Connect with us

Свет

Ситуацијата eскалира: Aрмијата на ДНР ја yништи позицијата од која беа зacтpeлaни цивили, доброволци од Крим пристигнаа во Донбас

Published

on

Ситуацијата во Донбас не се смирува веќе трет ден. Гранатирањето на украинската армија предизвика големи штети на цивилната инфраструктура на Доњецката и Луганската народна република, поради што овие самопрогласени републики на 18 февруари најавија евакуација на населението во Русија и прогласија општа мобилизација.

Украинските сили го гранатираат селото Трудовски во самопрогласената Доњецка Народна Република, изјави лидерот на Доњецк.

Русија не планира да ја нападне Украина, потсети рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов. Tој додаде дека Русија го смета Донбас за дел од Украина.
„Русија јавно изјави дека е подготвена да продолжи со дипломатските напори за решавање на сите постоечки прашања. Руските трупи се на суверена руска територија. Никому не се закануваме“, нагласи амбасадорот.


Русија не го гледа НАТО како „мирна невладина организација“, туку како воена машина и се обидува да го спречи неговото ширење, рече Антонов во интервју за американската телевизија „Си-Би-Ес“.
„Сакаме САД да ги повлечат своите војници, оружјето од овие земји, бидејќи тоа е нашиот живот, тоа се гаранции за нашата безбедност за нашиот народ“, заклучи Антонов.


Група доброволци од Крим пристигнаа во Донбас. Групата е предводена од координаторот на Комитетот за интеграција на Русија и Донбас, Андреј Козенко и атаманот на Црноморската козачка армија, Антон Сироткин.


Козенко смета дека Вашингтон е првенствено заинтересиран за ескалација во Донбас. Тој исто така спомна дека еден повик од американскиот претседател Џозеф Бајден ќе го принуди Зеленски да ги почитува договорите од Минск.

Свет

Трамп: Се зависи од Русија, нашите луѓе во моментов се на пат кон Москва

Published

on

Американскиот претседател, Доналд Трамп, пред средбата со ирскиот премиер во Белата куќа, изјави дека САД добиле „некои позитивни пораки“ за прекин на огнот со Украина, по вчерашните разговори во Саудиска Арабија.

„Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, изјави Трамп пред новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“. Американскиот претседател истакна дека „нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“.

„Можеме да извршиме притисок врз Русија. Се надевам дека нема да биде потребно, но можеме да го направиме тоа. Можам да применам многу силни финансиски санкции за Русија, кои би биле многу штетни за нив. Но, не сакам да го сторам тоа бидејќи сакам мир“, рече Трамп.

Претходно денеска, американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека САД ќе имаат контакт со руската страна и се надеваат на позитивен одговор од Москва.

„Силно ги повикуваме Русија да ги прекине сите непријателства. Овој конфликт нема воено решение“, нагласи Рубио. Тој потврди дека разговорите во Џеда вклучиле и дискусии за тоа „како треба да изгледа преговарачкиот процес“, вклучувајќи и „разговори за територијални отстапки“.

„Ако Русите одбијат, тоа ќе ни каже многу за нивните цели и начин на размислување“, додаде Рубио.

Тој исто така истакна дека Украина ќе има потреба од доволно силна заштита од идни напади и дека европските земји ќе мора да се вклучат во овој процес. Рубио нагласи дека договорот за минерални суровини не треба да се гледа како безбедносна гаранција.

Continue Reading

Свет

Путин ќе го разгледа предлогот за прекин на огнот, но има еден услов за Трамп и Америка

Published

on

Кремљ одбил да го коментира предлогот за прекин на огнот со Украина на 30 дена, наведувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин треба да добие повеќе детали пред да ја разгледа понудата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјавил дека Москва очекува “детални информации” од Вашингтон по преговорите меѓу високите официјални претставници на САД и Украина во Саудиска Арабија, на кои Киев изјави дека е подготвен за моментален прекин на огнот, пренесува “Гардијан”.

“Очекуваме дека државниот секретар Марко Рубио и советникот Мајк Волц ќе не информираат за преговорите и постигнатите договори во следните денови”, изјавил Песков за новинарите во Москва, додавајќи дека Кремљ може да организира краток телефонски разговор меѓу Путин и Доналд Трамп, ако тоа биде потребно.

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, потврдил дека САД во среда ќе ја информираат Русија за договорот за прекин на огнот постигнат со Украина.

“Сите се радуваме на одговорот на Русија и ја охрабруваме да го разгледа прекинот на сите воени акции”, изјавил Рубио.

“Ако кажат ‘не’, тогаш ќе мораме се добро да разгледаме и да сфатиме каква е нашата позиција во светот, но и кои се нивните вистински намери”, додал тој.

Очекувањата се дека ќе стигне претставникот на Белата куќа за Блискиот исток и близок сојузник на Трамп, Стив Виткоф, во Москва подоцна оваа недела за состанок со рускиот лидер, иако Кремљ тоа сè уште не го потврдил.

Во меѓувреме, Украина соопштила дека планира да продолжи со разговори со САД следната недела во врска со деталите за привремен прекин на огнот од 30 дена.

“Веќе се договоривме дека следната недела, на техничко ниво, тимовите ќе започнат да разговараат за сите детали”, изјавил Андриј Јермак, шеф на администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, доцна во вторник вечерта по важните преговори во Џеда, кои исто така поттикнале САД да ги укинат своите ограничувања за воена помош и размена на разузнавачки податоци.

Јермак додал дека САД сега ќе ги презентираат предлозите на Русија развиени во текот на преговорите.

“По оваа средба, клучот сега е во рацете на Русија. И целиот свет ќе види кој навистина сака мир, а кој само зборува за него”, изјавил Јермак.

Се уште не е јасно дали Путин е подготвен да го прифати прекинот на огнот.

Continue Reading

Свет

Путин во дилема? “Тешко би се согласил на тоа”

Published

on

Кремљ не ја исклучува можноста за телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трамп по американско-украинските преговори во Џеда, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не ја исклучуваме можноста дека може да се појави тема за телефонски разговор на највисоко ниво. Ако се појави потреба, разговорот ќе биде организиран многу брзо. Постојаните канали за дијалог со Американците овозможуваат тоа да се направи во прилично краток рок“, изјави тој.

Песков додаде дека Русија очекува да добие информации за деталите од преговорите во Џеда на идните преговори со САД, кои ќе се случат наскоро, пренесува ТАСС.

Во врска со потенцијалното 30-дневно примирје во Украина, за кое разговарале украински и американски официјални лица, Песков напомена дека е важно „да не се претера со брзање“.

И портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави синоќа дека Кремљ не ја исклучува можноста за контакти со американската страна во следните неколку дена.

Таа го изјави ова за РИА Новости, по изјавата на Трамп дека целосен прекин на огнот во Украина ќе биде постигнат во наредните денови и дека верува дека за ова ќе разговара со Путин оваа недела.

„Путин тешко ќе се согласи со идејата за прекин на огнот“

Висок руски извор изјави за Ројтерс дека претседателот Владимир Путин тешко би се согласил со идејата за прекин на огнот без договор за условите и добивање некои вид гаранции.

„На Путин ќе му биде тешко да се согласи со тоа во неговата сегашна форма“, изјави изворот за Ројтерс под услов на анонимност поради чувствителноста на ситуацијата, пренесе „Јутарни лист“.

„Путин е во многу силна позиција бидејќи Русија напредува“, додаде тој.

Изворот изјави дека без гаранции за прекин на огнот, позицијата на Русија брзо може да стане послаба и дека тогаш Западот би можел да ја обвини Русија за неуспехот да ја заврши војната.

Друг висок руски извор изјави дека предлогот за прекин на огнот изгледа како замка од перспектива на Москва, бидејќи на Путин ќе му биде тешко да ја запре војната без конкретни гаранции или ветувања.

Трет руски извор додаде дека поголемата слика е што САД се согласија да продолжат со воената помош за Украина и размена на разузнавачки податоци, и го „облекоа“ тој потег со предлог за прекин на огнот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк