„На две одобренија од здравствени комисии, Ѓоковиќ не доби дозвола да влезе. И сега цел свет ни се смее. Политичарите ни ја посрамотеа земјата“, изјави австралиската новинарка Лиз Сторер за британски „Скај Њуз“ обвинувајќи ги политичарите дека – сѐ му наместиле на Ѓоковиќ.
Со глупоста што австралиските власти ја направиле со тенисерот, кој е во мигрантски хотел во Мелбурн во очекување на одлука по жалбата за негова депортација, од Австралија, политичките елити ѝ нанеле голема штета на земјата и буквано ја посрамотиле пред светот.
„Сите зборуваат за проблем со визата, а таков проблем – нема!
Визата нема никаква врска со вакцинацијата и тоа е непобитен факт. Новак добил „лекарски исклучок“ (да влезе невакциниран – н.з.) од два различни здравствени одбори.
И ова веќе личи на чиста местенка.
Ова е како некој свесно да му го наместил случајот на Ѓоковиќ. Прв е премиерот Скот Морисон, кој еден ден пред доаѓање на српскиот тенисер објави дека Новак ќе биде депортиран, ако документацијата не биде добра. И за чудо, тоа се случи. Нема шанса тимот на Ѓоковиќ да направиле грешка со документацијата за виза. Па, тие првпат ли вадат виза, поднесувале илјадници вакви барања. Затоа сето ова е политички мотивирано“, вели Лиз.
Таа потенцира дека очекува во понеделник наутро по македонско време судот да ја преиначи одлуката и Ѓоковиќ да остане во Мелбурн и да игра на Австралија опен.
„Не знам што мислеа или очекуваа властите, ама знам дека Новак има врвен адвокатски тим, кој веќе му овозможи останување до понеделник, а јас навивам и очекувам да остане. Се надевам ќе ги добие и ќе игра на Австралија опен.
Тој сам треба да реши дали ќе се вакцинира или не, а најмизерно е што го ставија во хотел со мигранти, таму каде што ставаме луѓе кои направиле нешто нелегално.
А, што направи Ѓоковиќ нелегално?“, додава таа.
На крај заклучува дека Австралија сега е за потсмев во целиот свет.
Kurir.rs пишува на големо за наводната голема лага, по што австралијанците го извадиле клучниот документ во кој е наведено се како што треба од страна на Новак Ѓоковиќ, кој како што велат е доказ дека ова е само една голема лага и заговор за нарушување на угледот на светскиот тенисер.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, открива како се чувствува Винисиус Жуниор по исклучувањето поради удирање од зад грб в глава на македонскиот голман Столе Димитриевски во заостанатиот натпревар од 12. коло во шпанската фудбалска Ла Лига во Валенсија.
„Тоа не беше за црвен картон, требаше да добие жолт. Се надеваме дека Винисиус нема да биде суспендиран. Тешко е. Не сум на негово место, но тешко е да се поднесе сè што се случи и тие навреди… Не е лесно, но тој се обидува да оди напред и да го надмине сето тоа. Тој е тажен поради црвениот картон, се извини, но мораме да гледаме напред“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата за утрешниот дуел со Депортиво Минеиро од Купот на кралот.
Според правилата на Ла Лига, бразилскиот напаѓач, кого ФИФА го прогласи за најдобар фудбалер во светот во 2024 година, би можел да биде супендиран на најмалку четири меча.
Мосес, најмалиот од десетте браќа и сестри, почнал да тренира фудбал со постариот брат, на негови 5 години, со позајмени стари патики. Роден е 2001г во Санто Доминго, каде и израснал и тренирал фудбал. На 16 години го игра првиот меч во првата лига во Еквадор. На 17 години објавува прва фотка со родителите на инстаграм со порака “еден ден ви ветувам ќе се гордеете со мене”. Денес го викаат гордоста на Лондон и најдобриот одбранбен играч на Челзи со трансфер договор од 63 милиони долари, плус годишна плата од 8М долари.
Фабио Канаваро пристигна во четвртокот во Загреб, а со доаѓањето на славниот Италијанец се очекуваат и првите засилувања.
Прозивката е во петок и ќе биде интересно да се види кој ќе се појави на прозивката на Максимиp.
Канаваро донесе со себе во хрватската престолнина луѓе од доверба. Станува збор за неговите помошници Франческо Троисе и Еудженио Албарела.
Нова авантура за Италијанецот започнува во петок. Пред него ќе има само една цел, а тоа е одбрана на титулата шампион. Не ќе му биде лесно бидејќи разликата со Ријека и Хајдук е седум бодови.
Токму кога Канаваро пристигна во Загреб, од Холандија пристигна вест која е ветер во грбот на Динамо за да оствари неверојатен трансфер.