Connect with us

Македонија

Грците во Битола пречекани со сонцето од Кутлеш: Нашата земја е Македонија без никакви придавки

Published

on

Фантастична атмосфера владее во Битола на мечот Еурофарм Пелистер и Аек Атина. Целиот капацитет во салата е распродаден и навивачите го бодрат за пласман во втората фаза.

Во Битола има и гостински навивачи кои се пречекани со знамето со сонцето од Вергина и порака дека „нашата земја е Македонија без никакви придавки“.

Македонија

Мицкоски: Утре започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови

Published

on

Во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти по што ќе се излезе со детални информации, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

На состанокот се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Мицкоски уште вчера на прес-конференција во Владата најави дека ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

-Почнува робусна акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба, дозволи за работа, и убеден сум дека ќе најдеме стотици, десетици… Милиметар да недостасува ќе бидат затворени, тука нема да има милост кон никого, рече Мицкоски.

Истакна дека објектот каде што се случи пожарот имал фалсификувана лиценца за работа од датум 13 март 2024 година, потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.

Continue Reading

Македонија

За 200.000 денари мито изгореа 59 млади луѓе

Published

on

Два дена по трагедијата во Кочани, власта покажа како се справува со одговорните за пожарот. Истрагата е во тек и што е најважно таа е транспарентна. Нема криење од народот, секој заслужува да биди кој е виновен и кој однесе млади луѓе во смрт.

Што се знае до сега

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на вчерашната прес конференција откри дека лиценцата за работа на дискотеката „Пулс“ во Кочани работела со фалсификувана лиценца издадена за мито од 200.000 денари.

200.000 денари, токлку вределе животите на младите кои дошле да се забавуваат а завршија во стампедо или задушени. Каде ќе им оди душата на тие нелуѓе.

Приведени се и поранешен државен секретар на министерство за економија, поранешен, мислам и сегашен раководител на еден сектор на министерството за економија, приведовме и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата.

Ова е само почеток. Како ќе се копа подлабоко којзнае што ќе излезе. Можеби ќе се појави и некој министер од претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Македонија како држава мора да извлече поука од оваа трагедија. Ова треба да биде клучниот момент во кој ќе застанеме во борма против најголемиот непријател-корупцијата, од најниско до највисоко ниво. Толеранција не смее да има кон никого.

Република.мк

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО: Свештеник ја смири гневната толпа луѓе пред куќата на Градоначалникот Папазов во Кочани

Published

on

Свештеник ја смири гневната толпа луѓе пред куќата на Градоначалникот Папазов во Кочани

Погледнете го видеото:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк