Connect with us

Македонија

„Ми падна паричето, мислете му ја“

Published

on

Вицепремиерот за евроинтеграции во заминување, Никола Димитров, вечерва на својата страница на Фејсбук напиша дека му паднало паричката за Василица.

-Ми падна паричето! Мислете му ја, напиша Димитров, споделувајќи фотографија од василичарската погача.

Македонија

ВРЕДИ останува заедно, за поделбата на општините ќе се разговара

Published

on

Коалиција останува обединета, но деталите за поделбата на општините на локалните избори остануваат тема за која треба дополнително да се разговара,  изјави Беким Ќоку од ВРЕДИ кој рече дека коалицијата останува цврста и покрај тоа што има различни мислења во партиите во коалицијата.

Работни групи во наредните денови ќе се состанат за да се најде решеније за да се излезе на локални избори како ВРЕДИ:

„Останува да се разговара за тоа како ќе се поделат општините.

Не сме имале никакви несогласувања со Таравари, сме имале некои различни мислења, некои мислења што може да се појават и во поединечни партии и не само во коалиции, но можам да кажам дека сме компактни, единствени сме и остануваме стоички“, рече Ќоку по завршувањето на синиќешната средба на партиите во коалицијата..

Според извори на Алсат на состанокот на коалицијата ВЛЕН вечерва немаше ништо конкретно за останувањето или не на Таравари во оваа коалиција.

Синоќешната средба беше свикана како резултат на внатрешни политички превирања во коалицијата, откако министерот Арбен Таравари, кој е дел од ЦРЕДИ, изрази одредено незадоволство од функционирањето на оваа коалиција.

Continue Reading

Македонија

Создавање на атмосфера на линч кон д-р Петар Богојески и неговото семејство

Published

on

Почитувани граѓани, почитувана јавност,

Ве информирам дека ќе отпочнам правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и одредени политички партии, нивни функционери, невладини организации, самонаречени новинари и поединци поврзани со претходната власт на дуи и сдсм. Овие субјекти се инволвирани во креирање и ширење на лажни информации и материјали, лажни профили на социјални мрежи со украден личен идентитет, лични навреди, дисквалификации, говор на омраза, омаловажување и клевети.

Нивното делување има за цел создавање на атмосфера на јавен линч и поттикнување закани, со што директно се загрозени мојот личен и физички интегритет, но за жал и на моето семејство. Дел од тие креирани лажни профили и материјали, закани за физичка ликвидација и сл. веќе се пријавени во Министерството за внатрешни работи и надлежните институции преземаат мерки согласно законските надлежности.

Потенцирам дека во претходните неколку денови беа креирани серија на лажни профили со мој идентитет, на сите можни социјални мрежи, за што јас навремено, јавно информирав. Нивната намена беше да фабрикуваат, а во текот на последните два дена масовно да споделуваат фалсификувани и креирани, не од мене ставови, статуси и коментари на социјалните мрежи.

Јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните чекори и развојот на постапката.

Со почит,
Петар Богојески

Continue Reading

Македонија

Коцевски го побарал предметот за човекот кој ја прегази Теодора

Published

on

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски побарал увид во предметот кој се води во Вишото јавно обвинителство Гостивар, со цел детално да го испита текот на постапката против Менсур Пајазити, кој смртно ја прегази и усмрти Теодора Ристовска во Тетово, објави Телма.

Првичната казна од три и пол години затвор, која ја изрече тогашната судијка Верка Костовска (сега во пензија), не била обжалена од обвинителството. Подоцна, на седница на Апелацискиот суд во март минатата година, обвинителката Вјолца Елмази го изменила својот став – наместо претходното барање да се одбие жалбата на Пајазити, предложила изрекување поблага кривична санкција. Од Обвинителството нагласуваат дека висината на казната е исклучиво во надлежност на судот.

„Пред Апелацискиот суд, јавната обвинителка од ВЈО Гостивар на рочиште дала свој предлог во однос на попрецизно одмерување на казната, имајќи ја предвид пред се околноста дека обвинетиот непосредно пред завршување на првостепената постапка признал вина, како и претходната пракса во слични предмети. Меѓутоа, предлогот на обвинителката не е задолжителен за тричлениот совет од судии во Апелацискиот суд. Тој предлог во ниту еден момент не се однесувал на намалување на казната за речиси половина од првостепената пресуда, како што досуди Апелација во својата одлука. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија веќе даде насоки и ќе го прибави предметот од Вишото јавно обвинителство Гостивар за да го разгледа во детали текот на постапката“, информира Јавно обвинителство.

Обвинителството сѐ уште го чека писменото образложение на пресудата, а според Судскиот совет, Апелацискиот суд во Гостивар можел или да ја потврди првостепената казна од две години затвор или да одлучи во корист на обвинетиот, но не и да изрече построга казна.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк