Connect with us

Македонија

Халили pacпали: Бугарскиот јазик е посличен со рускиот отколку со македонскиот

Published

on

Во лингвистичката наука е познато дека бугарскиот и македонскиот јазик припаѓаат на славистиката, како впрочем и другите словенски јазици, но, судејќи според тезата на граматична, фонетична, правописна блискост, слободно може да се извлече една претпоставка дека бугарскиот јазик има поголеми сличности со некој дијалект на рускиот јазик, отколку со македонскиот, пишува поранешниот македонски амбасадор Мухамед Халили во последниот број на неделникот Фокус.

Сметам дека во никој случај јазичната блискост не смее да биде аргумент против самоопределувањето на народите. Така, на пример, од „заедничкиот“ хрватско-српски, или српско-хрватски јазик на федерацијата денеска постојат хрватскиот, српскиот, бошњачкиот, црногорскиот јазик, а Хрватска не ги блокира Србија и Црна Гора на нивниот пат кон ЕУ. Во случајот на чешкиот и словачкиот јазик се поставува прашањето кој кого требаше да го блокира во евроинтегративниот пат?“, пишува Халили.

Македонија

Коцевски го побарал предметот за човекот кој ја прегази Теодора

Published

on

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски побарал увид во предметот кој се води во Вишото јавно обвинителство Гостивар, со цел детално да го испита текот на постапката против Менсур Пајазити, кој смртно ја прегази и усмрти Теодора Ристовска во Тетово, објави Телма.

Првичната казна од три и пол години затвор, која ја изрече тогашната судијка Верка Костовска (сега во пензија), не била обжалена од обвинителството. Подоцна, на седница на Апелацискиот суд во март минатата година, обвинителката Вјолца Елмази го изменила својот став – наместо претходното барање да се одбие жалбата на Пајазити, предложила изрекување поблага кривична санкција. Од Обвинителството нагласуваат дека висината на казната е исклучиво во надлежност на судот.

„Пред Апелацискиот суд, јавната обвинителка од ВЈО Гостивар на рочиште дала свој предлог во однос на попрецизно одмерување на казната, имајќи ја предвид пред се околноста дека обвинетиот непосредно пред завршување на првостепената постапка признал вина, како и претходната пракса во слични предмети. Меѓутоа, предлогот на обвинителката не е задолжителен за тричлениот совет од судии во Апелацискиот суд. Тој предлог во ниту еден момент не се однесувал на намалување на казната за речиси половина од првостепената пресуда, како што досуди Апелација во својата одлука. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија веќе даде насоки и ќе го прибави предметот од Вишото јавно обвинителство Гостивар за да го разгледа во детали текот на постапката“, информира Јавно обвинителство.

Обвинителството сѐ уште го чека писменото образложение на пресудата, а според Судскиот совет, Апелацискиот суд во Гостивар можел или да ја потврди првостепената казна од две години затвор или да одлучи во корист на обвинетиот, но не и да изрече построга казна.

Continue Reading

Македонија

Детски џагор и песни го разубавија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Published

on

Децата – гордост и иднина на Македонија: Претседателката Сиљановска-Давкова ги пречека дечињата во Кабинетот

Денеска Кабинетот на Претседателот на Република Македонија блескаше во детска радост и музика. Насмеани и распеани, учениците од основните училишта „Мирче Ацев“ од општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром, заедно со децата од градинката „Весели Цветови“ од општина Кисела Вода, беа гости на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во нивна придружба, Претседателката со почит ја проследи Церемонијата на свечено менување на државното знаме – симбол што, како што рече, зборува повеќе од илјада зборови и го носи духот на татковината.

„Вие сте нашите сонца, нашите месечини и нашите ѕвезди,“ им порача Сиљановска-Давкова на најмладите, инспирирана од песните кои ги испеаја во чест на Македонија, Скопје и сонцето.

Децата не ја пропуштија можноста да ѝ постават низа љубопитни прашања – од омилената боја и храна, до тоа што значи да се биде претседател. Сиљановска-Давкова со насмевка одговори, споделувајќи дел од својот живот и обврските што ги носи највисоката државна функција.

На средбата се потенцираше важноста на националните симболи и потребата од нивно почитување. „Каде што е знамето – таму е државата,“ истакна Претседателката, подвлекувајќи ја силата на заедничката припадност и иднината која се гради преку љубов и знаење.

Continue Reading

Македонија

Продолжен притворот за сите осомничени за пожарот во Кочани, тројца одат во куќен притвор

Published

on

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, а во кој загинаа 61 лице, а повеќе од 100 се повредени. За тројца од осомничените, Обвинителството бара мерката притвор да се замени со куќен притвор.

Во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката, соопштија од Обвинителството.

Од таму додаваат дека продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк