Connect with us

Македонија

Директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми пред Нова Година набавил возило вредно 38.000 евра

Published

on

Пред Нова година Управата за финансиска полиција купила автомобил од 38 илјади евра. Директорот Арафат Муареми договорот го потпишал со добавувачот на 21 декември, а до Бирото за јавни набавки е доставен на 4 јануари. Според објавениот договор, цената на возилото без пресметан ДДВ е 32 илјади евра, а со данокот, чини 38 илјади евра. На огласот за јавната набавка имало само една понуда, пишува СДК.МК.

Возилото што го купил директорот за институцијата е „Опел инсигнија гранд спорт бизнис елеганс“ 2.0 дизел. Според промотивните материјали на производителот, станува збор за „софистицирано ниво од бизнис класата“, а според спецификацијата со која победил добавувачот, лимузината е со автоматски менувач со 6 брзини.

Има автоматски двозонскa клима, систем за активно држење на возилото во лента, систем за избегнување на судир со возило напред, со асистенција на сопирање, систем за автоматско одржување на растојание до возилото напред, паркинг сензори предни и задни, камера за паркирање назад, 6 воздушни перничиња, алуминиумски тркала со дијаметар минимум 17 инчи, навигација, патен компјутер…

Лани во Обвинителството за организиран криминал и корупција за цела година стигнале само 9 пријави од Финансиската полиција. Статистиката во ова обвинителство вели дека од поднесените 9 пријави од Финансова, само 5 ја погодиле адресата. Пријавите биле поднесени против обични граѓани, ниту една не е против носител на јавна функција или бизнисмен, банкар.

Македонија

Подгответе се промени: Еве какво време ја очекува Македонија денес и утре, но и каде во Македонија најмногу ќе врне

Published

on

Под влијание на Медитеранска влажна и нестабилна воздушна маса, денес (четврток 17 април) и ноќта кон петок (18 април) во Македонија ќе имаме на повеќе места повремени врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.

Особено пообилни врнежи ќе има во западните предели (локално над 20 литри дожд на метар квадратен). Локално во овие предели процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен јужен и југоисточен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град.

И во Скопје и околината за време на овој Медитерански влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи. Повремено и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите и покрај ова, остануваат пролетно високи.

Да напоменам и предупредам, во случај на појава на електрични празнења, апелирам, граѓаните да избегнуваат претсој на отворено и под осамени дрвја, исто така, граѓаните, да ги заштитат своите автомобили поради очекуваниот силен ветер, односно, да не ги ставаат во близина на дрвјата.

МетеоАларм – Славчо Попоски

Continue Reading

Македонија

Муртезани: Заминувањето на Таравари е дел од договор со Ахмети, не поради фотелји

Published

on

Заминувањето на Арбен Таравари од коалицијата Вреди не е мотивирано од несогласувања околу распределбата на функции, туку најверојатно се должи на договор со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за заеднички настап на претстојните локални избори.

Ова го изјави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во вечерашното гостување на „Топ Тема“ и објасни дека во моментот околу 16 општини имаат албански градоначалници, но шансите тој број да се задржи или зголеми се неизвесни.

Како што рече, не е исклучено победата на некои локации да ја однесе кандидат на ДУИ или независен претставник.

Continue Reading

Македонија

Укинат е притворот за сите полицајци осомничени за пожарот во Кочани

Published

on

Укинат е притворот за сите полициски службеници осомничени за трагедијата во Кочани.

Во денешната постапка на предлог на јавниот обвинител на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост и тоа: одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиште, повремено јавување на службено лице во судот, забрана за комуникација со останатите осомничени и забрана за вршење дејности на работното место кои се поврзани со предметното кривично дело, судијата го прифати предлогот и на петмина им ги определи погоренаведените мерки, додека на еден осомничен (пензионер) му определи мерка забрана за комуникација со останатите осомничени бидејќи останатите три мерки за ова лице се активни во предмет од 2019 година. Воедно, на предлог на обвинителот со оглед дека истекува притворот за осомничените опфатени со претходната истрага истиот е укинат и им се изречени истите мерки на претпазливост. Мерката забрана за вршење професија е изречена во зависност од тоа дали осомничените се уште се во работен однос или во пензија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк