Connect with us

Македонија

Академик Ќулавкова: Никој освен нацистите не забранувал уметници како сега Чајковски, Достоевски, Чехов…

Published

on

Академик Катица Ќулавкова реагира на исфрлањето од репертоарот на врвни руски композитори, писатели уметници во знак на одмазда кон руската воена агресија во Украина.

Таа не може да прифати дека постхумно страдаат дела на големи умови од кои голем дел важат за дисиденти и кога би биле живи веројатно би се спротивставиле на рускиот претседател Путин за војната во Украина.

Освен нацистите во времето на Хитлер никој друг досега не забранувал дела уметници заради националноста на авторите, порачува академикот која бара разум од луѓето и политичките елити.

,,20-от и 21-от век се истетовирани од десетици ужасни војни, воени конфликти, инвазии, диктатури, револуции и режими под знакот на апартхејдот и сегрегацијата. Да ги спомнеме само Балканските војни, Првата и Втората светска војна, војните во Виетнам, Камбоџа и Либан, Авганистан и Ирак, заливските војни, израелско-палестинскиот конфликт, блискоисточните и пост-југословенските војни, арапската пролет, шарените и обоени револуции, Јемен, Украина…

Културното наследство, при тоа, не ретко било предмет на девастација, грабеж и илегална трговија. Ако се исклучи примерот со „табуизирањето на културните остварувања со еврејско потекло во нацистичка Германија, која забранувала изведби на композиции од Ф. Менделсон, курсеви за Хајнрих Хајне или натпревари со спортисти по потекло Евреи“ (Игор Радев), дури ни во II Светска војна не се практикувал бојкот на уметноста, културата и спортот.

Но денес, март 2022 година, по неколкудневната специјална руска воена интервенција во Украина, сиот „прогресивен“ европски и американски свет, па дури и северно-македонскиот, на голема врата ја промовираше бруталната политика на бојкот на уметноста и културата со руски предзнак.
Речиси хистерично се забрануваат изведби, промоции, настава, дистрибуција и комуникација на врвни и популарни уметнички дела и ремек-дела, бестселери, театарски претстави, филмови, концерти, автори, композитори, сликари, оперски певци, спортски настани, само затоа што имаат руски предзнак.

Со каква невидена морална и интелектуална леснотија се забранува Достоевски, Чехов, Чајковски, рускиот балет, руската романса…? Тотална декаденција на просветителскиот дух на Европа.
Пред наши очи се одвива оркестрирана примитивна политика која ги поткопува темелите на светското културно, уметничко и духовно наследство. Бојкотот на уметноста претставува грубо кршење на слободата на уметничкиот израз.

Забраната на слободниот проток на информации во епоха и цивилизација која парадира со паролата на слободата на говорот претставува груба повреда на бројни универзални и меѓународните конвенции за човековите и колективните права, колапс на идеалот на демократијата.

Колку е перверзно верувањето дека ако нема информација, нема ни трагедија. Со помош на медиумскиот мрак полесно се шират лажни вести, но и глобален говор на омраза.
Европо, да се биде против насилство и терор, значи да се биде против државно насилство и воен терор, но исто така значи да се биде и против насилство и терор врз уметноста, културата, спортот, образованието и медиумите.

Конечно, да се биде против насилството значи да се биде против метафизичкото насилство какво што е, на пр., негирањето на легитимните идентитетски и државотворни права на Македонците, Украинците…

Quo vadis, Europa? Се соочуваш ли со мутиран нацизам од транснационален вид?

Малку е да се каже дека згрижува актуелната дестабилизација на мирот во светот. Не е доволно да се каже дека војната не смее да биде начин на решавање на отворените прашања и дека не смеат да страдаат невини луѓе, ни во Украина, ни во Јемен… Малку е, не е доволно да се каже, но треба да се каже. На почетокот бил зборот. Добриот збор. И отворил железни порти”, апелира академик Ќулавкова..

Македонија

Верижен судир на 5 автомобили во Хиподром (ВИДЕО)

Published

on

Синоќа во населбата Хиподром се случи верижен судир во кој учествуваа пет автомобили.

Според очевидци, инцидентот настанал поради неприлагодена брзина и лизгав коловоз.

За среќа, нема информации за потешко повредени, но е причинета значителна материјална штета.

Од настанот постои и видео, кое сведочи за сериозноста на судирот.

Continue Reading

Македонија

Жолт аларм во Македонија: Од утре обилен снег, но и силен ветер, ова се деталите

Published

on

Утре се очекува брз продор на студена воздушна маса од север, што ќе донесе значителна промена во времето.

Ќе преовладува облачно време со дожд, а на повисоките места дождот ќе се прелее во снег. На планините ќе има врнежи од снег, при што се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 15 см.

Ќе дува силен северен ветер (над 70 км/ч), а температурите значително ќе опаднат.

Во понеделник, со продолжениот засилен северен ветер, на некои места ќе има повремени врнежи од слаб снег. Потоа времето ќе стане стабилно, но ветровито, со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни.

Continue Reading

Македонија

Полицијата со претреси во струмичко, пронајдени неколку вреќи со марихуана, но затекнале и лица како ја чистат растителната материја (ФОТО)

Published

on

Претреси во струмичко, пронајдена дрога

На 04.04.2025 во 15 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.К.(65) од село Колешино. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес на три локации кои ги користи лицето, при што на катастарска парцела во село Борисово, струмичко, биле пронајдени неколку вреќи и повеќе најлонски пакувања исполнети со зелена растителна материја, вреќа со остатоци од растителна материја, семки од растение, вага, како и други предмети со остатоци од растителна материја. Одземената растителна материја е со тежина од околу три килограми. При претрес на домот на лицето биле пронајдени и две воздушни пушки, за кои не поседувал соодветна документација.

На катастарската парцела биле затекнати и Џ.Д.(56) и Д.Т.(60), двајцата од село Банско, струмичко, во момент кога Д.Т. ја чистела пронајдената растителна материја, и биле лишени од слобода.

В.К. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк