе изготвува записник кој ќе се доставува до владата и министерството за надворешни работи • советот ќе има за цел да дава предлози за подобрување на услугата на ДКП кои ќе се доставуваат и имплементираат заедно со министерството за надворешни работи и ДКП во Германија. Барањата се наслонети на начинот на работење на многу амбасади во Германија, така што не се работи за нереални барања.

Веруваме дека со користење на достапната технологија и обучен, мотивиран кадар ќе се овозможи достоен сервис за нашите граѓани, велат од Иницијативниот одбор претставуван од Петар Наумовски.

Advertisement

Свет

Зеленски во божиќно обраќање: Украина се моли за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните во пресрет на Божиќ, порачувајќи дека Украинците и четврта година по ред, и покрај војната, остануваат обединети во одбраната на својата земја.

Тој нагласи дека Бадниковата вечер е симбол на заедништво и припадност, иако војната се обидува да им го одземе чувството на мир, дом и семејна топлина. Зеленски истакна дека токму тие вредности денес се бранат – земјата, семејствата и правото на живот во мир.

Претседателот призна дека Божиќ доаѓа во исклучително тежок период и дека не сите граѓани вечерва се дома, ниту сите имаат дом. Сепак, подвлече дека Украинците, без разлика дали се во Киев, Одеса, Закарпатија или во близина на фронтот, го одбележуваат празникот заедно, како едно семејство.

Во обраќањето се осврна и на новите масовни руски напади во пресрет на Божиќ, со дронови и ракети, нагласувајќи дека и покрај тоа Украина опстојува.

Зеленски рече дека се моли за украинските војници, за враќање на заробените, за загинатите и за сите протерани, како и за оние кои, и во најтешките околности, не ја изгубиле Украина во себе.

„Се бориме за мир, се молиме за мир и го заслужуваме“, порача Зеленски, честитајќи им Божиќ на граѓаните со зборовите: „Христос се роди! Да го славиме!“.

Continue Reading

Свет

Смртоносна експлозија во јужна Москва: Загинаа двајца полицајци и уште едно лице

Двајца сообраќајни полицајци и уште едно лице загинаа во експлозија на автомобил во јужниот дел на Москва, соопшти Истражниот комитет на Русија. Инцидентот се случил рано изутринава на улицата „Елецка“, кога полициските службеници се приближиле до лице кое го сметале за сомнително.

Според официјалните информации, во моментот на интервенцијата била активирана експлозивна направа, по што следела силна детонација. Местото веднаш било обезбедено, а истражните служби започнале со преглед на снимки од надзорните камери и собирање докази.

Снимки прикажани на руските медиуми покажаа оградена зона со засилено полициско присуство, додека сведоци изјавиле дека експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време.

Инцидентот доаѓа само неколку дена по убиството на висок руски воен функционер, генерал-потполковник Фанил Сарваров, кој загина кога бомба експлодираше под неговиот автомобил во друг дел од јужна Москва. Руските истражители тој настан го окарактеризираа како можен атентат.

Руски претставници и воени коментатори веќе повикаа на остра реакција, оценувајќи дека станува збор за трет сериозен бомбашки напад во Москва во изминатата година поврзан со безбедносни цели.

Continue Reading

Свет

Проруска хакерска група ја презеде одговорноста за нападот врз Француската пошта

Проруската хакерска група „Нонејм057“ (Noname057) ја презеде одговорноста за кибернападот врз Француската пошта, кој пред два дена го парализираше работењето на централните компјутерски системи. Нападот од типот ДДоС (DDoS) доведе до откажување на сите испораки на пакети и писма, како и прекин на онлајн банкарските плаќања.

Групата „Нонејм057“ е обвинета и за други напади во Европа, меѓу кои и нападот врз Самитот на НАТО во Холандија, кој се одржа во јуни оваа година.

Франција и нејзините европски сојузници го поврзуваат ваквото дејствување со т.н. хибридна војна на Русија, насочена кон создавање поделби во западните општества и поткопување на поддршката за Украина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг