Connect with us

Балкан

Бугарски европратеник: Во Бугарија НЕМА МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО

Published

on

Бугарскиот пратеник од поранешната владејачка партија ГЕРБ, Емил Радев, со провокативни изјави апелираше до колегите од Европскиот парламент да не се обидуваат да ја промовираат темата за постоењето на македонското малцинство во Бугарија. Како што вели тој, во неговата земја нема македонско малцинство.

-Во Бугарија нема македонско малцинство и тоа е став околу кој не треба да се дозволуваат компромиси. Очекувам дека јас и моите бугарски колеги во ЕП едногласно да го браниме тој став, без разлика на нашите политички убедувања и разлики. Поигрувањето со темата, која си ја дозволува екстремната левица на популисти како ирската пратеничка Клер Дејли, во најмала рака е во спротивност со вистината и во суштина претставува неправеден и пристрасен напад против нашата земја, посочил бугарскиот политичар, а објави сајтот „Епицентар“.

Балкан

Црвен аларм: Грција зафатена од огромни поплави, водата носи се пред себе (ВИДЕО)

Published

on

Грчките острови Киклади се соочуваат со екстремни временски услови, а токму поради тоа е прогласен црвен аларм кој ќе важи до утре наутро, соопштија од владата.

На грчкиот остров Парос е воведена целосна забрана за сообраќај, како што пишува и изданието „Катимерини“. Властите во Грција активираа итна тревога преку системот за итни пораки 112 и предупредија жителите да не патуваат. За време на забраната, на патиштата смеат да се движат само возила за итни случаи.

Видео од село Науса на островот покажува како автомобилите и корпите за ѓубре се расфрлани на улиците, кои се поплавени од силните поројни дождови.

Силното невреме, со обилни врнежи и грмежи, ќе се интензивира во источниот дел на земјата и најмногу ќе ги погоди островите во Егејското Море. Властите ги повикаа сите да останат дома и да бидат внимателни додека невремето продолжува.

Се очекуваат обилни дождови и поплави во Атика, Тесалија и Евија во вторник, а невремето ќе ги зафати и островите во источниот дел на Егејското Море, вклучувајќи ги Самос, Икарија и Хиос.

Погледнете го видеото:

Continue Reading

Балкан

Рама одржа предизборни митинзи во Атина и на Крит

Published

on

Митинзите на Рама беа под слоганот „Заедно за Албанија 2030 во ЕУ“.

На островот Крит во саботата и вчера во Атина, албанскиот премиер Еди Рама одржа митинзи и средби со Албанците, кои живеат во Грција во пресрет на парламентарните избори во Албанија на 11 мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Со развиорени албански знамиња и овации, албанскиот премиер беше пречекан на собирот во Атина се одржа вчера попладне во сала во културен центар што беше целосно исполнета.

Митинзите на Рама беа под слоганот „Заедно за Албанија 2030 во ЕУ“.

Во саботата албанскиот премиер беше во градот Ханија на островот Крит, каде што во спортска сала одржа митинг за Албанците, кои живеат и работат на островот, а според грчките медиуми, најавил дека Албанија сака да отвори Конзулат на островот за да им го олесни конзуларниот дел на албанските државјани од Крит и да не треба да патуваат во Атина.

Првата средба на Рама со Албанците кои живеат во Грција беше лани во мај кога во Атина одржа митинг во рамките на неговата турнеја во неколку европски земји.

Continue Reading

Балкан

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Published

on

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за Корчанскиот округ во Албанија, за Топ ченел зборуваше околу договорот меѓу двете партии за изборите на 11 мај.

„Изразуваме благодарност до Социјалистичката партија што ни даде можност, направивме договор меѓу двете партии и добивме место на отворената листа за Корчанскиот округ – рече Стерјовски.

Тој додаде дека според договорот, Социјалистичка партија гарантира дека ќе ги унапреди правата на македонската заедница во Албанија и дека ќе се зголемат инвестициите во регионите каде што живее македонското население.

„Нашите барања ќе бидат исполнети за изучување на македонскиот јазик таму каде што постојат услови низ целата територија на Република Албанија“, посочи тој.

Телевизијата наведува дека „за пратеникот кој достојно го претставуваше македонското малцинство во Собранието во претходниот состав”, Изборниот законик останува проблематичен во однос на можностите за малите партии, особено за малцинствата, кои според него, треба да имаат свое место во парламентот.

Стерјовски е единствен кандидат Македонец во цела Албанија зашто ниедна партија или коалиција нема кандидирано Македонец на своите листи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк