Connect with us

Македонија

Ништо од оставkата – Заев останува премиер, оставkата ќе ја активира дури откако ќе види како ќе одат преговорите со Бугарија

Published

on

Прво да завршат преговорите со Алтернатива, да се види како ќе одат преговорите со Бугарија, па дури тогаш премиерот Заев би ја активирал оставката. Ова тој вечерва го изјави за ТВ Телма.

„Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство да се влезе во Парламентот со постапка за избор на влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија. Една од најзначајните причини поради која Алтернатива би влегла во влада е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почеток на преговорите со ЕУ“, вели Заев.

После вчерашната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби од ДУИ, денеска и неговиот сопартиец министерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел Заев да остане на премиерската функција , да не се загрозат евроинтегративните процеси и државата да не влезе во нови проблеми.

Од друга страна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара од Заев, по поднесената оставка во партијата, да поднесе оставка и во Владата.

Македонија

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО УАПСИ РАДЕ ШТЕКЛИ Лисици и за повеќе членови на неговата група

Published

on

Македонската полиција денеска (сабота 18 јануари) во попладневните часови во близина на хотел во околината на Гевгелија го уапси наркобосот Раде Трајковски-Штекли. Уапсен е при обид за бегство.

Тој се сомничи за трговија на дрога. Тој предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група. Оваа акција на МВР уследува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца.

Штекли е познат по пресметките со нарко картелите и се поврзува со низа кривични дела. Тој во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Долго време не беше точно позната локацијата на Штекли. На 10 декември минатата година на социјалните мрежи Штекли објави фотографија од богата трпеза за која тврди дека е во Белград. Тогаш се шпекулираше дека тој се наоѓа на краток престој во Србија.

Лани на 14 ноември во дворот на куќата на Шеткли во скопската населба Керамидница беше фрлена бомба. Штекли се здоби со повреди и беше итно пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“. Снимка од детонацијата се појави на социјалните мрежи. Се претпоставува дека направата била активирана со далечински управувач.

Во декември 2023 година обвинителство покрена истрага за автосалонт од Кочани и 18 лица кои криумчареле крадени луксузни возила. Меѓу нив беше и сопругата на Шеткли, српска државјанка со престој во Македонија.

Во 2011 година тој беше уапсен во Грција како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за случајот. 

Continue Reading

Македонија

Касами почна со рушење на дивоградбите во Тетово

Published

on

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, најави засилени инспекциски активности за ослободување на узурпираните јавни простори. Тој нагласи дека Тетово не е приватна сопственост, туку заеднички дом за сите граѓани, повикувајќи на одговорност и грижа за редот и безбедноста во градот.

Видео: https://www.facebook.com/share/v/1BVFW1vbYp/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Македонија

Истрага за обид за разбојништво

Published

on

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, сторено согласно член 19 (во обид), како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата “Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото.

Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено.

При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк