Connect with us

Македонија

ПУКАЊЕ НА ШАПКА: Скопјани отишле на одмор, па извадиле пиштоли

Published

on

Жител на скопска Копаница во тетовската полиција пријавил дека соселанец пукал кон брат му при нивна средба на Попова Шапка. Инцидентот се случил околу 21 часот. Притоа, немало повредени луѓе.

-Дваесет и деветгодишниот  И.Ш од скопска Копаница во 21 часот и 25 минути пријавил дека на Попова Шапка, каде престојувал со неговиот брат  Х.Ш. и двајца нивни пријатели, по куса вербална расправија,  Ф.З.(27) од истото село извадил огнено оружје и пукал кон Х.Ш., но не го погодил, по што со возило се оддалечил од местото.

Според пријавеното, двајцата браќа подолго време имале нарушни односи со Ф.З, информира Марјан Јосифоски, портпарол  на СВР Тетово.

Сега полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 25 СТЕПЕНИ Но, времето ќе биде променливо и нестабилно

Published

on

Во текот на следната седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ и истата ќе услови релативно високи пролетни температури на воздухот, и тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, понекаде тие ќе се искачат  и до околу 20 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до 25 степени.

Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски на следниот ЛИНК.

Continue Reading

Македонија

Маж и жена краделе од гробот на Ѓорѓи Ѓорѓиев – тапанар од групата ДНК

Published

on

На социјалните мрежи објавени се две лица, маж и жена кои краделе на гробот на починатиот Ѓорѓи Ѓорѓиев, тапанар од групата ДНК.

Како бе вака? Каде бе вака? Имате ли свест, совест, имате ли жал и сочувство? Малку ли им беше тагата на Ѓоргиеви, па на огнот да се дотура бензин? Два дена по ред машко и женско лице крадат од гробот на Ѓорѓи. Украдени се ангелчиња украси, цвеќињата, ја украле водата па дури и метлата…

Оставете ги луѓето достоинствено да тагуваат по чедото. Срамота, голема срамота…до таму стигнала работата да се нема грам човечност веќе!

Лицата се откриени од СВР-Струмица.

Continue Reading

Македонија

Проблеми со IPTV сервисот на Телеком

Published

on

Корисниците на Македонски Телеком пријавуваат проблеми со функционирањето на IPTV сервисот. Од компанијата потврдуваат дека станува збор за глобален технички проблем и работат на негово отстранување. Засега нема информации кога услугата ќе биде целосно нормализирана.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк