На локалитетот Градиште – Бислим во кумановското село Пчиња откриена е црква, која според првичните показатели е градена во 5 век и опстојувала во раниот среден век, потврдуваат наодите на Археолошкото одделение на Музеј Куманово по завршување на истражувањето.
Со ова се потврдени претпоставките од минатогодишните ископувања дека на истражуваната локација постои црковна градба, но и дека тврдината во Бислим не била само привремено воено утврдување, туку поголема населба што постоела подолг период.
„Во текот на овогодинешните ископувањата се откри олтарниот дел на црквата. Подот на оваа црква се наоѓа на околу 1,5 м под денешната површина, направен е од квалитетно изработена тула, која е поставена на малтерна или глинена подлога. Според досегашните показатели, се работи за градба долга околу 20 метри и широка скоро 9 метри“, велат од Археолошкото одделение.
Ископувањата се вршени под раководство на Дејан Ѓорѓиевски, а се целосно финансирани од Министерството за култура.
Првичните показатели се дека црквата била градена во петиот век и дека егзистирала и во раниот среден век, што секако треба да се потврди со идните истражувања.
„Она што е интересно се откриените фази на градење и доградување на црквата. Според поставеноста на фрагментарно сочуваната фреско декорација, видливи се две фази на градење (доградување) на самата црква, во кои подното ниво се издигнало на скоро 2 метрa во висина. Ова говори за интензивна градителска дејност, но и за подолг временски период на користење на црквата“, велат кумановските археолози.
Црквата е поставена на самиот источен крај од тврдината, во непосреден контакт со бастионот на утврдувањето, што има симболично значење – жителите на населбата сакале да ја заштитат тврдината од нападите, преку директно инволвирање на божјата моќ во заштитата.
Со ископувањето, освен претходно познатата правоаголна и петоаголна кула, откриено е и постоење на кружен бастион во челото на тврдината, односно на нејзиниот најистурен дел.
Многу значајно е што овие ископувањата покажуваат дека тврдината во Бислим воопшто не била краткотрајно воено утврдување, туку се работи за поголема населба во и надвор од тврдината, која егзистирала подолг временски период.
„Со оглед на тоа што северно од Градиште – Бислим постои уште едно помало утврдување од истиот период, јасно е дека по течението на Пчиња, дури и во навидум непристапната клисура, минувал значаен антички пат преку кој од северните делови на Балканот најбргу се пристигало на т. н. Виа Аксиа, односно на Вардарскиот пат, а понатаму и кон богатите антички центри на југ“, потврдуваат експертите.
Денеска сме на овој проект, на овој пат којшто ќе поврзе две населени места во Општина Петровец, оттука одиме на она место каде што практично се реконструира и се проширува капацитетот на детската градинка и слушнавте од градоначалникот дека повеќе нема да има листа за чекање, рече премиерот Христијан Мицкоски при увидото во реконструкцијата на патот Катланово – Градманци
Така што сите оние проблеми коишто во минатото постоеле се трудиме да ги решаваме, се надева дека не може тоа да биде од еднашка, но чекор по чекор полека но сигурно се завршуваат проекти и се решаваат проблеми, слушнавте од градоначалникот дека сега во следниот повик коишто ќе го објави Владата преку Министерството за локална самоуправа проектите во вредност од 1.200.000, 1.300.000 евра се веќе подготвени, а јас апелирам и до другите градоначалници истото да го сторат. М
ислам дека сега во вторник веќе на следната владина седница ќе донесеме одлука со којашто ќе го распишеме повикот до општините за да конкурираат со проекти и мислам дека барем од тоа што имам како информација, мислам дека ќе биде исклучително успешен овој пат за да не се доведеме во ситуација да го продолжуваме рокот, имале, немале одобрение за градба па имале проект немале проект ќе биде малку подолг рокот до таму некаде крајот на месец април за да можат сите оние што нема да стигнат со одобрение за градба и оние документи кои се потребни да успеат во меѓувреме да ги обезбедат.
Така што јас сум исклучително среќен и задоволен за сето она кое што претставувало претходно проблем за граѓаните, сега се надминува, се решава преку овие средства кои се реалоцирани од буџетот. Се градат улици, се градат патишта, булевари, се градат градинки, училишта, сали, практично капитални инвестиции коишто ќе го подобрат квалитетот на живот на нашите сограѓани.
Уште еднаш му честитам на градоначалникот, на пратеникот кој што доаѓа од Општина Петровец, на советниците, на администрацијата што секогаш буквално работата посветено за да сето ова денеска кое ние го гледаме биде реалност.
Тука исто сакам да ја потенцирам и улогата на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за транспорт кои што исто така учествуваат во овие проекти, бидејќи преку нив практично се фасилитираат средствата. Со други зборови да имаме што е можно повеќе вакви проекти и да се занимаваме со политика за да создаваме. Тоа е она кое што е наша инспирација и мотив.“
Инстант резултати нема, но важно е дека тоа што го правиме, го правиме исклучиво за интересот на граѓаните и татковината којашто единствено ја имаме, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање во однос на впечатоците од посетата на САД, со остварените политички и економски контакти, премиерот Христијан Мицкоски изјави:
– Многу сум задоволен, исклучително сум задоволен. Посетата беше исклучително корисна, плодна и очекувам во периодот којшто следи резултатите да бидат видливи, интензивни и големи. Она коешто го кажувам често пати, ќе го повторам и сега. Ние домашната задача и домашната борба ќе ја водиме, еве за вакви проекти, за добра инфраструктура, за нови градинки, за нови училишта, за поконкурентна економија, за поквалитетно здравство, за подобро образование и така натаму. Тоа се работи коишто дома ние ќе ги решаваме и таа битка ќе ја водиме и ќе ја добиеме. Но, исто така мораме да победуваме и во Вашингтон, и во Њујорк, и во Брисел, и во Рим, и во Париз, и во Лондон, и во Берлин, насекаде и во други метрополи во светот. И да бидеме што е можно погласни и што повеќе аргументи да презентираме кај нашите соговорници, за македонското прашање, за сите оние предизвици коишто се пред нас, но и оние коишто беа позади нас. И мислам дека сме на добар пат. Инстант резултати нема, но важно е дека тоа што го правиме, го правиме исклучиво за интересот на граѓаните и татковината којашто единствено ја имаме – изјави премиерот.
На новинарско прашање дали тој лично би го направил првиот чекор и би иницирал средба со новоизбраниот бугарски премиер Росен Жељазков, Мицкоски рече дека со задоволство би се сретнал со својот бугарски колега.
– Кога во Бугарија се избираше премиер јас бев во САД, но еве кажувам јавно дека со задоволство би се сретнал со новоизбраниот бугарски премиер. Но, треба да биде јасно дека нашите позиции остануваат непроменети – рече Мицкоски.
На 24.01.2025 во 00.00 часот во Тетово на улица ,,Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.Ш.(18) и Р.М.(35), двајцата од с.Нераште. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, хероин и две дробилки. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.