Connect with us

Македонија

Колку ќе поскапи струјата по Нова година?

Published

on

Владата со инјекција од 65 милиони евра на контото на ЕСМ ќе го амортизира ударот од енергетската криза, потврдува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Овие средства се од годинашниот буџет и со нив ќе се обезбедуваат дополнителни количевства на електрична енергија, вклучително и балансна енергија,

-Веќе е прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија и се преземаат мерки и активноси насочени кон обезбедување дополнителни количини електрична енергија, вклучително и балансна енергија и резерва на активната можност согласно утврдената кризна состојба, вели Бесими за МИА.

Македонија

Приведен грчки државјанин на Табановце, погледнете што пронашла полицијата во неговото возило

Published

on

Приведен грчки државјанин на Граничен премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства.

На 24.04.2025 околу 23.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.К.(29) од Република Грција затоа што при гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Пристигна биолошката терапија – пациентите ќе бидат информирани кога да ја примат

Published

on

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во текот на денот е пристигната биолошката терапија по новата јавна набавка, потврдуваат за МИА од оваа јавна здравствена установа.

– Пациентите благовремено ќе бидат известени од страна на персоналот на УК за радиотерапија и онкологија за кога да дојдат за апликација на терапијата и/или за подигање на таблетарната терапија, појаснуваат од клиниката.

Додаваат дека во текот на денот и сукцесивно во текот на наредната недела ќе се дистрибуираат сите лекови.

Од клиниката одговорија потврдно на нашето прашање дали веќе ги имаат сите лекови што недостасуваа.

Continue Reading

Македонија

Судот го одобри обвинението: Се чека термин за судење на Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова

Published

on

Кривичниот суд соопшти дека е одобрено обвинението против Васил Јованов кој на 29 јануари ја усмрти младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански Одреди“.

Советот за оценка на обвинителниот акт, го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, поврзан со сообраќајката од јануари 2025 – та година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која животот го загуби 22 – годишната Ф.К., информираат од Кривичниот суд.

Со одобрениот обвинителен акт, формиран е кривичен предмет со К.бр. 780/25 кој ќе биде ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС – системот.

ByОд Судот додаваат дека кога ќе биде насрочен термин за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк