Connect with us

Свет

Лaжеле дека Ердоган е мpтов: Повeдена постапка пpoтив 30 лица што ја пренесоа веста дека Ердоган пoчинaл

Published

on

Турските власти поведоа правна постапка против 30 лица поради објавата на „Твитер“ дека претседателот Реџеп Таип Ердоган наводно починал.

Во соопштението од полицијата се вели дека осомничените се под истрага поради објавите.

Тие би можеле да бидат обвинети за наводно ширење дезинформации и манипулативна содржина, како и за навреда на Ердоган, пренесуваат агенциите.

Твитовите, како што пишуваат медиумите во светот, следувале по зголемените шпекулации за здравјето на Ердоган и неодамнешното видео на кое било прикажано како турскиот претседател се движи непредвидливо и тешко.

Свет

Канада му одговори на Трамп: „Ќе ви ја исклучиме струјата“

Published

on

Иако претседателот Доналд Трамп одложи голем дел – но не и сите – од царините што ги воведе за Канада и Мексико, тоа не ги спречи северните соседи на Америка да одговорат со одмазднички мерки.

Премиерот на канадската држава Онтарио, Даг Форд, на прес-конференција изјави дека ќе воведе дополнителна такса од 25% на извозот на електрична енергија кон три американски држави почнувајќи од понеделник, предупредувајќи дека Канада целосно ќе го прекине снабдувањето со струја ако САД воведат нови царини на канадските производи.

„Ако САД претераат, нема да се двоумам целосно да ја исклучам струјата“, изјави Форд. „Верувајте ми, не сакам да го направам ова. Се чувствувам ужасно за американскиот народ, затоа што не се тие виновни за овој трговски конфликт. Одговорна е една личност – претседателот Трамп.“

Форд истакна дека новата такса ќе ги чини американските семејства и бизниси во Њујорк, Минесота и Мичиген дополнителни 100 долари месечно на нивните сметки.

Но, овој потег би можел да ѝ наштети и на канадската енергетска индустрија. Канада, која е многу позависна од американскиот извоз отколку што САД зависат од канадската стока, ризикува да западне во рецесија доколку трговската војна ескалира.

Форд предупреди дека би можел дополнително да го зголеми надоместокот од 25% ако американските царини продолжат да растат. Трамп, пак, се закани дека ќе воведе царини за канадските млечни производи и дрвенарија, воспоставувајќи принцип на реципрочни мерки – долар за долар.

Continue Reading

Свет

Блумберг: Путин поставува максималистички барања до Украина и е подготвен да продолжи со војната

Published

on

Рускиот претседател Владимир Путин нема намера за отстапки во најавените преговори за прекин на воените дејствија во Украина, јави денеска Блумберг повикувајќи сè на претставници на западни разузнавачки служби. Тој не е подготвен за компромис што се однесува на окупираните територии, неутралниот статус на Украина или присуство на западни мировни сили.

Путин однапред поставува максималистички барања во можните преговори за прекин на војната за кои знае дека најверојатно нема да бидат прифатливи за Украинците и Европејците, изјавиле претставниците. Според нив, тој е подготвен да продолжи да се бори додека не ги постигне своите цели.

Според проценки на повеќе западни функционери, Путин не гледа стимул да се откаже од жестоката позиција.

Истовремено, Доналд Трамп продолжува со изјавите дека е неопходно да се стави крај на војната и неговата администрација бара отстапки само од Киев, што предизвика запирање на воената помош и размената на разузнавачки информации.

-Искрено, потешко ми е да се справувам со Украина, изјави Трамп неодамна. Од друга страна, Вашингтон ретко ѝ се заканува на Москва со дополнителни санкции или царини – што се бесмислени во услови на речиси прекината трговија меѓу Русија и САД.

Во оваа ситуација, постои ризик Владимир Зеленски да биде обвинет дека е неподготвен да прифати договор според условите што му се наметнуваат, а борбените дејствија да продолжат со поддршка од европските земји, пишува Блумберг.

Од Путин побараните услови за почеток на преговори за мир вклучуваат повлекување на украинската армија од неокупираните делови на Луганска, Донецка, Запорожска и Херсонскт област. Покрај тоа, Кремљ досега повеќепати истакна дека не прифаќа присуство на европски мировни сили во Украина, односно од земји кои се членки на НАТО, дури и да се стигне до мировен договор.

Москва е подготвена да разгледа привремено примирје само доколку ѝ биде дозволено да го одреди составот и условите за присуство на мировниот контингент, според извештај на Блумберг минатата недела во кој се цитираат лица блиски до рускиот врв. За да се постигне договор за прекин на воените дејствија, неопходно е и јасно разбирање на основните принципи кој ќе бидат вклучени во конечниот мировен договор, изјавија две лица запознати со ситуацијата.

Continue Reading

Свет

Трамп: Ќе го поканам Зеленски во Белата куќа

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на одлуката на Украина да го прифати предлогот за 30-дневен прекин на огнот.

Одговарајќи на новинарски прашања пред Белата куќа, тој соопшти дека претставници на САД ќе се состанат со Русија подоцна денеска или утре, пренесува Скај Њуз.

Трамп, исто така, потврди дека ќе го покани Володимир Зеленски повторно во Белата куќа, додавајќи: „Сакаме да ставиме крај на војната во Украина“. ссм/фото: ДПА .

Извор: МИА

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк