Connect with us

Балкан

Во Србија ВИБЕР ГРУПА со ЛЕКАРИ-АНТИВАКСЕРИ: Може да им бидат одземени лиценците

Д-р Бојко Бјелаковиќ, педијатар од Ниш, кој до неодамна беше еден од администраторите на бизарната и опасна вибер група „LRNE – Ivermectin Recommendations“, која промовира употреба на антипаразитски лек „Ивермектин“, регистриран во Србија само за употреба во ветеринарството, по текстот објавен во Блиц, реагираше со закана за тужба, но и со оправдување дека не учествувал во активностите на групата, дека не делел совети, како и дека не може да ја напушти групата, и дека некој го „вметнал“.

Имено, откако професорот Бјелаковиќ се нашол во споменатата група, „Блиц“ стапил во контакт и со неговата колешка д-р Валентина Арсиќ Арсенијевиќ од Медицинскиот факултет во Белград и со него, за да провери дали и двајцата навистина се членови на споменатата група, и дали тие ги поддржуваат тврдењата изнесени во групата

Додека д-р Арсиќ Арсенијевиќ во одговор на „Блиц“ во моментов го потврди својот ангажман во една од најопасните вибер-заедници во Србија, д-р Бјелаковиќ ниту го потврдил ниту го демантираше членството.

Д-р Бјелаковиќ само изјавил дека. дека некој го „вметнал“ во споменатата група“, дека“ не можел да излезе „и дека можеби намерно останал во групата“ за да види што „лупаат“ нејзините членови“. Од која причина, не знаеме.

-Ме стави некој, не знам во колку групи припаѓам. Не можете да излезете од некои групи. Не учествував во ништо, зошто некој би ми забранил да гледам? Забрането е да се биде член на групата. Дали сме демократско општество – рече меѓу другото д-р Бјелаковиќ.

Инаку, случајот со Вибер групата која промовира антиваксерство, а во неа членуваат еминетни лекари и професори на медицинскиот факултет се истражува и доколку некој лекар навистина сподели таков совет може да ја изгуби лиценцата. Од УКЦ Ниш, за Блиц рс изјавија дека доколку се утврдат ангажманот и активностите на д-р Бјелаковиќ во таква група, тој ќе биде суспендиран, а од Медицинскиот факултет за „Блиц“ велат дека ќе побараат негово писмено објаснување.

Д-р Бјелаковиќ, заедно со д-р Арсиќ Арсенијевиќ и други, е член на организацијата „Лекари и родители за Баука и етика“, која на својата веб-страница, меѓу другото, го промовира лекот „Ивермектин“ за третман на корона вирусот иако во Србија лекот е одобрен само за животинска употреба. Д-р Бјелаковиќ е член на таканаречениот „педијатриски тим“ во рамките на оваа организација. Покрај тоа, овој лекар е еден од потписниците на петицијата против вакцинација на деца со вакцини против Ковид 19, иако во Србија е одобрена вакцинација на деца на возраст од 12 години со пет вакцини против ковид, а вакцинацијата со овие вакцини се очекува наскоро по примерот на западните земји, одобрен за деца од 5 години.

Фактор

Балкан

Во воздухот над Црното Море, Турција уништи неидентификуван дрон

Во екот на зовриените регионални тензии, турските воздухопловни сили демонстрираа одлучност откако соборија неидентификувано беспилотно летало кое се заканувало да го повреди воздушниот простор на земјата над Црното Море. Министерството за одбрана на Турција потврди дека „леталото надвор од контрола“ било навремено лоцирано и елиминирано пред да предизвика посериозен инцидент.

Веднаш по детекцијата на непознатиот објект, воениот аларм ги подигна елитните ловци Ф-16, кои со хируршка прецизност го пресретнаа дронот. За да се спречат колатерални штети, операцијата беше изведена над безбедна локација, далеку од населени места. Иако властите во Анкара остануваат воздржани во однос на точната локација и тајмингот, пораката е јасна: турското небо е под постојан мониторинг.

Овој инцидент не е изолиран случај, туку рефлексија на опасната игра што се одвива во близина на турските брегови. Настанот доаѓа како директна последица на украинските напади. На 28 ноември и 2 декември, поморски дронови ги таргетираа руските танкери од т.н. „флота во сенка“. Еден од нападите се случи додека бродот пловел кон стратешкото турско пристаниште Синоп.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати жестоки критики кон овие воени маневри, дефинирајќи ги како директен атак врз безбедноста на пловидбата. Според него, ваквите акции не само што ги загрозуваат човечките животи, туку претставуваат и „еколошка темпирана бомба“ за Црното Море.

Додека војната во Украина се заканува со нова, неконтролирана ескалација, Турција со овој потег испрати сигнал дека нема да дозволи воените дејствија да се прелеат врз нејзината суверена територија.

Continue Reading

Балкан

Вечерва Парламентот одлучува: Јавниот сектор во Грција стапува во 24-часовен штрајк против буџетот

grcki parlament

Додека грчките пратеници се подготвуваат вечерва да го притиснат копчето „за“ или „против“ државната каса за 2026 година, улиците на Атина веќе го дадоа својот глас. Со силен револт и парализирана администрација, синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) утрово ја „заклучи“ земјата со 24-часовен штрајк, испраќајќи јасна порака до владата на Кирјакос Мицотакис: овој буџет не е наш.

За синдикалците, новиот буџет е „антиграѓански декрет“ кој го стега обрачот околу работниците со нови даночни товари, додека истовремено „сервира“ привилегии за крупниот капитал. Овој пат, гневот на државните службеници се слеа во едно со маката на земјоделците, создавајќи обединет фронт против економските политики на Атина.

Во штрајкувачкиот бран учествуваат и од образовниот кадар (наставници и професори), медицинските работници од државните болници и од локалната самоуправа и градоначалниците, кои стравуваат за опстанокот на општините.

Додека пред зградата на Парламентот се најавуваат масовни протести под покровителство на АДЕДИ и комунистичкиот синдикат ПАМЕ, внатре во собраниската сала атмосферата е наелектризирана. Вечерашното гласање е многу повеќе од обична процедура – тоа е традиционален тест за доверба на владата.

Иако опозицијата жестоко го критикува планот, се очекува владејачката Нова демократија, со своето стабилно мнозинство, сама да го „протурка“ буџетот.

Од другата страна на барикадите, премиерот Мицотакис црта поинаква слика. Тој буџетот го нарекува „реформски патоказ“ кој треба да ја трансформира земјата. Неговите проекции се оптимистични: раст од 2,4% на БДП, соборување на невработеноста на 8,6% и скротување на инфлацијата до 2,2%.

„Ова не е само план за 2026 година, туку нашата национална стратегија до 2030 година. Градиме земја која е непрепознатлива во споредба со онаа што ја затекнавме,“ порача Мицотакис, ветувајќи поддршка за средната класа и семејствата.

Дали овие бројки ќе значат подобар живот за Грците или само нов статистички успех на хартија, ќе покаже времето. Но, судејќи по денешната слика од атинските улици, патот до таа „нова Грција“ ќе биде поплочен со сериозен социјален отпор.

Continue Reading

Балкан

Пропаѓа планот за Трамп хотел – Кушнер се откажал од проектот во Србија

Спектакуларните најави за нов „Трамп хотел“ во срцето на Белград денеска доживеаја фијаско. По серијата граѓански протести и сериозниот правен земјотрес што ја потресе српската влада, Џаред Кушнер официјално стави точка на амбициозниот план за изградба на комплексот на местото на Генералштабот.

Одлуката на Кушнер доаѓа само неколку часа откако српското Обвинителство за организиран криминал повлече радикален потег — поднесување обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ и тројца други високи функционери.

Портпаролот на инвестициската фирма на Кушнер, „Афинити партнерс“, во изјава за Волстрит журнал го потврди повлекувањето, обидувајќи се да го зачува угледот на компанијата:

„Бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат, и од почит кон народот на Србија и градот Белград, ја повлекуваме нашата апликација и се повлекуваме во овој момент.“

Во центарот на корупцискиот скандал е обидот на државниот врх незаконски да му го одземе статусот на „културно добро“ на разурнатиот Генералштаб за да се ослободи простор за американските милиони. Обвинителството тврди дека биле сторени две тешки кривични дела: злоупотреба на службената положба и фалсификување службена исправа

Покрај Селаковиќ, обвинети се и клучните луѓе на институциите за заштита на спомениците, Горан Васиќ и Александар Ивановиќ, како и секретарката Славица Јелача.

Овој случај прерасна во директна војна на релација Влада – Обвинителство. Селаковиќ, по неговото сослушување на 4 декември, не штедеше зборови за да ги нападне истражните органи. Во изјава која ја згрози правната јавност, тој обвинителството го нарече „автоимуна болест на општеството“ и „блокирачка криминална банда која узурпирала дел од државниот систем“

И покрај жестокиот притисок и реториката на министерот, правната разврска и притисокот од јавноста на крајот го натераа зетот на Доналд Трамп да сфати дека белградскиот проект стана „премногу жесток компир“ за неговото портфолио.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг