Connect with us

Македонија

ГЕРМАНИЈА воведува ЛОТАРИЈА за добивање РАБОТНА ВИЗА за македонските граѓани

Германските власти најавија дека поради големиот број апликации за виза, според член 26 став 2 од Одредбата за вработување во согласност со Регулативата за Западен Балкан, постојните правила ќе бидат ажурирани.

Според најновото ажурирање направено од Амбасадата, ќе бидат донесени нови правила во врска со процедурата за закажување, бидејќи бројот на апликации го надминува бројот на слободни термини што во моментот се достапни.

За таа цел, во февруари по првпат ќе се отвори нова листа за регистрација на термини за поднесување барање за визи. Оваа прва листа ќе биде отворена за регистрации за одреден временски период (најверојатно 2 недели). Листата нема да се затвори, како досега, кога ќе се дојде до одредена бројка на регистрации. Наместо тоа, листата за регистрација ќе се затвори на одреден ден и од сите регистрации, компјутерски, по случаен избор по пат на лотарија ќе се избере кој ќе добие термин во март 2022 година. За точните податоци кога ќе се отвори листата, ќе информираме навреме на нашата веб-страница и преку нашиот фејсбук-профил“ велат од германската амбасада во Скопје.

Тоа значи дека секој ќе може да поднесе апликација, сепак, само оние што ќе имаат среќа ќе можат да закажат термин.

Лотаријата ќе се спроведе во германското Министерство за надворешни работи во Берлин под надзор од повеќе лица, а веднаш потоа избраните лица ќе бидат известени од Амбасадата кога ќе биде нивниот термин во следниот месец.

Дополнително, во соопштението Амбасадата нагласува и дека на апликантите не им е дозволено повеќекратно да се пријавуваат, да ја менуваат регистрацијата или да ја префрлаат на друго лице.

Освен тоа, се нагласува дека оние што се регистрирале порано немаат предност во однос на оние што се пријавиле подоцна и дека не е потребен ангажман на трети лица.

Како што се вели, при приложување на потврдата за термин, влез во Визниот оддел ќе биде дозволен само ако личните податоци во пасошот на подносителот на барањето целосно се совпаѓаат со податоците што се внесени во терминот за регистрација.

„Регистрaциите што не добиле термин ќе бидат избришани на крајот на месецот. Ако Вашата регистрација не добила термин, и во тој случај ќе добиете соодветно известување дека не сте извлечени. Од технички причини, може да поминат неколку дена додека добиете известување. Ве молиме да не испраќате мејлови. За да може да учествувате во лотаријата за термини во следниот месец, потребна е нова регистрација. Само на овој начин може да се доделат термини за поднесување виза според Регулативата за Западен Балкан. Амбасадата не дава други посебни термини и од овие причини Ве замолуваме да се откажете од таков тип на прашања“, додаваат од Амбасадата.

Во моментов, сите земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Србија – се дел од германската листа со висок ризик за патување во земјата.

Врз основа на сегашните правила за влез во Германија, од патниците од овие земји се бара да пополнат формулар за дигитален влез и да останат во самоизолација десет дена по нивното пристигнување.

Сепак, оние што се вакцинирани со признаена вакцина, како и оние што поседуваат валиден сертификат дека го прележале вирусот, можат да го прескокнат карантинот.

Центар.мк

Македонија

ВЛЕН: По 24 години конечно закон за правично застепеност

Коалицијата ВЛЕН го поздравува позитивното мислење на Комисијата на Венеција за Законот за правично и соодветно застапување, кој беше претставен од заменик-премиерот Арбен Фетаи, со што се дава зелено светло за процесот што ја затвора 24-годишната чекање.

Овој закон е доказ дека кога постои политичка волја, принципот на правично застапување не останува само на зборови, туку се претвора во закон. Правичното застапување се движи напред, базирано на европски стандарди и принципот на меритократија.

ВЛЕН е решен ова прашање да не остане повеќе предмет на политички игри, туку да добие целосно законско решение, за професионална, функционална и инклузивна јавна администрација за сите заедници.

За 24 години ова прашање се користеше за реторика и политички калкулации, без да се постигне законско решение. Денес, ВЛЕН го затвора овој период, претворајќи го правичното застапување во закон.

Continue Reading

Македонија

Седум од десет Македонци против покачување на платите на судиите и обвинителите

Според последното истражување на јавното мислење на порталот МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет Вижн, македонските граѓани се изразито против покачување на платите на судиите и јавните обвинители.

Одговорите покажуваат дека 73,6 отсто од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, додека само 14,8 отсто сметаат дека повисоките плати се оправдани. Најголем дел од граѓаните оценуваат дека покачувањето на платите нема да придонесе за подобрување на состојбата во македонското правосудство.

Истражувањето било спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со CAТI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници.

Резултатите ја потврдуваат недовербата на граѓаните кон правосудниот систем и укажуваат на потребата од реформи и зголемена одговорност во судството.

Continue Reading

Македонија

Детонации на Криволак: се уништуваат експлозиви запленети пред 15 години

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, согласно однапред изготвен план, преземаат мерки и активности за уништување на голема количина минско-експлозивни средства.

Минско-експлозивните средства, кои биле запленети пред цели 15 години и складирани во касарната „Ѓорче Петров“, денеска се транспортираат до армискиот полигон „Криволак“ со товарни возила на АРМ. Уништувањето ќе се спроведе во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал.

Процесот на уништување ќе го реализираат полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од Армијата на Република Северна Македонија и пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, преку контролирана детонација.

Фактот што станува збор за прво уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години укажува дека безбедносните ризици во минатото не биле третирани со потребната сериозност. Денешната активност претставува јасен сигнал дека со одговорен пристап, зголемена посветеност и професионално раководење, безбедноста на граѓаните конечно се става на ниво кое одамна било неопходно.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг