Connect with us

Спорт

25.000 навивачи на трибините, Алиоски со гол за водство на Македонија

Published

on

Македонија го игра мечот со Исланд во последното коло од квалификациите и бара победа за пласман во баражот што ќе биде историски успех.

Интересот е огромен, па стадионот по долго време е полн. Околу 25.000 навивачи на трибините навиваат за Македонија.

Македонија уште во седмата минута од натпреварот го отвори резултатот против Исланд, по една супер асистенција од Трајковски, Алиоски ја закова топката во мрежата на Олафсон за водство од 1-0.

Спорт

ФФМ со жестока казна за Шкендија – навивачите во шок!

Published

on

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. 

Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.

Continue Reading

Спорт

Верстапен ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Јапонија

Published

on

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го освои првото место во квалификациите за Големата награда на Јапонија.

Дваесет и седумгодишниот пилот оствари резултат 1:26.983. Пилотот на Мекларен Ландо Норис (+0,012) беше втор, а Оскар Пјастри од Мекларен (+0,044) ја комплетираше првата тројка.

Трката за ГН на Јапонија ќе се вози утре во Сузука со почеток во 7 часот по македонско време. 

Од 4-10 позиција се пласираа: Шарл Леклер (Ферари), Џорџ Расел (Мерцедес), Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Исак Ајар (Рејсинг Булс), Луис Хамилтон (Ферари), Алекс Албон (Вилијамс) и Оливер Берман (Хаас).

Continue Reading

Спорт

Реал Мадрид се спаси, но Мбапе и Рудигер ќе мора да платат огромни казни

Published

on

Килијан Мбапе и Антонио Рудигер од Реал Мадрид се казнети поради недолично однесување по победата над Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, со еден натпревар забрана за играње, но условно на една година, па така ќе можат да играат против Арсенал во четвртфиналето.

Рудигер е казнет со 40.000 евра, додека Мбапе е казнет со 30.000 евра. Сепак, нивните суспензии од еден натпревар нема да се извршат веднаш и подлежат на рок од една година, изјави УЕФА во петокот.

УЕФА отвори истрага за можно прекршување на дисциплинските правила против двајцата, како и против Дани Себаљос и Винициус Џуниор, по исфрлањето на Атлетико од страна на Реал Мадрид во дербито на пенали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк