Connect with us

Македонија

Маричиќ: Подготвени сме да разговараме за вметнување на Бугарите во Уставот

Published

on

Никави задршки околу македонскиот јазик не смее да има во преговарачката рамка затоа што сметаме дека имаме право на тоа. Бугарија има своја позиција во однос на македонскиот јазик, но ќе видиме каков однос ќе изгради таа кон преговарачката рамка и кон тоа прашање, но тоа е предмет на разговори и преговори, изјави вечерва вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во Тема на денот на Сител ТВ.

Маричиќ вели дека нема друга црвена линија освен таа дека нема да отстапат околу тоа дека имаме право да говориме македонски јазик и тој да биде еден од нашите обележја. На тоа, посочува, не обврзува и Уставот и Декларацијата во Собранието и додава дека никој од нив нема друга намера.

– Важно е за нас да не стане процесот на европеизација, процес на билатерализација или процес на оптоварување на преговарачката рамка со билатерални прашања – рече Маричиќ, додавајќи дека важно е и ние, како и Бугарија, да имаме гаранции за работите кои ќе ги договориме дека ќе бидат спороведени и оти со нивното исполнување ќе биде отстрането ветото и на правилен начин ќе биде усвоена преговарачката рамка.

Во наредните денови, како што најави тој, со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одат во Брисел на повеќе средби на кои, како што рече, ќе се разговараат повеќе прашања.

Говорејќи за внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав, Маричиќ вели дека во моментот кога ќе се отвори постапката како Влада се подготвени да разговараат за внесување на хрватската, црногорската и бугарската заедница во Уставот, бидејќи, како што појасни, не гледаат концептуален или политички проблем во нашиот систем да бидат вклучени во Уставот.

– Тоа дали ќе ги прошириме на уште три или уште пет, концептуално за нашиот политички систем не е никаков проблем. Подготвени сме до членството во ЕУ да го отвориме ова прашање и да го заокружиме како работа на нашиот систем со тоа што ќе ги внесеме и овие три заедници – рече Маричиќ.

Според него, тоа треба да се стори пред пристапувањето во ЕУ и тоа, како што рече, е став и на Владата.

– Немаме проблем тоа да го направиме, кога и како допрва треба да се договориме – додаде вицепремиерот Маричиќ.

Во врска со неговата претходна изјава за немешање во малцинските прашања на други држави, Маричиќ дообјасни дека треба да се држиме до нашиот Устав и нашата политика која трае во континуитет.

Тој дополни дека нашата држава не барала ништо низ годините од Бугарија. Македонците во Бугарија, кои создаваат свои структури таму, се обраќале и до бугарските и до европските институции и тоа е патот за остварување на целите, смета вицепремиерот Маричиќ.

Македонија

„Дајмонд мол“ под вода: Проблеми со прокиснувањето.

Published

on

Дождовната вода вечерва го поплави последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“, каде вработените беа принудени со кофи да собираат вода. Оваа непријатна ситуација предизвика реакции кај посетителите, особено имајќи ја предвид вредноста на инвестицијата од 350 милиони евра. Случајот отвора прашања за квалитетот на изведбата и надзорот.

Continue Reading

Македонија

Граѓаните закажуваат па не доаѓаат, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле на компјутерска томографија

Published

on

Во изминатиот период, во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле. Тоа се над 23 проценти од пациентите кои не се појавиле и претходно, не го отккажале терминот во јавното здравство, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андоновски.

Тој објасни дека се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе остават место пациентите на кои навистина им треба дијагностичка процедура да ја завршат и да нема големи листи на чекање.

„Ги следиме податоците на закажани термини и на искористени термини. Стварно се јавува еден доста голем проблем. Ние сме во постојана координација и со Мој термин и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Разговараме за да изнајдеме идејно решение како тоа би се надминало“, посочи Андовски.

Тој кажа дека ова е многу голем проблем затоа што им се зема редот на оние граѓани на коишто навистина им треба дијагностичка процедура. Андовски рече дека се прават анализи и дека во многу земји тоа се решава на повеќе начини само треба да се реши на кој начин тоа ќе се направи.

„Во некои земји, двапати ако се откаже терминот, следува одредена парична казна или пак нема да може да закаже редовен термин за одреден временски период. Ние не би сакале да одиме со такви реперкусии. Првин ќе апелираме, ќе видиме, ќе разговараме и со докторите, ќе разговарме и преку здруженијата на пациентите, ќе апелираме. Тоа е последно што може да направиме“, подвлече тој.

Од Мој термин се праќаат пораки и потсетуваат, и според Андовски, дури и последниот ден да се откаже терминот таму се организирани, може веднаш да го ослободат терминот.

Continue Reading

Македонија

Во Штип дуваше ветер со 100 км. на час кој урна дрвја и покриви на куќи

Published

on

Повеќе од 20 часа во Штип дуваше силен ветер со брзина од над 100 километри на час. Во текот на изминативе два дена од силниот ветер се паднати повеќе дрвја на неколку локации во градот. Едно дрво падна врз покривот на средното училиште „Коле Нехтетнин“, а едно кај градинката „Вера Циривири-Трена“, на места каде обично нема многу минувачи.

Општинските служби јавуваат дека нема повредени, но дека во некои населби паднале скршени гранки од стари дрва врз паркирани автомобили, а имало и оштетени покриви.

Од ЈП „Исар“ велат дека имале над 10 интервенции на паднати дрвја и гранки, а исто толку интервенции на повик имала и противпожарната единица во Штип. И од двете служби велат дека и понатаму се очекува да продолжи невремето во Штип и околината и ги советуваат граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат потреба и да внимаваат каде се движат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк