Connect with us

Балкан

Еколошко востание во Србија – протести, блокади и тепачки

Published

on

Масовни протести мотивирани од иницијативата „Започни со промени“ денеска го блокираа главниот град на Србија, Белград, како и уште 50 населени места ширум целата држава. Масовните протести се организирани поради повлекувањето на Законот за експропријација и измените на Законот за референдум и народна иницијатива. Беа блокирани повеќе патни магистрали, меѓу кои и Ибарска магистрала. На протестите учествуваа илјадници демонстранти, а, како што јавуваат локалните медиуми, биле забележани неколку инциденти.

Протестираа граѓани незадоволни од планот на власта да му дозволи на гигантот „Рио Тинто“ да отвори рудник за литиум. Зелените активисти велат дека проектот ќе ги загади земјата и водите во Србија.

Минатиот викенд имаше слични протести низ Србија за време на кои маскирани луѓе нападнаа учесници на собир во Шабац, што предизвика големо незадоволство на социјалните мрежи. Оние кои денес протестираа бараа ослободување на сите уапсени во протести од минатата сабота, повлекување на Законот за експропријација и измени на Законот за референдум и народната иницијатива, а на истите не беше видливо присуството на унифомирираната полиција.

Во Белград меѓу демонстрантите беа и лидерите на опозицијата, меѓу кои Драган Ѓилас, Мариника Тепиќ, поранешниот премиер Зоран Живковиќ и други.

Четворица студенти беа нападнати и претепани во Нови Сад од триесетина млади момчиња, облечени во црно.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој беше на средба со граѓаните во околината на Лозница заради изградба на рудникот на „Рио Тинто“ изјави дека нема да го укине Законот за референдум, наведувајќи дека Србија нема да ја водат оние кои нема да победат на изборите.

Балкан

Заверил 246 ЛАЖНИ ЖИВЕАЛИШТА НА МАКЕДОНЦИ – Признал вина поранешниот градоначалник на општина кај Благоевград

Published

on

Живко Чукарски, поранешен градоначалник на општина Рилци кај Благоевград во западна Бугарија, се изјаснил за виновен за кривичното дело незаконско издавање документи за лажни живеалишта на 246 државјани на Македонија во процесот на стекнување бугарско државјанство.

Признавајќи ја вината, Чукарски склучил договор со Окружното обвинителство во Благоевград за, како што пренесуваат медиумите, сторено и документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани на РСМ, пренесуваат бугарските медиуми.

Истрагата утврдила дека Чукарски изготвил и заверил 246 потврди за постојани адреси на македонски државјани без нивно присуство во општината или било каква достава на потребните документи за регулирање на живеалиштето на заверени адреси.

Во периодот 2016-2019 година, во селото Рилци биле регистрирани над 4.000 македонски државјани . Според истрагата, дел од регистрациите на адреси се вршени на непостоечки адреси, па дури и на празни полиња без достапни згради.

Еден од условите за регистрација на адреса во Бугарија е да се презентира писмена согласност од сопственикот на имотот. Но, поранешниот градоначалник се изјаснил за виновен што самиот ги потпишал овие документи без воопшто да се појават македонските државјани.

Чукарски не сакал да одговори зошто го сторил делото, ниту дали добил корист од делото што го направил.

Земањето бугарски пасоши  од страна на македонските граѓани не е ништо ново. Според последните расположиви податоци откако Бугарија е членка на Европската Унија, 86.566 Македонци извадиле бугарски пасоши. Тоа е повеќе од половина од сите граѓани на други држави што добиле бугарско државјанство – 162.865 лица. Оваа бројка веројатно е зголемена со оглед дека е од пред три години.

Во 2020 година, според овие податоци, над 9.000 граѓани на Македонија добиле бугарски пасоши, а во 2021 година 7.692 лица. Во 2021 биле дадени вкупно 15.167 бугарски пасоши на странци.

Continue Reading

Балкан

Снегот го парализира сообраќајот во Хрватска, проблеми и во Бања Лука каде откажана е настава

Published

on

Снегот што паѓа во делови од земјите во регионот предизвика сериозни проблеми во сообраќајот во Хрватска, Босна и Херцеговина, a и делови од земјава се под снег.

Патиштата се влажни, а некои патишта се затворени за сообраќај, особено за товарни возила.

Поради бурните ветрови и провејувањето на снегот, густиот сообраќај и метежот на повеќето патишта низ Лика и Горски Котар, Хрватскиот автомобилски клуб ги советува возачите да го одложат патувањето додека не се подобрат условите.

Во поголемиот дел од Хрватска патиштата се влажни или влажни и лизгави, а снегот паѓа на северното хрватско крајбрежје, делови од централна Хрватска, Славонија и далматинската заднина. Повеќето државни патишта низ Лика се затворени за сите групи возила поради снежни наноси и бурен ветер.

Суспендирани се бројни линии на траект, катамаран и брод. Можни се услови за мраз, особено на мостовите и надвозниците во внатрешноста. Возачите се предупредуваат да ја приспособат брзината и стилот на возење на условите на патот и да не излегуваат на патиштата непотребно.

Поради зимски услови и бурни ветрови, во моментов нема слободна траса за камиони со приколки и трактори со полуприколки во правец на Риека/Истра и Далмација и обратно.

Снегот кој почна да паѓа, предизвика проблеми во Бања Лука, каде сообраќајот се одвива отежнато од раните утрински часови. На Западниот транзит се формираа големи линии возила. Патиштата се слабо исчистени, а има голомразица поради што возењето е бавно. Откажана е и наставата во некои делови.

Покрај снегот, проблем е и мразот. Снег паѓа во поголемиот дел од БиХ, што го забавува сообраќајот и го отежнува движењето на возилата на планинските превои.

Continue Reading

Балкан

Посилен земјотрес ја погоди Грција

Published

on

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција околу 17:30 часот.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 2 километри, на 33 километри северозападно од Патра.

Граѓаните велат дека земјотресот траел многу долго и бил почувствуван многу силно.

Засега нема информации за материјална штета.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк