Connect with us

Инфо +

„Фала другари што го уништивте ноќниот живот преку тастатурите дома“

Published

on

Интересна дебата на твитер се одвива, овој диџеј на инстаграм напиша дека е погрешно тоа што се расипал ноќниот живот и да во право дека е тешко време за оваа индустрија, и дека преку популистички статуси и видеа се прави штета врз ноќниот живот што е тотално точно. Но према кој ?

Ноќен живот во време на пандемија никој не го забранува но уредбите за заштита од КОВИД мора да се почитуваат ние како целина имаме општествена одговорност, поради поединци во оваа индустрија патат и другите едноставно е, повеќето локали ги почитуваат овие мерки.

Тешко е да се профитира во овие услови на пандемија посебно за оваа индустрија но има простор како тоа се прави поради тоа што има мерки . Реално и треба да бидат револтирани овие луѓе поради тоа што ги почитуваат мерките на страна, од некои што не ги почитува нормално дека е фрустрација вашите тезги да бидат забранети поради тоа што на некој му текнало да направи повеќе пари викајки 500 луѓе за настан од 200 луѓе. Тука е проблемот не е овој диџеј тука неговите конкуренти болни за пари.

Свет

Бројот на загинатите во рускиот напад на Криви Рог се искачи на 19, а 68 се повредени

Published

on

Бројот на загинати во рускиот балистички напад на Криви Рог се искачи на 19, а 68 лица се повредени, објави Укринформ. Претходно беше соопштено дека загинале 18 лица, меѓу кои девет деца, а повредени се 56 лица.

Претседателот на Советот за одбрана на Криви Рог, Александар Вилкул изјави дека две деца повредени во нападот се пренесени во болница.

“Во терористичките напади повредени се 68 лица – од тримесечно бебе до постари лица. Во болниците моментално се наоѓаат 40 лица. Две деца на возраст од пет и осум години се префрлени во болница во Днепар и тие се во исклучително тешка состојба, 17 лица се во тешка состојба”, рече тој на Телеграм.

Continue Reading

Свет

Руски тајни воени сателити оставаат мистериозни објекти во орбитата на Земјата: Што се случува во вселената?

Published

on

Три тајни руски воени сателити, наречени Космос, предизвикаа бран на интриги меѓу вселенските набљудувачи откако неидентификуван објект беше лансиран во орбитата на Земјата.

Овие три руски воени сателити, означени како „Космос 2581“, „Космос 2582“ и „Космос 2583“, беа лансирани со ракета Сојуз-2.1V од космодромот Плесецк на 2 февруари, објави порталот Scientific American.

Оттогаш, сателитите, чија цел е непозната, покажаа интересно однесување додека се во блиска поларна орбита на приближно 585 километри над Земјата.

„Во март овие сателити се чинеше дека спроведуваат можни операции во близина на други објекти во вселената“, рече Џонатан Мекдауел, астрофизичар кој внимателно ја следи вселенската активност.

Потоа, американските вселенски сили го потврдија постоењето на нов објект во орбитата, за кој се верува дека бил ослободен од сателитот Космос 2581 на 18 март.

Русија не соопшти никакви детали за сателитите и нивната мисија. Огромното мнозинство на сателитски мисии на Космос се класифицирани и се чуваат во тајност.

Ослободениот објект може да има различни намени, вклучително и воени експерименти, како што се тестирање и анализа на други сателити или таргетирање, тестирање на технологија за приклучување или формациски летање. Тоа може да биде и научен товар или дури и резултат на ненамерна фрагментација, иако тоа обично би резултирало со регистрација на бројни парчиња и остатоци.

Името Космос се користи уште од ерата на Советскиот Сојуз, а подоцна и Русија, за широк опсег на воени и научни сателити од 1962 година. Сателитите служеа за различни експериментални цели, од кои некои беа експериментални, тајни или дел од воени програми, вклучувајќи ги првите ASAT (антисателитски) тестови, сателитски тестирања, електронско разузнавање и.

Не е невообичаено три воени сателити да летаат во орбитата на Земјата во формација. Соединетите Американски Држави (на пример, Поморскиот систем за надзор на океанот) и Кина (Јаоган) лансираа бројни серии тројни сателити, од кои многу се наменети за електронско разузнавање, заедно со други серии сателити. Сепак, останува да се види што ќе прават трите руски сателити „Космос“ и нивниот „нов придружник“ во орбитата и која е нивната цел.

Continue Reading

Свет

Земјотрес од 6,9 степени според Рихтер го погоди брегот на Папуа Нова Гвинеја

Published

on

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Земјотресот бил во близина на островот Нова Британија, а предупредувањето за цунами било на сила кратко време. Нема информации за причинета штета.

Земјотресот бил во 6:04 часот по локално време, на околу 194 километри југоисточно од градот Кимбе.

Следеа два послаби земјотреси со јачина од 5,1 и 5,3 степени.

Земјотресите се вообичаени во Папуа Нова Гвинеја, архипелаг што лежи на „Огнениот прстен на Пацификот“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк