Connect with us

Македонија

Да ја имаш Лидија од Македонија, 7/8, Рацин, Галичник, Бигорски…и да седнеш со Бугарите да се расправаш дали сме Македонци!

Да ја имаш Лидија од Македонија, првата христијанка во Европа,
Да го имаш 1100 години Свети Наум и неговиот манастир, 1000 години Бигорски, 1100 години Свети Климент и Плаошник, т
што е 300 години пред ренесансата во Европа,
Да го имаш Богомилското движење како прво протестантско учење во Европа 6 века пред другите слични движења,
Да го имаш Курбиново со фреската Ангелот од Курбиново стара 900 години, кој го има во истоименото село и само во црквата Равена и никаде на белиот свет на друго место,
Да ја имаш Охридската книжевна школа неколку века пред Болоња,
Да го имаш Галичник со уникатните зографи и ремек делата од дрворези на тамошните мајстори,
Да го имаш Танец со Тешкото, Драчевка, Малешевка, калајџиско и други ора и песни со ритам 11/8 за кои светот станува со овации и се чуди
Да ги имаш најубавите народни носии и шари,
Да го имаш Делчев со најпрогресивната реченица на овие простори,
Да ги имаш Мисирков, Рацин, Конески, Анастас Коцарев, Петре М. Андреевски, Стефановски Горан и Влатко, Ацо Шопов, Гане Тодоровски….
И уште колку многу имаш мој народе!!!
И да седниш со Бугарите да се расправаш дали сме Македонци и од кога сме тоа.
Е треба да имаш некој синдром на самоуништување и да не се цениш воопшто себеси.

Фејсбук статус на Методија Атанасовски, доктор на технички науки и редовен професор на Техничкиот Факултет во Битола

Advertisement

Македонија

Тошковски откри кои прекршоци ќе бидат на удар на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски појасни дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. „Целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум“, рече тој.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, нагласи министерот.

Проектот предвидува користење на современи технолошки решенија, вклучително камери и софтвер за следење на сообраќајот, со цел подобрување на контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Министерството најави дека имплементацијата ќе се спроведува фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, за граѓаните да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање.

Continue Reading

Македонија

Пораст на нивото на реките: Пчиња, Вардар, Треска и Црн Дрим со зголемен водостој

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) алармира за значително зголемување на водостоите кај клучните реки, надминувајќи го просекот за декември.

Реката Вардар, нашиот најголем воден пат, е видно „нарасната“ долж нејзиниот тек – од Јегуновце, преку Скопје и Велес, па сѐ до Демир Капија. Слична слика се бележи и на Пчиња кај Катлановска бања, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Од друга страна пак, нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци, се под просечните декемвриски граници.

Во однос на природните езера, ситуацијата е стабилна и без отстапувања. Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината, ветувајќи мирување и покрај раздвижениот речен систем.

Continue Reading

Македонија

Пролетни температури во декември: Сончевото топло време во текот на целата седмица

Продолжува доминацијата на високиот воздушен притисок, односно Антициклонот, кој и оваа седмица ни носи пролетно време.

Заборавете на студената зимска идила – времето останува стабилно и суво, а деновите ќе бидат натпросечно топли, иако утрата ќе бидат спартански ладни. Термометрите на повеќе места наутро ќе се спуштаат до минусни температури, што налага внимателно облекување пред изгрејсонце.

Сепак, не секаде ќе биде сончево. По котлините и речните долини, особено во текот на ноќта и утрото, маглата и ниската облачност ќе создаваат густа завеса. Овој феномен нема да ја заобиколи ниту Скопската котлина, каде што во утринските часови се очекуваат значително отежнати услови за сообраќај.

Дневните температури се вистински шок за декември. На повеќе места тие упорно ќе надминуваат 10 степени, додека во југоисточните предели живата може да скокне и до околу 15 степени. Ова значи само едно: невообичаено високите температури за овој период од годината продолжуваат да го одбележуваат целиот работен и празничен дел од седмицата.

Меѓутоа, оваа стабилна доминација се чини дека ќе биде прекината кон крајот на седмицата. Во сабота, на 20 декември, се очекува позначителна облачност и појава на повремен локален дожд. Подгответе се за мала промена на плановите за викендот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг