Connect with us

Македонија

КАТОЛИЧКИ БОЖИК: Честитка до верниците од бискупот скопски и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов

Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати честитка по повод празникот Божик, што утре го слават граѓаните со католичка вероисповед.

– „Денес во градот Давидов ви се роди Спасител – Христос, Господ. И ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли“ (Лука 2,11-12).

Повеќе од две илјади години одекнува во светот оваа порака што ангелот им ја соопштил на пастирите додека ги чувале своите стада под ведро небо во витлиеемските полиња. Пастирите го слушнале овој повик, поверувале и се упатиле кон шталата, место каде што се родил Спасителот.

Пастирите биле способни да веруваат и да се восхитуваат. Тие со широко срце ја прифатиле пораката за Божјата спасителна љубов. Преку нив ангелите му објавуваат мир на светот, мир што според Младенецот, кнезот на мирот, треба да владее на земјата. Мирот им е ветен на сите луѓе со добра волја, бидејќи како Божји миленици се наоѓаат во неговата благодат.

Нека и на сите нас, ако сме со добра волја, ангелите со својата песна за Божик ни ги исполнат со мир и радост нашите срца. Каде што има добра волја, таму има мир, има радост и задоволство, таму е Господ со своите ангели, таму е свет и благословен Божик. И само таков Божик би му посакал на целиот христијански свет: Божик од небото, Божик со Исус, Божик со сите радости!

Среќен Божик и неизмерен Божји благослов во Новото Лето Господово! Христос се роди!, стои во Божиќната честитка на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов

Македонија

Смрзнувачко утро во Македонија: Берово, Скопје и Битола се будат на -6°C

zima

Студениот бран не попушта. Ова утро граѓаните низ Македонија се разбудија во „минус“, а Берово, Битола и Скопје со измерени -6 степени во 6 часот наутро, беа најстудените точки во земјата.

Зимата силно се почувствува и во останатите градови. Струмица и Демир Капија забележаа -5 степени, додека во Велес, Штип, Куманово и Тетово термометрите паднаа до четвртиот степен под нулата. Дури и на крајниот југ, во Гевгелија, Кавадарци и Прилеп, утрово беше необично студено со измерени -3 степени.

Покрај студот, утринските и претпладневните часови донесоа и густа магла која ја намали видливоста во дел од котлините. Сепак, како што ќе одминува денот, сонцето ќе преовладува. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност со слаб и променлив ветер.

Главнот град останува под превезот на магла во претпладневните часови, но попладнето ќе биде сончево, мирно и претежно тивко.

Метеоролозите најавуваат стабилен период. До крајот на седмицата ќе уживаме во сончеви периоди и умерена облачност. Сепак, бидете подготвени за „магливи ноќи и утра“ – маглата ќе остане главен придружник во котлините и во следните денови, што е карактеристично за овој период од годината при претежно тивко време.

Continue Reading

Македонија

Македонците од Албанија и Кичево со заеднички чекор напред – потпишан меморандум за соработка

Значаен чекор кон зацврстување на културните и националните врски е направен денес во Кичево. Делегацијата на Здружението на Македонците од Албанија во Македонија „Зошто“, предводена од иницијативниот претседател Панди Јани, оствари клучна средба со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.

Кулминација на конструктивната средба беше свеченото потпишување на Меморандум за соработка, документ кој ги поставува цврстите темели за идна, плодна соработка!

„На средбата разменивме мислења по повеќе прашања, по што потпишавме Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за заеднички активности и иницијативи насочени кон унапредување на културната размена, образовната поддршка и зајакнување на традицијата на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет“, изјави за МИА, Панди Јани.

Ова не е изолиран настан. Само денови претходно, сличен историски документ беше потпишан и со градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски. Според Јани, со овие договори „се отвора ново поглавје во заедничкото делување за доброто на граѓаните“.

Целта е јасна: зајакнување на заедницата преку партнерства.

„Овие чекори, кои ќе ги продолжиме и со други градови, претставуваат силна потврда дека преку партнерства, дијалог и конкретни активности може да се создадат услови за подобра поддршка, развој и инклузија на Македонците по потекло од Албанија, како и на сите граѓани кои се дел од нашата заедница“, категорично оценува Јани.

Јани изрази длабока благодарност до градоначалниците Јовановски и Тозиевски за нивната доверба и поддршка, како и до посветениот тим на „Зошто“ кој несебично работи на оваа благородна мисија: чекор по чекор, да изгради посилна, обединета и активна заедница.

 Здружението „Зошто“ е основано на 25 септември 2024 година со Седиште во Ресен. Неговатам мисија е Афирмација на македонската култура и идентитет. Името е почит кон романот „Зошто“ на Стерјо Спасе, еден од најголемите писатели во Албанија со македонско потекло.

Continue Reading

Македонија

Тошковски откри кои прекршоци ќе бидат на удар на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски појасни дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. „Целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум“, рече тој.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, нагласи министерот.

Проектот предвидува користење на современи технолошки решенија, вклучително камери и софтвер за следење на сообраќајот, со цел подобрување на контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Министерството најави дека имплементацијата ќе се спроведува фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, за граѓаните да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг