Connect with us

Македонија

Теута Арифи изгуби во своето маало

ДУИ изгуби во најголемите населби на Тетово. Иако ДУИ како дел од централната и локалната власт, има голем број функционери, сепак не успеаја да ги задржат гласовите дури и во населбите каде што живеат тие, објави „ТВ21“.

Теута Арифи која живее во иста населба со Фатмир и Фљорим Бесими, директорот на ЈКП Тетово, Туши Дервиши, изгуби во населбата Горна Чаршија каде живее и Биљал Касами.

Беса освои 688 гласа а ДУИ 644.

Најголем пораз ДУИ претрпе во Џепчиште место каде што живее и директорот на Држани патишта, Ејуп Рустеми.

Џепчиште:

Биљал Касами – 1019 гласа

Теута Арифи – 843 гласа

Во населбата Центар, ДУИ има неколку свои функционери меѓу кои и самиот шеф на кабинетотна Теута Арифи, Арменд Фазлиу , каде изгуби со 2:1.

Населба Центар:

2256 гласа за Биљал Касами

1132 гласа за Теута Арифи

Длабок пораз Интегративците претрпеа и во Мала Речица каде живеат тројца директори од редовите на ДУИ. Адем Авзиу, директор на Елем Турс , Ремзи Абдулаху, зам. Директор на Платежната агенција како и директорот на Радиодифузија Фестим Халили.

Беса 2048 гласа

ДУИ 1650 гласа

ДУИ изгуби и во населбата Теќе каде живее директорот на ФЗО, Фатон Ахмети воедно и шеф на на ИШ во Тетово.

Беса 1171 гласа

ДУИ 842 гласа

Поразителни резултати ДУИ има и во Порој каде живее директорот на тетовското претпријатије за земја и патишта, Арсим Нуредини и Илбер Алији, раководител на Здравствениот фонд во Тетово.

Беса 869 гласа

ДУИ 551 гласа

Една од најголемите населби во Тетово е населбата „Тетекс 1“ каде поминува булеварот Благоја Тоска. Тука живее директорот на градски паркинг, Садат Алили, а и во оваа населба ДУИ доживеа пораз.

Беса 1514 гласа

ДУИ 878 гласа

Advertisement

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Андоновски најави: Доаѓа единствениот електронски идентификациски број за сите граѓани

Иако технолошката основа постои, македонските институции функционираат како „засебни острови“ и го кочат дигиталниот развој на државата, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје. На годишната конференција на Американската стопанска комора, тој отворено ја критикуваше администрацијата и најави радикални мерки за искористување на заспаниот потенцијал на Платформата за интероперабилност.

„Не се доволни 2,6 милиони трансакции месечно на оваа платформа, може и мора да има десет пати повеќе“, беше јасен Андоновски. И покрај огромниот раст од 274% во ноември 2024 година во споредба со просекот, министерот смета дека тоа е само почеток. Проблемот не е во ИТ-то, туку во менталитетот и однесувањето на институциите.

„Вчера од еден од покрупните директори слушнав ваква констатација – тоа е мој податок што го прибирам по мои закони и немам зошто да го споделувам со друга институција од друг сектор. Проблемот е системски во размислувањето на администрацијата.“

Во насока на поврзување на податоците и заштита на граѓаните, Андоновски откри дека вчера Владата ги прифатила измените на Законот за Централен регистар на население, со што се воведува единствен електронски број на граѓанинот.

Овој број ќе биде анонимизиран матичен број. Ќе биде реплициран и во единствениот даночен број за граѓаните. Целта е да се поврзат податоците за секој граѓанин без да се загрози неговата приватност.

Иако Платформата за интероперабилност е задолжителна за сите 400 државни институции, досега се приклучени само 78. Министерот вели дека ова мора да се промени.

За првпат, со законски измени се воведува инспекциски надзор и се формира сектор за контрола. Конечно се предвидени казни и санкции за институциите кои одбиваат да се приклучат и да разменуваат податоци. Се очекува наскоро да се приклучат и коморите на нотарите, извршителите и адвокатите, како и приватните компании, кои сè уште се само десетина.

Андоновски истакна дека Македонија, за разлика од многу други држави, веќе ја има технолошката основа за комуникација меѓу институциите. „Има и поразвиени држави од нас кои ја немаат оваа платформа и за секоја услуга развиваат билатерални врски една со друга институција. Тоа кај нас е олеснето“, рече тој.

Министерството веќе работи на инсталирање на набавената нова хардверска инфраструктура за забрзување на размената и зголемување на безбедноста.

„Секоја нова електронска услуга нема да ја поддржуваме сè додека нема информација дека ја користи платформата во вистинска смисла.“

Најавени се и активности за дигитализација и приклучување на клучни регистри како Регистарот за адреси и новиот Интегриран информациски систем за управување со финансии (ИФМИС) во Министерството за финансии.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска: Јавниот обвинител треба да биде отпорен на политички влијанија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека јавниот обвинител треба да биде бескомпромисен во почитувањето на законот, заколнат борец за владеење на правото и отпорен на партиски и политички влијанија, нагласувајќи дека тоа е клучно за успешни судски реформи.

Сиљановска Давкова коментираше и за последната одлука на Владата за продолжување на постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, потсетувајќи дека постојат јасни законски процедури за избор и разрешување на обвинител. Таа нагласи дека целосната транспарентност и професионалност во работењето на обвинителите е неопходна за намалување на корупцијата и криминалот, кои се глобален проблем според последниот Евробарометар.

Претседателката оцени дека законските измени што Владата ги испрати на Венецијанската комисија претставуваат значаен чекор кон подобро регрутирање и функционирање на Судскиот совет и судскиот систем, со цел да се зајакне владеењето на правото и транспарентноста во правосудството.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг