Connect with us

Македонија

BO3OT за Битола, вчepa пaтувaл 8 ЧACA и стигнал caмo дo Пpилeп

Published

on

Патничкиот воз со број 641 кој сообраќал од Скопје за Битола, наместо за три часа во Битола стигнал за осум часот, едвај до Прилеп.

Возот тргнал од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а во Битола требало да стигне во 10:20 часот, но стигнал попладнево.

Патниците во чекале во Зелениково прво друг воз да биде тргнат од пругата, а потоа во големиот тунел кај Богомила со часови чекале да се санира пукната гума.

Возот тргнал од Богомила кон Битола, но патиците кои биле за во Битола, од Прилеп биле превезени со комбе.

Неколкучасовните патувања со воз не се новина кај нас, се случуваат редовно иако и во лето на 40 степени и во зима на минус 20 степени.

Македонија

Скијачки центар Михајлово се отвора в среда, најавен и превоз од Кавадарци

Published

on

Скијачки центар Михајлово се отвора в среда, најавен е и превоз од Кавадарци, од страна на  јавното претпријатие „Градски превоз”, по официјален возен ред што ќе биде објавен деновиве.

Градоначалникот Митко Јанчев вели дека од оваа зимска сезона, овде ќе може да се ужива во зимските спортови, покрај во убавините на природата на Кожуф планина.

За Центарот, како што беше уште претходно кажано, теренските работи се донација од општествено одговорната фирма „ЈА МИ“ – Кавадарци, инвестицијата е донација од „Комерцијална банка“ и од „Кожувчанка“ ДОО. Центарот опфаќа ски стаза, ски лифт и потребните елементи за сите возрасти.

Јанчев додава дека е ова уште еден голем проект и инвестиција што го продолжува и така брзиот развој на општината, ветен во предизборната програма, сега, како што нагласува, овој проект е реалност.

Уште претходно беше најавено дека сите наставници по физичко и здравствено образование ќе бидат вклучени во активностите, да ги доближат вештините на скијање до учениците.

„Кожуф планина е благодет за општината и државата. Тука е детското одморалиште Михајлово, ова важи за воздушна бања. Кон активности на терен пристапивме откако претходно ги добивме сите дозволи од надлежните институции. Кожуф како планина, во овој дел држи доста снег, речиси преку целата зима има снежна покривка. Сезоната може да се продолжува и со вештачки снег“, појаснува Јанчев.

Градоначалникот додава дека патеката што зиме ќе се користи за скијање, во лето ќе може да служи за спуштање со велосипеди и други спортски и рекреативни активности. Патеката е осветлена. Донациите што ќе пристигнуваат за Центарот, ќе одат преку спортскиот центар ,,Јасмин”, што  стопанисува со скијачкиот комплекс, скијачката патека.

Јанчев додава дека местото што е оддалечено околу 35 километри од Кавадарци, има потенцијал и за понатамошен туристички развој со ресторанско и хотелско работење, индивидуални сместувачки капацитети.

Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов вели дека е ова значаен капитален проект, што, покрај другите, ја вбројува општината во редот на најуспешните во државата. Тој подвлекува дека овде ќе се учи и вежба скијањето, а во затворениот пливачки базен што се гради во градот, ќе се учи и надградува пливањето како вештина.

Деновиве во Михајлово имаше интензивни врнежи од снег. Се очекува Центарот да биде омилена дестинација за туристи.

Continue Reading

Македонија

Двајца осомничени за напад на полицајци

Published

on

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за две лица осомничени за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Едниот од нив е осомничен и за обид за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие според член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените со ножеви во рацете им се заканиле на двајца униформирани полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола на возило и возач. Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола.

Одлучувајќи по предлогот од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Битола на осомничените определи притвор во траење од осум дена.

Continue Reading

Македонија

Повреден полицаец, со „крајслер“ излетал од булевар во Скопје

Published

on

Во 00.10 часот денеска, во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „крајслер“, сопственост на МВР, а управувано од полицискиот службеник М.Н.(32) од Кратово, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк