Connect with us

Балкан

Вучиќ со ИТНА МЕРКА 2,500 ЕВРА ЗА ПРВО ДЕТЕ

Имајќи го предвид фактот дека исчезнуваме како нација дека нè има сè помалку, податоците покажуваат дека ни требаат 2,15 за репродукција, рече српскиот претседател Александар Вучиќ при денешното обраќање.

„Тоа е многу сложен проблем. Со децении размислувате за тоа. Без разлика што е донесен буџетот, од 1 јануари државата ќе плаќа по 300.000 динари (околу 2.500 евра) за секое првородено дете. Сите во Србија ќе добијат повеќе од 4.000 евра.Сакаме да ги поттикнеме раѓањата“, рече тој.

Што се однесува до второто и третото дете, значително зголемување ќе има особено за второто дете.

„Овие мерки ќе бидат драстично зголемени во финансиска и во која било друга смисла. Мерките за првороденото дете се брзи, особено за сиромашните. Мерките за второто дете ќе се знаат за околу 15 дена. Измената на Законот за семејство конкретно ќе регулирање на прашањето за учениците кои сакаат да ги исполнат своите родителски потреби“, рече претседателот на Србија.

Тој изјави дека се воведуваат мерки со цел да се стимулира породувањето кај студентите. Доколку девојка забремени, роковите за испит нема да важат за неа, ниту за машките родители. Посочи дека ќе се воведат рокови тие студенти да го завршат факултетот до 26 години, односно Медицинскиот факултет до 28 години и дека ќе се водат како навреме да завршиле.

„Две мерки од 300.000 динари за студенти, тоа ќе го направиме во следниот месец“, објасни тој.

„Само мерката за првородено дете, зголемувањето е за 5,7 милијарди динари повеќе само за тоа“, изјави претседателот.

Како што истакна, најважната мерка се однесува на мајката, за да нема злоупотреба, а тоа се станови и помош што државата ќе им ги даде на брачните парови, каде што правото на сопственост ќе оди кај мајката.

„Со тоа сакаме да ги мотивираме младите порано да ги напуштат домовите и становите на родителите, бидејќи имаме толку мали шанси да основаме семејство. Тоа ќе ја поттикне изградбата на станови, но и паровите кои сакаат да станат родители. Тоа се 20.000 евра подароци од државата“, истакна Вучиќ.

Извор: Вечер МК

Балкан

Аеродромот Сараево без раководство: Судски мерки и истечени мандати го парализираа управувањето

Меѓународниот Аеродром Сараево од утрово се соочува со целосен управувачки застој, откако Врховниот суд на Федерацијата БиХ му забрани на в.д. директорот Санин Рамезиќ да ја извршува функцијата, а на извршните директори им истекоа мандатите на полноќ, пренесува Истрага.

Ситуацијата дополнително се усложни бидејќи тројца од петте членови на Надзорниот одбор добија забрана за вршење должност, што значи дека ова тело нема кворум и не може да свика седница ниту да назначи ново в.д. раководство.

Вчера, по предлог на специјалниот истражен тим ПОСКОК, Судот изрече забрани за Рамезиќ и членовите на Надзорниот одбор Бенјамин Мешак, Аднан Махмутовиќ и Жан Матиќ. Истовремено, Владата на ФБиХ донесе одлука со која даде претходна согласност за продолжување на мандатите на Рамезиќ и извршните директори Амадео Мандиќ и Слободан Кадијевиќ.

Но, забраната за Рамезиќ веднаш ја блокираше можноста тој повторно да биде именуван, а без кворум, Надзорниот одбор не може ниту формално да донесе одлука за продолжување на мандатите.

Според истрагата на ПОСКОК, постои основано сомнение дека Рамезиќ и тројца членови на Надзорниот одбор ја злоупотребиле службената положба за да извршат измени во Статутот на претпријатието со цел да му овоможат на Рамезиќ да стане постојан директор.

Комбинацијата од судски мерки, административни забрани и истечени мандати го оставија Аеродромот Сараево без легитимно раководство, со неизвесност како и кога ќе биде надмината институционалната блокада.

Continue Reading

Балкан

Полицијата запре „порше“ што се движело со 233 километри на час

За време на акцијата за засилена сообраќајна контрола, српската полиција пресретна 26-годишен возач М.В., кој управувал „порше“ со 233,2 километри на час на автопатот Белград – Нови Сад, во близина на Сурчин. На овој дел од патот максимално дозволената брзина изнесува 130 километри на час.

Министерството за внатрешни работи информира дека возачот е веднаш исклучен од сообраќај и против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Од МВР додаваат дека во изминатите четири дена, откако започна акцијата, сообраќајната полиција контролирала околу 40.000 возила и открила повеќе од 22.500 прекршоци, од кои 33 се класифицирани како насилно возење. Акцијата ќе продолжи до недела, 7 декември.

Continue Reading

Балкан

Евзони денеска со блокади – внимателно планирајте го патувањето кон Грција

Граничниот премин Евзони денеска ќе биде затворен за сите видови сообраќај во два временски периода – од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 22:00 часот – поради протест, информира АМСМ. Во овој интервал нема да биде возможен ниту влез ниту излез од Грција.

Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по делумно влажни коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини се бележат умерени задржувања: на „Дојран“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на „Табановце“ задржувањата достигнуваат до 40 минути. На останатите премини од македонска страна нема подолги чекања.

Патниците се повикуваат да го приспособат времето на патување согласно блокадите и актуелните состојби на граничните премини.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг