Connect with us

Скопје

Утре ќе се исклучат семафорите во Центар од 8 до 15:30 часот

Published

on

Без електрична енергија во периодот од 08 до 15:30 часот ќе останат семафорите на раскрсницата кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ИНН“ и околината.

Утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, соопшти ЕВН Македонија АД.

Без електрична енергија во периодот од 08 до 15:30 часот ќе останат семафорите на раскрсницата кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ИНН“ и околината.

Скопје

Висар Ганиу: Сезонските работници ја одржуваат хигиената во Чаир

Published

on

Сезонските работници на Општина Чаир вчера реализираа акција за чистење на неколку улици во општината, со што дадоа значаен придонес кон одржувањето на јавната хигиена. Исчистени беа улиците Георги Поп Христов, Никола Малешевски, Дервиш Хима и Емин Дураку.

Градоначалникот Висар Ганиу истакна дека ангажманот за почиста и поуредена животна средина ќе продолжи со секојдневни активности, со цел создавање подобри услови за жителите на Чаир.

„Нашата посветеност на хигиената и уредноста на јавните простори е дел од секојдневните активности на Општината. Ќе продолжиме со вакви акции, за да обезбедиме поквалитетен и поздрав живот за сите граѓани,“ порача Ганиу.

Општина Чаир најавува дека ваквите акции за чистење ќе продолжат и во наредниот период, во рамки на заложбите за подобра урбана средина.

Continue Reading

Скопје

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје, ова се деталите

Published

on

Во недела, 30 март, со почеток од 10 часот, поради одржување на атлетска трка на трасата која започнува од долниот паркинг на Средно Водно, продолжува по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Сообраќајот ќе биде пренасочен по околните патни правци, соопшти МВР.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Continue Reading

Скопје

Повеќе делови од Скопје утре без струја

Published

on

evn

Утре, петок (28 март 2025), поради планирани технички зафати, без напојување со електрична енергија ќе бидат повеќе делови од Скопје.

Според најавите, струја нема да има во селата Горно Нерези и Горни Крушопек во периодот од 09:00 до 14:00 часот.

Исто така, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во општина Бутел, на улицата Призренска (бр. 6, бр. 8, бр. 2, бр. 18, бр. 53, бр. 22, бр. 9, бр. 1 и бр. 3), во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

Граѓаните се советуваат навреме да се подготват за прекинот и да ги прилагодат своите активности.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк