Connect with us

Свет

Mилијардер кој е на смртна постела им ги подели парите на сиромашните

Published

on

Милијардер од Мјанмар доби големо внимание и пофалби на социјалните мрежи откако ги подели своите пари на сиромашните и рече дека не може да ги однесе на другиот свет.

Во видеото објавено на Фејсбук се гледа како лица им делат пари на луѓе кои се поклонуваа на човек кој е облечен во бела облека и седи на стол.

Овој човек во бело е видно болен, иако дава се од себе да седне на столот додека луѓето му се заблагодаруваат за неговата дарежливост.

На видеото не можеме да видиме кој е овој човек, од каде е и колку пари им дава на луѓето, но ако ова навистина се случило, тогаш навистина го заслужува вниманието кое го доби на социјалните мрежи.

Свет

Кремљ потврди: Ова е главниот приоритет на Русија во моментов

Published

on

Продолжувањето на контактите на највисок ниво меѓу Русија и Кина е апсолутен приоритет за нас, во тек е активна подготовка за посетата на кинескиот лидер Си Џинпинг и руско-кинескиот самит кој е најважниот надворешнополитички настан за Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Продолжувањето на контактите на највисок ниво помеѓу Москва и Пекинг е наш несумнив приоритет, кој не е поврзан со никаква посебна ситуација, не зависи од никакви надворешни фактори, поради што се вршат интензивни подготовки за (посетата на кинескиот претседател)“, одговори Песков на новинарските прашања.

Според неговите зборови, руско-кинескиот самит е најважниот надворешнополитички настан за Москва.

„Роковите и местото на претстојниот самит на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг, кој е планиран за мај, се усогласени, во тек е подготовката на агендата, која се одвива максимално активно“, истакна Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна во Кремљ со министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, кој престојува во официјална посета на Москва.

Пред тоа, со кинескиот министер се сретна и рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.

Претходниот состанок на Путин со овој кинески официјален претставник се одржа во септември минатата година во Санкт Петербург, каде се разговараше за перспективите на билатералните односи, како и за подготовките за самитот на БРИКС во Казан.

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, започна во понеделникот официјална тридневна посета на Русија. Шефот на кинеската дипломатија разговараше со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за претстојните контакти на највисок ниво помеѓу двете земји, развојот на билатералните односи и меѓународни прашања, вклучувајќи ја и Украина.

Continue Reading

Свет

Украинскиот претседател испрати драматична порака: Зеленски бара итно решавање на овој специфичен проблем

Published

on

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повика на глобален одговор по синоќешниот напад на Русија со беспилотни летала на неговата земја.

Во директна порака до западните сојузници, Зеленски изјави дека е потребен „нов и почувствителен притисок“ на Москва за да се стави крај на војната.

„САД и европските земји не смеат да чекаат до 11 април, кога ќе помине месец дена откако Русија го одби американскиот предлог за прекин на огнот“, додаде Зеленски.

„Оваа систематска и постојана природа на руските нападите јасно покажува дека Москва ги презира дипломатските напори“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс (X).

„Путин не сака дури ни делумен прекин на огнот. Не треба да чекаме до 11 април, кога ќе помине месец дена откако Русија рече ‘не’ на американскиот предлог за прекин на огнот. Мора да се дејствува што е можно побрзо“, истакна украинскиот претседател.

Тој додаде дека официјалниот Киев е подготвен да работи со партнерите од САД и Европа на постигнување на „достоинствен и траен мир“.

Од друга страна, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина во последните 24 часа два пати ги нападнала руските енергетски постројки, и покрај договорот со посредство на САД.

Според изјавите на Министерството, Украина извршила напади со беспилотни летала и артилерија на објекти во руската област Курск.

Како што јавуваат РИА новости, ова довело до прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Continue Reading

Свет

Шведска инвестира 10 милиони долари за засолништа во случај на војна

Published

on

Шведска, која неодамна предупреди дека земјата треба да се подготви за можни конфликти, најави вложување од 10 милиони долари за проверка и обнова на засолништата за цивилна заштита.

По руската инвазија на Украина и загриженоста за поддршката на НАТО од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, Шведска значително ги зголеми инвестициите во одбраната. Земјата располага со 64.000 засолништа, повеќе од која било друга држава, со капацитет за речиси седум милиони луѓе.

Агенцијата за цивилна заштита ги засили инспекциите на засолништата, кои обезбедуваат заштита од експлозии, радиоактивност, како и од хемиски и биолошки закани. Започнат е голем проект за модернизација на нуклеарните засолништа, кој ќе трае две до три години, а во 2025 година се планира замена на филтрите за заштита од хемиски и радиолошки опасности.

Премиерот Улф Кристерсон изјави дека Шведска „не е во војна, но нема ни мир“, посочувајќи на хибридни напади и потенцијални акти на саботажа. Владата планира да ја зголеми воената потрошувачка за 30 милијарди долари во следната деценија, а зајакнувањето на цивилната одбрана е дел од стратегијата за „целосна одбрана“ која беше обновена по анексијата на Крим во 2014 година.

Во меѓувреме, Данска најави набавка на нови ракети и 130 оклопни возила, што укажува на зголемена подготвеност на регионот за можни безбедносни закани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк