Connect with us

Свет

Русите се во Украина со 175.000 војници, Бајден и Путин преговараат

Рускиот претседател Владимир Путин планира на состанокот со американскиот претседател да предложи взаемни безбедносни гаранции, изјави портпаролот на Кремљ, нагласувајќи дека главна тема на разговор ќе биде безбедноста на Русија и НАТО.

Путин неодамна го повика НАТО да престане да се шири кон исток, барајќи од западната алијанса писмени гаранции. Русија, пак, е подготвена да понуди свои гаранции на aлијансата, изјави шефот на руската држава.

„Безбедносните гаранции, се разбира, не можат да бидат еднострани“, изјави Песков за новинската агенција Интерфакс. Според Кремљ, видео средбата меѓу американскиот и рускиот претседател ќе започне околу 17 часот по средноевропско време и се очекува да трае до вечерта.

Во центар на разговорите ќе бидат тензиите околу Украина. Соединетите Американски Држави ја обвинуваат Русија дека трупа војници на границата со Украина, што предизвикува сомнеж кај западната алијанса дека планира инвазија.

Русија ги негира тврдењата дека планира инвазија на Украина и тврди дека не претставува закана за своите соседи. Истовремено, истакна дека има право да распоредува вооружени сили на својата територија каде и да посака.

Русија денеска објави дека започнала редовни зимски воени вежби во нејзиниот Јужен воен округ, што делумно се граничи со Украина./ Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ERMOCHENKO

Началниците на главните стожери на 30 земји-членки на НАТО разговараа за движењата на руската војска на украинската граница на вонреден виртуелен состанок во понеделникот вечерта.

НАТО не објави детали од средбата, а германската новинска агенција дпа дознава дека меѓу другото се разговарало и за информациите од САД дека Русија се подготвува за можен напад на Украина.

Западната алијанса во официјалното соопштение рече дека „началниците за одбрана на земјите сојузнички се собраа на виртуелен состанок на Воениот комитет за да разговараат за безбедносните предизвици со кои се соочува aлијансата, во сите оперативни домени и во сите географски региони“.

Russland Taganrog | Militär-Manöver nahe Grenze Ukraine
Руски воени маневри во близина на границата со Украина (22 април 2021)

„Шефовите на одбраната разменија информации за заеднички да ги толкуваат и зајакнат механизмите за одвраќање и одбрана на aлијансата. Целта на состанокот беше да се промовира транспарентноста меѓу сојузниците и да се координираат активностите на државно ниво и на ниво на aлијансата“, се додава во соопштението.

На состанокот во вторник, Бајден и Путин треба да разговараат и за тековните преговори за нуклеарното разоружување на САД и Русија, како и за сајбер безбедноста, иранската нуклеарна програма и други меѓународни конфликти, според дпа.

Според украинските проценки, во близина на границата има 94.000 руски војници, додека според американските податоци има 70.000 руски војници.

Разузнавањето открива план за движење на војниците, со цел „да се сокријат вистинските намери и да се предизвика неизвесност“. Фотографиите направени од сателити покажуваат дека Русија минатиот месец го зголемила бројот на војници на границата со Украина.

САД ја предупредија Русија дека ќе плати „висока цена“, вклучително и економски санкции со големо влијание, доколку ја нападне Украина, која тврди дека повеќе од 94.000 руски војници се стационирани во близина на нејзината граница. Вашингтон се залага за враќање на договорите од Минск од 2014 и 2015 година, чија цел беше да се стави крај на седумгодишната војна меѓу украинските владини сили и сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина.

Свет

Финска ги загрева градовите со отпадна топлина од сервери и дата-центри

Финска развива иновативен модел за централно греење, користејќи отпадна топлина од подземни центри за податоци сместени во поранешни засолништа од бомби и напуштени рудници, на длабочина од 30 до 100 метри. Серверите кои работат непрекинато 24 часа дневно создаваат огромни количества топлина, која наместо да се губи, се собира и се насочува директно во градските системи за греење.

Според технолошката компанија Entangle Tech, еден ваков центар за податоци ќе обезбедува греење за околу 40.000 домови во Еспоо, вториот по големина град во земјата. Во Хелсинки, пак, објект на „Мајкрософт“ веќе загрева цела урбана област, со што се заштедуваат околу 400.000 тони CO₂ годишно и се намалуваат трошоците за греење за 60 проценти. Отпадната топлина моментално покрива околу 10 проценти од вкупните потреби за греење на главниот град.

Традиционалните центри за податоци трошат огромни средства за ладење, при што топлината се ослободува во атмосферата. Финскиот модел ги решава двата проблема истовремено – ладењето и греењето. Подземната поставеност овозможува природно ладење преку гранитната карпа, високо ниво на безбедност и ефикасно собирање на топлина, која преку топла вода со температура од 75 до 85 степени Целзиусови се пренесува низ цевки директно до радијаторите во домовите.

„Буквално ги загреваме домовите со Netflix стримови и обработка на е-пошта. Ова е вистинска мајсторска класа за одржливост“, велат од Entangle Tech.

Градоначалникот на Еспоо, Каи Миканен, најави дека нов кластер на центри за податоци на „Мајкрософт“ наскоро ќе биде поврзан со градската мрежа за централно греење, со цел целосно елиминирање на локалните јаглеродни емисии до 2030 година.

„Блумберг њуз“ наведува дека вакви решенија веќе се применуваат и во други земји со постудена клима, како Шведска, каде отпадната топлина од дата-центри се пренесува преку подземни цевки за загревање на околните населби. Според проценките, ваквиот систем би можел да обезбеди греење за околу 100.000 домови.

Научници од Универзитетот Алто и Техничкиот истражувачки центар на Финска истражуваат како идните национални центри за податоци можат целосно да се интегрираат во општинските системи за греење и да придонесат за значително намалување на емисиите на јаглерод.

Плановите предвидуваат до 2030 година изградба на центри за податоци со капацитет од 100 MW и 21 MW во Еспоо и Сејнејоки. Според анализите, топлината од постројката во Еспоо би можела целосно да го замени јагленот, додека во Сејнејоки делумно би се укинал тресетот – едно од горивата со највисок јаглероден интензитет.

Експертите нагласуваат дека за целосно искористување на потенцијалот е неопходно склучување долгорочни договори меѓу центрите за податоци и компаниите за греење, со што би се обезбедило стабилно и трајно намалување на емисиите на CO₂.

Continue Reading

Свет

Советник на Путин: Русија може да ја повлече војската од Донбас

Висок функционер на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека руската полиција и Националната гарда ќе продолжат да го следат Донбас и да обезбедуваат ред дури и ако мировниот договор стави крај на речиси четиригодишната војна на Русија против Украина.

Ушаков ја потенцира амбицијата на Москва да задржи присуство во индустриски важниот регион по завршувањето на конфликтот, што веројатно ќе биде отфрлено од Украина, додека преговорите предводени од САД продолжуваат без јасен напредок.

Во меѓувреме, украинските сили повторно освоија неколку населби во близина на Купјанск, во североисточната Харковска област, по неколкумесечна операција за враќање на териториите под нивна контрола. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека украинските сили се опколени, обидувајќи се да ја прикаже Русија како страна што преговара од позиција на сила.

Ушаков истакна дека прекин на огнот ќе биде одобрен само по повлекувањето на украинските сили од фронтот и дека е возможно по завршувањето на војната во Донбас да нема воени сили, туку само полиција, Национална гарда и други служби за одржување на редот.

Американските преговарачи продолжуваат да ги усогласуваат барањата на двете страни, додека претседателот Доналд Трамп инсистира на брз крај на конфликтот. Клучното прашање останува кој ќе ја контролира територијата освоена од руските сили, додека Русија тврди дека Донбас е нејзина територија без разлика на исходот од мировните преговори.

Continue Reading

Свет

САД ја укинаа економската блокада, Белорусија ги ослободи опозициските лидери

Белорусија ослободи 123 политички затвореници, меѓу кои и истакнатата опозициска активистка Марија Колесникова и добитникот на Нобелова награда за мир, Алеш Бјалацки. Овој чекор следеше по договорот со Соединетите Американски Држави за укинување на санкциите врз земјата, пренесува Би-Би-Си.

Ослободувањето се случи по преговорите во Минск со Џон Кол, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Белорусија. Како дел од договорот, САД се обврзаа да ги укинат санкциите врз извозот на поташ, кој е клучна компонента за белоруската индустрија за ѓубрива.

Марија Колесникова помина пет години во затвор, голем дел од времето во самица. Нејзината сестра Татјана ја потврди веста откако успеа да разговара со неа преку видео повик.

Се очекува групата ослободени затвореници наскоро да пристигне во Вилнус, каде што голем број граѓани веќе се собираат пред американската амбасада за да ги пречекаат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг