Connect with us

Македонија

Салиу: 45 починати не се жртви на несреќа туку на неодговорност

Published

on

Потресна и длабоко емотивна порака на неовинарот Фуркан Салиу по вчерашниот настан на кој беа вратени телата на 45 загинати во запалениот автобус на Беса Транс во Бугарија.

Салиу смета дека тоа што нема одговорност за несреќата кај Ласкарци како последица ја има несреќата во Бугарија.

,,Како да доаѓаше глас од ковчегот… Беа благодарни што дојдовме да им изразиме сочувство на семејството и да ги испочитуваме. Но, гласот што го слушав беше слаб… Се слушаше колку што можев да разберам.

Ми рече: Добро е што се собирате денес, но соберете се пак… Мажи, жени, старци и деца, да не се повтори.

Соберете се! И како што се солидаризирате со нас и со тивок и сладок глас ни велите „Боже во Рајот“, солидаризирајте се едни со други, обединете се, излезете и гласно викнете: #ОДГОВОРНОСТ! # ПРАВДА! #ЖИВОТ!

Испаѓа дека и тебе ти остануваат само две опции ако продолжиш така да шепотиш.

Можете да ги видите опциите на оваа слика … Ковчег или авион.

Ќе умреш, или ќе ти умре земјата, испразнета од болка, затоа што ќе бидеш принуден да избегаш од ова место.

Сакав да ти одговорам, но не можев поради срамот и вината што ме обземаше.
Овие 45 ковчези се моја вина, твоја, твоја, вина на сите нас.

Овие 45 ковчези беа придружувани од десетици други безживотни тела… Функционални, но безживотни во себе. Некои од нив носеа вратоврски, а некои со микрофони и камери во рака.

Се срамам што го завршувам ова пишување. Се срамам затоа што мојот микрофон и камера дозволија да се повтори „Ласкарци“. Се срамам затоа што мојот микрофон и камера дозволија оние што ја предизвикаа несреќата кај „Ласкарци“ да останат неказнети.

Се срамам затоа што дозволувам да се користи терминот „несреќа“ за да се опишат настани како последниот, каде ништо не се случило случајно и се сѐ случило како резултат на неодговорност.

Простете ни! Го кажувам тоа од срце! Роднини на жртвите, простете ни што ве оставивме без вашите најблиски”, пишува Салиу со многу емоции.

Преводот на македонски јазик е од оргиналниот текст на албански јазик:

Sikur një zë vinte nga arkivoli… Falënderoheshin që kemi ardhur me iu shpreh ngushëllime familjarëve dhe për ti respektuar ata. Por zëri që po dëgjoja ishte i zbehur… Dëgjohej aq sa ta kuptoj unë.
Më tha: shumë mirë që jeni mbledh sot, por mblidhuni përsëri…Burra, gra, pleq e fëmijë, e mos lejoni të përsëritet.
Mblidhuni! Dhe kështu siç po solidarizoheni me ne dhe me një zë të ulët e të ëmbël po na thoni “Zoti n’Xhehnet”, solidarizohuni me njëri tjetrin, bashkohuni, dilni dhe bërtisni zëshëm: #PËRGJEGJËSI! #DREJTËSI! #JETË!
Dilni se edhe juve u kanë mbetur vetëm dy opsione nëse vazhdoni të pëshpëritni kështu.
Opsionet po i shihni në këtë fotografi… Arkivol ose Aeroplan.
Do vdisni ju, apo do të vdes toka e juaj, e zbrazur nga dhimbja, se ju do të detyroheni të ikni prej këtij vendi.
Doja t’iu përgjigjem, por nuk mundesha nga turpi dhe faji që më kaploi.
Këta 45 arkivol janë faji im, i yti, i juaji, i të gjithë neve.
Këtyre 45 arkivoleve u bënin shoqëri edhe dhjetëra trupa tjerë të pa jetë… Funksional, por pa jetë brenda vetes. Disa prej tyre mbanin kravata, e disa me mikrofona dhe kamera në dorë.
I turpëruar po e përfundoj këtë shkrim. I turpëruar sepse mikrofoni dhe kamera ime lejoi që të përsëritet “Llaskarca”. I turpëruar sepse mikrofoni dhe kamera ime lejoi që ata që e shkaktuan “Llaskarcën” të mbeten të pandëshkuar.
I turpëruar sepse po e lejoj që të përdorët termi “aksident” për ti përshkruar ngjarjet si kjo e fundit, ku asgjë nuk ka ndodhur aksidentalisht dhe gjithçka ka ndodhur si pasojë e papërgjegjësisë.
Na falni! Po e them prej zemrës! Familjarë të viktimave, na falni se iu lamë pa të dashurit tuaj.

Извор/фото: ФБ статус на Фуркан Салиу

Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ РАЗРЕШИ 5 ЧЛЕНА НА СУДСКИОТ СОВЕТ, се чека средување на обвинителството

Published

on

Извесно е дека после празниците во Собранието ќе биде покрената постапка за интерпелација на членовите на Судскиот совет кои се избрани од пратениците. Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека размислуваат за такви активности за следниот месец.

– Ние размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена температура, сè уште траат тие процеси траат кај одредени обвинители и судии. Граѓаните мора да ја добијат правдата. Планираме вакви активности во следниот период – рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали се планира разрешување на оние членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

За правдата, додаде премиерот, не се доволни само полициските акции.

– Тоа беа историски, досега незапаметени акции, кои ги направија МВР, СВР Скопје, БЈБ и АНБ. Но, не одат работите во правецот што го очекуваат граѓаните. Ние како Влада ќе се бориме против криминалот и корупцијата преку МВР, но очекуваме целата состојба да биде комплетна откако и другите институции ќе разберат дека граѓаните мора да ја добијат правдата и дека правдата за сите ќе биде подеднаква – рече денеска премиерот.

Собранието не го усвои извештајот за работењето на Судскиот совет за 2023 година, па според одредени толкувања тоа може да биде основ за разрешување на оние членови на Советот кои се избрани од пратениците. 

Тоа се членовите кои во Законот за Судскиот совет се дефинирани со терминот „истакнати правници“. Моментно, како истакнати правници во Советот членуваат Весна Дамева, која неодамна поднесе оставка од функцијата претседател, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова Илиевска.

Судскиот совет има вкупно 15 члена. Освен правниците, членуваат 8 судии кои се избираат на непосредни судски избори, а членови по функција се министерот за правда и претседателот на Врховниот суд.

Од петмината правници, тројца ги избира директно Собранието, а останатите двајца ги предлага претседателот на државата, а ги избира Собранието.

Continue Reading

Македонија

Груби се крие во албанското туристичко место Хамалај?

Published

on

Најновата неофицијална вест е дека поранешниот вицепремиер, Артан Груби, осомничен во случајот „Лотарија“, престојува во Албанија, во близина на Драч, во месноста Хамалај, позната по прекрасни песочни плажи и приватност.

Информациите во медиумите за локацијата на Груби протече од членови на Владата и одредени институции кои имаат неофицијални информации дека Груби престојува покрај Јадранско море.

Претходно, вицепремиерот Изет Меџити, во интервју за албанската „Ора њуз“ рече дека и, според неговите информации, Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија.

„Со бегството тој ја докажа вината и затоа побегнал од државата. Мислам дека денес, утре или задутре, тој еден ден ќе се соочи со правдата“, рече Меџити.

Бизнисменот и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику, во полиција дал исказ дека на 15 декември го одвезол поранешниот вицепремиер Артан Груби до Тирана, каде пиеле кафе и го оставил во хотел близу стадионот, пишува „Фокус“повикувајќи се на полициски извори и извори од владата.

За поранешниот вицепремиер Груби, кој е осомничен за проневера од 8 милиони евра во Државна лотарија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека не сака да шпекулира дали побегнал во Албанија или во Косово.

„Факт е дека не бил „чист како солза“, бидејќи ако бил, немало потреба да биде бегалец од правдата – ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност“, рече Мицкоски, кој смета дека тој не е политички бегалец, туку бегалец од правдата и затоа очекува да не добие азил во странство.

Груби, на 15 декември, замина од Македонија преку граничниот премин „Блаце“ за Косово. Иако беше ставен на „стоп-листа“ по наредба од јавен обвинител, беше пропушен од полициијата. Тој беше во друштво на бизнисменот и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику. Внатрешната контрола при МВР утврди дека полицискиот службеник ги завел Груби и Папранику дека пешки ја минале границата, не го евидентирал возилото и не почекал системот да јави дали има активна мерка.

Од СДСМ обвинија дека, ВМРО-ДПМНЕ го пушти Груби да избега и атоа сметаат дека одговорноста за бегството е целосно кај нив и МВР.

Извор: Нетпрес

Continue Reading

Македонија

На 20 март подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците

Published

on

Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март 2025 година, утврдени се спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон, како и листата на учесници, која ќе биде отворена за јавноста, договорено е на денешниот работен состанок во Уставниот суд, потврди за МИА претседателот Дарко Костадиновски.

Како што информираше Костадиновски на последната прес-конференција, за листата на учесници на подготвителната седница биле предложени повеќе од 20 имиња, експерти по уставно право, меѓународно право, човекови права и поранешни судии на Европскиот суд за човекови права.

На седницата на Уставниот суд на 11 декември Костадиновски истакна дека одлуката за одржување подготвителна седница за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците не треба да се толкува како слабост. Тој тогаш најави дека најдоцна до мај, Судот ќе одлучува по предметот.

– По завршувањето на подготвителната седница, не повеќе од месец дена, ќе им бидат потребни за разработка на рефератот врз основа на резултатите од подготвителната седница, што значи, како што рече, најдоцна во мај Судот ќе одлучува по предметот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк