Connect with us

Македонија

КАЛОЃЕРА: Македонско малцинство има и во Грција и во Бугарија, негирањето е геноцидно и фашизоидно!

Горан КАЛОЃЕРА

(хрватски славист и македонист, редовен професор по македонистика и кроатистика на Универзитетот во РиекаХрватска, член на МАНУ)

Поттикнат од дискусиите за тоа дали има или нема македонски малцинства во Бугарија и Грција, не можам да се воздржам и да ги читам тие глупости, кои не водат до ништо.

Секако дека има национално малцинство од Македонци во Бугарија, како и национално малцинство на Македонци во Грција. Фактот што овие земји и нивните режими се поставија да го игнорираат постоењето на македонското малцинство во нивните земји е вистински доказ за нивната експанзионистичка и нетолерантна политика кон едно малцинство во нивните земји, што не е во согласност со проевропските политики што ги заговараат.

Кај нас, во Хрватска, без разлика што мислам за актуелната власт, за малцинствата се води грижа на најдобар можен начин. Тие имаат свои претставници во хрватскиот парламент и се великодушно финансирани од хрватската држава. Ова добро го знам, на примерот на македонското малцинство во Хрватска. Што не е случај со хрватското малцинство во Македонија.

Малцинствата во другите земји, негувајќи го својот јазик, обичаи, култура и литература, пишувајќи на својот национален јазик, се најдобрата можна врска помеѓу домицилната држава, во случајов Македонија и нејзините сонародници ширум светот.

Негирањето на едно национално малцинство, го земам примерот со Бугарија и Грција, е геноцидна и фашистичка ориентација на тие, ајде да ги наречеме „европски земји“, кон земја која не е членка на ЕУ.

Исто така, тажно и предавнички е како актуелната власт реагира на прашањето за националните малцинства во земјите со кои имаат политички и геополитички проблеми.

Срамни се потезите и односот на македонската политичка елита која не застанува во одбрана на своето малцинство. Во овој контекст, излегува дека најжестоките поборници за македонската независност се претежно луѓе од дијаспората. Прочитајте ги романите и есеите на Божин Павловски (Миладин од Кина, Црвен Хипократ, Западна Ауст, Австралија, Австралија) и ќе видите како реагираат и размислуваат Македонците во светот и колку е тежок овој печалбарски живот. Македонците не живеат и постојат само во Македонија, туку во целиот свет и се борат за своите права, но и за правната држава, која денес несреќно (се продава) се нарекува Северна Македонија. Малцинствата се важни, не треба да се занемаруваат, туку да се прифатат во рамките на матичната држава. Се друго е обична лага и предавство на националните интереси.

Извор: Денешен

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг