Connect with us

Свет

(Видео) Во Германија разнесен мост со 120 килограми експлозив

Published

on

Во Германија, тимови на рудари разнеле вијадукт долг 500 метри на автопатот А45.

На експертите им биле потребни 120 килограми експлозив, кои ги поставиле околу сите 16 столбови на мостот. Таквото количество експлозив обезбеди рамномерно уривање на мостот.


Фрагментите паднале на подготвеното место и не го оштетиле новиот мост кој беше отворен во декември 2021 година.

Уривањето на вијадуктот беше најголемото во историјата на земјата.

Свет

Трамп ја обедини Азија против себе?

Published

on

Трговските закани на Трамп ги обединуваат Кина, Јапонија и Јужна Кореја

Трамп ја обедини Азија против себе. Во пресрет на најавените царини од американскиот претседател кои би можеле да достигнат 20% и да ги погодат дури и традиционалните сојузници на САД, Кина, Јапонија и Јужна Кореја изразија подготвеност за заеднички одговор. Овие три водечки азиски економии, кои често биле во меѓусебни тензии, сега се приближуваат во одбрана на слободната трговија.

Кина се позиционира како лидер на слободната трговија

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја претстави Кина како „чувар на слободната трговија“, позиција која традиционално ја имаа САД. Министрите за трговија на трите земји на состанок во Сеул договорија тесна соработка и заеднички одговор на новите царини. Тие најавија иницијативи за одржување на „фер и транспарентна трговска средина“.

Јапонија и Јужна Кореја меѓу притисокот на САД и Кина

Трамп ја обедини Азија против себе. Дури и Јапонија се обидува да балансира меѓу САД и Кина, додека Јужна Кореја е зафатена со внатрешни политички превирања. Сепак, заедничкиот интерес – спротивставување на царинските закани – ги турка кон посилна регионална соработка.

Трговскиот сојуз и иднината на CPTPP

Кина веќе побара членство во Сеопфатниот и прогресивен договор за транс-пацифичко партнерство (CPTPP), но останува блокирана поради тензиите со Тајван. Овој договор, создаден од администрацијата на Обама за да го ограничи кинеското економско влијание, беше напуштен од САД за време на првиот мандат на Трамп.

Со сегашната ситуација, улогите на глобалната сцена се менуваат – Кина сега ја обвинува Америка за „вооружување“ на трговијата, иако до неодамна самата ги користеше истите стратегии.

Извор: Оф нет

Continue Reading

Свет

Кремљ потврди: Ова е главниот приоритет на Русија во моментов

Published

on

Продолжувањето на контактите на највисок ниво меѓу Русија и Кина е апсолутен приоритет за нас, во тек е активна подготовка за посетата на кинескиот лидер Си Џинпинг и руско-кинескиот самит кој е најважниот надворешнополитички настан за Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Продолжувањето на контактите на највисок ниво помеѓу Москва и Пекинг е наш несумнив приоритет, кој не е поврзан со никаква посебна ситуација, не зависи од никакви надворешни фактори, поради што се вршат интензивни подготовки за (посетата на кинескиот претседател)“, одговори Песков на новинарските прашања.

Според неговите зборови, руско-кинескиот самит е најважниот надворешнополитички настан за Москва.

„Роковите и местото на претстојниот самит на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг, кој е планиран за мај, се усогласени, во тек е подготовката на агендата, која се одвива максимално активно“, истакна Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна во Кремљ со министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, кој престојува во официјална посета на Москва.

Пред тоа, со кинескиот министер се сретна и рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.

Претходниот состанок на Путин со овој кинески официјален претставник се одржа во септември минатата година во Санкт Петербург, каде се разговараше за перспективите на билатералните односи, како и за подготовките за самитот на БРИКС во Казан.

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, започна во понеделникот официјална тридневна посета на Русија. Шефот на кинеската дипломатија разговараше со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за претстојните контакти на највисок ниво помеѓу двете земји, развојот на билатералните односи и меѓународни прашања, вклучувајќи ја и Украина.

Continue Reading

Свет

Украинскиот претседател испрати драматична порака: Зеленски бара итно решавање на овој специфичен проблем

Published

on

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повика на глобален одговор по синоќешниот напад на Русија со беспилотни летала на неговата земја.

Во директна порака до западните сојузници, Зеленски изјави дека е потребен „нов и почувствителен притисок“ на Москва за да се стави крај на војната.

„САД и европските земји не смеат да чекаат до 11 април, кога ќе помине месец дена откако Русија го одби американскиот предлог за прекин на огнот“, додаде Зеленски.

„Оваа систематска и постојана природа на руските нападите јасно покажува дека Москва ги презира дипломатските напори“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс (X).

„Путин не сака дури ни делумен прекин на огнот. Не треба да чекаме до 11 април, кога ќе помине месец дена откако Русија рече ‘не’ на американскиот предлог за прекин на огнот. Мора да се дејствува што е можно побрзо“, истакна украинскиот претседател.

Тој додаде дека официјалниот Киев е подготвен да работи со партнерите од САД и Европа на постигнување на „достоинствен и траен мир“.

Од друга страна, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина во последните 24 часа два пати ги нападнала руските енергетски постројки, и покрај договорот со посредство на САД.

Според изјавите на Министерството, Украина извршила напади со беспилотни летала и артилерија на објекти во руската област Курск.

Како што јавуваат РИА новости, ова довело до прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк