Connect with us

Инфо +

“Стани Филипче, облечи го Cупepмен костимот и одлетај што подалеку”

Откако пристигнаа новите рекорди во Македонија со 243 нови случаи на коронавирусот на ден, од направени 1831 тестирања, реагираат повеќе граѓани.

Вчера нови случаи имаше во градовите Скопје 98- Куманово 11- Штип 7- Прилеп 12- Тетово 2- Струга 9- Велес 3- Битола 5- Охрид 5- Кавадарци 4- Гостивар 5- Гевгелија 5- .

Струмица 21- Крива Паланка 2- Радовиш 9- Кочани 11- Пробиштип 1- Демир Хисар 1- Берово 9- Валандово 4- Виница 2- Делчево 2- Свети Николе 12- Кичево 1- Неготино 2.

Се огласи и Латас преку својот фејсбук профил, каде што тој напиша:

Вечер.мк синојка објави слики за масовна журка во Мош.

Денес пазарен инспектор излезе и рече дека за настанот ќе има kp ивична пријава и затворање на објектот…

но, вечерва во Мош повторно има масовна журка.

Стани Филипче, облечи го Супермен костимот и одлетај што подалеку.

Децата на комуњарите се генетски отпорни на вируси, друго не ми текнува зошто не ги штитат барем своите деца, ова го напиша Драган Павловиќ Латас на својот фејсбук профил.

Advertisement

Балкан

Конфликт на грчката граница: Земјоделците не попуштаат, владата ги активира вонредните мерки

Грција веќе неколку дена е парализирана! Револтот на земјоделците, незадоволни од третманот на Владата, ескалираше во масовни протести кои ја фрлија земјата во хаос. Десетици сообраќајници, регионални и локални патни правци се блокирани, а сообраќајот на клучните гранични премини е во колапс.

Најголем удар трпи сообраќајот кон Македонија. Граничниот премин Евзони (Богородица), клучната артерија меѓу двете земји, вчера беше повторно блокиран од 17 часот, како последица на бескрајниот штрајк. Ова беше втор прекин во текот на вчерашниот ден, откако утрото беше затворен, па нормализиран, за повторно да биде заклучен попладне. Како што информира АМСМ, блокадите се случуваат во различни периоди од денот, што го претвори патувањето меѓу Македонија и Грција во вистинска лотарија. Единствена светла точка: Сообраќајот на ГП Ники (Меџитлија) беше нормализиран, додека на ГП Дојран сè уште функционира без застои.

Со најмалку 40 земјоделски блокади низ целата земја и секојдневно засилување на протестите, грчката Влада брза да ги отклучи одложените земјоделски исплати. Тензиите веќе прераснаа во насилни инциденти на аеродромите на Крит и пред канцеларијата на министерот во Кардица.

Министерот за развој на земјоделството, Костас Цијарас, очајно повика на дијалог: “Подготвени сме веднаш да разговараме со земјоделците – денес, утре, кога и да е потребно.”

Владата ја остава отворена можноста за преиспитување на распределбата на земјоделскиот дизел и продолжување на субвенциите за електрична енергија. Сепак, како главен проблем останува неспособноста на земјоделците да се организираат и да настапат со унифицирани барања.

Основна причина за немирите се доцнењата во исплаќањата на субвенциите. Околу 140.000 производители беа исклучени од авансните плаќања поради проблеми со сателитското мапирање, предизвикани од грчкиот орган OPEKEPE. Уште посложено е прашањето за 13.451 сточари од Крит, Серес и Лариса, кои не добиле исплата бидејќи не можеле да пријават доволно пасишта.

Состојбата на Крит е особено вжештена! Протестите нагло ескалираа, претворајќи се во отворен судир со властите. Во Ираклио, земјоделците го пробија периметарот на аеродромот и влегоа на пистата! Во Ханија, избувнаа судири во близина на аеродромот, каде полицијата ги блокираше демонстрантите. Следуваше фрлање камења, солзавец и повреда на полицаец.

Властите не останаа неми: Најмалку 15 учесници се идентификувани и се соочуваат со сериозни обвиненија, вклучувајќи обид за убиство, формирање криминална организација и прекршоци со оружје.

Премиерот Киријакос Мицотакис испрати јасна порака: вратата за дијалог е отворена, но ултимативно бара прекин на насилството.

„Нашата врата е секогаш отворена, но дијалогот мора да се одвива со отворени патишта“, предупреди тој.

Мицотакис истакна дека екстремните дејствија ризикуваат да го свртат јавното мислење против земјоделците и нагласи дека преговорите мора да ги почитуваат фискалните ограничувања на ЕУ.

Како најава за следната ескалација, земјоделците планираат блокада на пристаништето Волос, каде ќе им се придружат и рибарите. Кризата во Грција е далеку од завршена.

Continue Reading

Свет

Смртна казна за мито: Кина егзекутира поранешен директор

Баи Тианхуи, некогашниот моќен извршен директор на „Чајна Хуаронг Интернешнл Холдингс Лтд.“, беше погубен во северниот град Тјанџин, откако беше осуден за примање мито во вредност од 1,108 милијарди јуани – што е еквивалентно на речиси 156 милиони долари.

Извор: (21) People’s Daily, China on X: “China on Tuesday executed Bai Tianhui, former general manager of China Huarong International Holdings Limited, after being convicted of bribery. The execution was carried out by a court in north China’s Tianjin Municipality, following the approval of the Supreme People’s Court. https://t.co/kHMF7nv5bz” / X

„Злосторствата на Баи се особено сериозни“, пресуди Врховниот народен суд, кој ја одобри егзекуцијата, како што објави државната новинска агенција Синхуа.

Баи ја злоупотребил својата висока позиција во периодот помеѓу 2014 и 2018 година, стекнувајќи богатство на нелегален начин. Врховниот народен суд ја потврди најстрогата казна, смртна казна, со што стави печат на судбината на некогаш влијателниот директор.

Наредена е конфискација на целиот негов личен имот и сите нелегално стекнати добивки ќе бидат префрлени во државната каса.

Баи се жалеше на пресудата од мај 2024 година, но Вишиот народен суд во Тјанџин ја одби неговата жалба уште во февруари оваа година.

Пред да се изврши егзекуцијата, на Баи му беше дозволено да оствари последна средба со своите роднини. Ова погубување претставува јасен сигнал од страна на Пекинг за нулта толеранција кон високото ниво на корупција во финансискиот сектор.

Извор: 受賄11.08億,原中國華融國際控股有限公司總經理白天輝被執行死刑!最高人民法院用四個“特別”描述他的罪行

 

Continue Reading

Европа

ЕУ ја зацврсти својата климатска амбиција: Пратениците го одобрија ревидираниот закон со цел климатска неутралност до 2040 година

Комитетот за животна средина на Европскиот парламент по месеци мачни преговори, одложувања и интензивно политичко надмудрување, им беше поддржана ревизијата на клучниот климатски закон од европратениците со големо мнозинство.

Климатската амбиција останува цврсто на врвот на европската агенда, без оглед на растечките скептицизми.

Со 55 гласа „за“ наспроти 32 „против“, Комитетот практично го отвори патот за финално усвојување на законот на пленарната седница во Стразбур. Основната цел – намалување на емисиите на стакленички гасови за 90% до 2040 година во споредба со 1990 година – останува неприкосновена.

Сепак, ревидираната рамка ја задржува флексибилноста што ја бараа земјите-членки. Ова е витална отстапка за да се осигури дека амбициозните еколошки цели нема да ја задават конкурентноста на европската индустрија.

Најжестокиот судир се водеше токму околу контроверзното прашање за меѓународните јаглеродни кредити. Законот дозволува користење до 5% од овие кредити за компензација на емисиите во одредени сектори, со опција за дополнителни 5% во случај на недостиг од природни апсорбери во рамките на ЕУ.

Парламентот се наметна со построга формулација во однос на нивниот квалитет. Европратениците бараат овие кредити да бидат строго регулирани, целосно транспарентни и со јасно докажливо влијание врз намалувањето на емисиите во земјите надвор од ЕУ. Се инсистира на силни заштитни механизми, нула толеранција за двојно броење и постојана верификација. Барањето е високо: воспоставување на стандарди повисоки од оние во Парискиот договор.

Шпанскиот пратеник Хави Лопез, кој го предводи целиот процес, гласањето го прогласи за „силна потврда на европското лидерство во глобалните климатски политики“. Неговата порака е економско-социјална: транзицијата мора да биде фер и поткрепена со алатки, инвестиции и индустриска стратегија што нема да остави ниту една заедница зад себе.

Иако дел од социјалдемократите се надеваа на уште подраматичен исход, нивниот претставник Тиемо Волкен оцени дека компромисот е „подобар отколку никаков договор“, особено во ова време на растечки скептицизам и популизам.

Од другата страна, партијата на Зелените ја изрази својата разочараност од продолженото користење на меѓународни кредити. Тие предупредуваат дека ова може да ја „разреди климатската амбиција“ и да генерира дополнителни трошоци без реално намалување на емисиите.

Сепак, широката коалиција составена од ЕПП, социјалдемократите, Renew Europe и Зелените обезбеди стабилно мнозинство, зацврстувајќи ја позицијата на законот пред неговото финално гласање оваа недела.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг