Connect with us

Македонија

Ова е Ембла жртва на примитивни и неуки луѓе, без посебен капацитет на мозок или пак шуплива празнина во сопствената лобања, живееме во земја каде се нема емпатија и сочувство

Published

on

Статус на денот – Весна Петрушевска – Бејби за случајот со Ембла:

Ова е Ембла жртва на полусветови, примитивни и неуки луѓе.Ние живееме во земја каде се нема емпатија и сочуство.Не постојат деца со посебни потреби ,постојат луѓе без посебен капацитет на мозок или пак шуплива празнина во сопствената лобања.

Ќе ви раскажам нешто што на Мина и се сличуваше после немилиот настан …ја запишав во Јаха Кемал си велам ќе и биде поарно,помалку деца, поголемо трпение.Ама не!!Се собраа родители од нејзиниот клас и рекоа дека ако не се отпише Мина тие сите ќе си напуштеле школото.Ова ми го кажаа само после два месеца откако Мина почна со школо во Јаха Кемал.Началството ме замоли да не сум правела проблем……бев бесна, лута,Џамбазов имаше идеја да им застанеме пред школо ќе се собереше народ ќе го затвореа.

Да,после таков стрес детето е недоверливо и агресивно✅башка што беше изложена на булинг✅✅така да јас сум во прва борбена линија за Ембла и сите булирани деца✅патем кај мене во актерската школа имам неколку деца со посебни потреби и другите деца ги учам како да постапуваат со нив, како да совладаат текст заедно, како да споделуваат и многу љубов,многу љубов✅Ембла кога сакаш да се видиме тука сум ❤️❤️❤️❤️во оваа држава по милионити пат повторувам дека нема поддршка за родителите како и тие да се справат со сопствените деца.Тие се хероите исто✅✅✅Кога зборувам за нив зборувам и за себе❤️гајле им е на оние што во буквална смисла ги малтретираат децата✅

Статусот изобилува со бројни коментари меѓу кои на Каролина Гочева, Калиопи и останати јавни личности.

Зијадин Нуредини, директор на Основното училиште Башкими во Гостивар, во изјава за Слободен печат вели дека не се чувствува одговорен затоа што ги молел родителите што ја поднеле петицијата и ја бојкотирале наставата да не го прават тоа и да почнат да се дружат со Ембла.

Тој не беше ниту свесен дека има иницијатива за негова смена од директорското место.

-Се што можев, направив, оставка не си давам. Не се чувствувам одговорен, затоа што родителите на почетокот прифатија Ембла да учи сама со асистентот, а потоа се премислија. Цело време сум правел напори да разговарам да се дружат со неа, да нема проблеми, а донесен е и образовен асистент, изјавил Нуредини за Слободен печат.

Македонија

Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините

Published

on

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговори на новинарското прашање во врска со вчерашната седница на Владата, на која беше усвоена информацијата за потребата од набавка на еколошки автобуси за ЈСП-Скопје и единиците на локалната самоуправа. Мицкоски објасни дека Владата донела одлука за започнување на постапка за набавка на 120 автобуси.

„Владата на вчерашната седница донесе одлука да започне постапка за набавка на 120 автобуси. Од нив, 80 ќе бидат наменети за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, додека 40 ќе бидат распределени на други сообраќајни претпријатија во општините каде што е организиран јавен превоз. Овие автобуси ќе бидат еколошки и електрични, во зависност од потребите и проценките,“ истакна Мицкоски.

Премиерот додаде дека Владата прави значаен напредок во обезбедувањето на чист воздух и подобра животна средина за граѓаните.

„Она што е важно е што овие автобуси нема да предизвикуваат загадување, што е нешто што е многу потребно, особено за време на грејната сезона. Владата презема чекор напред во обезбедувањето на чист воздух и пристојна животна средина за сите наши сограѓани,“ рече Мицкоски.

Тој истакна дека обезбедувањето на чиста животна средина и воздух за граѓаните е императив, но додаде дека овој процес бара време и не може да се постигне преку ноќ.

„Доколку само седиме и чекаме, време ќе помине и ништо нема да направиме. Ние сакаме да бидеме проактивни и да креираме политики кои ќе не водат до целта – пристојна и здрава животна средина за сите наши сограѓани,“ заклучи Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Николоски: Отвораме нова авионска линија Скопје – Париз, директна поврзаност меѓу двата града

Published

on

Од денеска, Скопје официјално се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово на Меѓународниот аеродром во Скопје беше реализиран првиот лет од Париз, од аеродромот Орли до Скопје, операиран од авиокомпанијата Изиџет.

Линијата ќе се реализира два пати неделно и е воведена благодарение на финансиската поддршка од Владата преку Министерството за транспорт, во рамките на Програмата за воведување нови дестинации.

Според договорот, авиокомпанијата Изиџет ќе ја оперира оваа линија од денеска, 2 април, до 31 декември 2027 година, со однапред утврден ред на летови.

„Ова е уште една можност за подобра комуникација и поврзување на Македонија со европските земји и европските метрополи. Париз е атрактивна дестинација за патување, но уште поважно е што ќе носиме туристи во Македонија. Како Влада, создадовме услови кои привлекоа нови авиокомпании, а резултатите веќе се видливи. За краток период воведовме осум нови дестинации од аеродромот во Скопје и две од аеродромот во Охрид. Го променивме моделот на субвенционирање и наместо да се даваат субвенции за заминување, сега даваме финансиска поддршка за патници во доаѓање. Целта ни е што повеќе луѓе да доаѓаат во Македонија, што ќе им овозможи да користат и други услуги во земјата. Оваа стратегија дава конкретни резултати и веќе преговараме со нови авиокомпании за нови дестинации“, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Линијата Скопје-Париз е дел од договорот за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии, кој го реализира Министерството за транспорт преку јавен повик за субвенционирање.

Покрај Париз, од Скопје ќе се воведат и нови линии кон Дубаи, Штутгарт, Лион, Барселона, Женева и Амстердам, додека од Охрид ќе бидат воведени линии кон Истанбул и Басел.

Според Програмата за финансиска поддршка за 2025-2027 година, донесена од Владата, предвидени се 360 милиони денари за субвенции за воведување нови авиолинии.

Целта на оваа Програма е да се унапреди авиосообраќајот, да се обезбедат нови дестинации со поволни услови за патување за граѓаните и да се развие цивилното воздухопловство.

Continue Reading

Македонија

Советот за јавни обвинители со негативно мислење за разрешувањето на Коцевски

Published

on

Советот на Јавни обвинители даде негативно мислење за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Коцевски. Шестмина од членовите беа „против“ предлогот на владата за разрешување, а тројца се изјаснија позитивно за разрешувањето.

Аргументите од дискусијата медиумите не можеа да ги слушнат затоа што беше исклучена јавноста со образложение дека ќе се дискутира и за дисциплински постапки но, и поради заштита на интегритетот на и угледот на државниот обвинител но, рекоа дека аргументите јавноста ќе може да ги прочита од записникот од седницата кој во наредниот период ќе биде усвоен и објавен.

Тројцата членови кои го поддржаа предлогот на владата за разрешување на Коцевски се Ардијан Демири и Кети Петкова избрани од Собранието и Маријана Илиеска избрана од обвинителите.

На седницата согласно законските одредби не присуствува државниот обвинител кој инаку е член на Советот на јавни обвинители по функција.

Тој испратил писмен одговор на предлогот за разрешување на владата. Владата најави дека постапката за разрешување на Коцевски во секој случај ќе ја запре поради истрагата за трагедијата во Кочани за, како што рече, да можат обвинителите целосно да се посветат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк