Connect with us

Македонија

Петровска: „Јовано Јованке“ е мојата омилена песна

Published

on

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ гостува министерката за одбрана Славјанка Петровска, со која разговаравме околу нејзината посета во Обединетото Кралство каде беше пречекана со поздрав на македонски јазик и изведба на песната „Јовано, Јованке“ од страна на британскиот воен оркестар.

Министерката вели дека ова е нејзина омилена песна, а настанот го оцени како добар гест на домаќините.

„Не знаев дека на толку добар начин и со ваков пријатен гест ќе бидам изненадена“, вели Петровска.

Инаку, Петровска подоцна истакна дека неколку дена претходно му соопштила на британскиот колега за омилената песна, а потоа тој се погрижил оркестарот да ја научи и интонира.

Македонија

ДВЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ Премиерот Мицкоски најави 500 нови работни места

Published

on

Двете инвестициите ќе бидат во вредност до 50 милиони евра и ќе обезбедат до 500 нови работни места.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека очекува до крајот на месецот да има две нови инвестиции. Едната, како што појасни, ќе биде проширување на веќе постоен погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција.

Двете инвестициите ќе бидат во вредност до 50 милиони евра и ќе обезбедат до 500 нови работни места.

– Преговараме и очекувам до крајот на овој месец да имаме две инвестиции. Едната ќе биде проширување на веќе постојан погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција, кои ќе обезбедат до 500 нови работни места. Очекувам овој месец тие две да ги завршиме, а веќе во декември ќе имаме најмалку уште две, но и почеток на една нова инвестиција, поточно ставање на камен темелник – изјави денеска Мицкоски во одговор на новинарско прашање, за време на поставувањето на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел.

Тој рече дека инвестициите ќе бидат во секторот градежништво и автомобилската индустрија.

На новинарско прашање во врска со средбата што се одржала оваа недела со потенцијален партнер за инвестиција во когенеративна гасна постројка, и дали станува збор за грчката компанија „Митилинеос“, Мицкоски одговори дека не е вклучена оваа грчка компанија, туку станува збор за сосема нов концепт и посочи дека има три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура на когенеративни производни капацитети.

– Ние жестоко ја критикувавме грчката „Митилинеос“, затоа што ценевме дека е штетна таа инвестиција и дека нема да донесе добро за македонските граѓани. Сега би било непристојно шест месеци потоа, само затоа што сега сме Влада да го смениме мислењето. Јас така не функционирам. Може да се случи да се поместиме доколку добиеме во меѓувреме аргументи, но не само што не добиваме аргументи, туку убедени сме дека тоа е штетна инвестиција и не е одговор на потребата на скопјани, но и генерално на државата – рече Мицкоски.

Тој напомена дека имаме три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура когенеративни производни капацитети и нормално, и со сите се преговара, за да се види кои се најдобрите услови.

Но, нагласи, тоа нема да биде ништо надвор од актуелните програми за поддршка на инвестициите, нема да биде инвестиција со која ќе биде загарантиран откупот или по принцип, туку ќе биде на основа на правилата на пазарот.

Мицкоски додаде дека ќе биде инвестиција која ќе користи зелена енергија.

– Секако, ќе биде инвестиција која што ќе користи зелена енергија, бидејќи се обврзавме со планот за раст дека ќе овозможиме производите што ќе се извезуваат во Европската Унија, да имаат зелено брендирање дека се произведени од зелена енергија. Ние последни почнавме како Влада, споредено со другите пет земји од Западен Балкан, први ќе ја добиеме првата транша, бидејќи најквалитетно и први си ја завршивме домашната задача во овие четири месеци. Последни почнавме, први ја добиваме и сме многу понапред во сите други процеси од другите пет земји. Имаме амбициозен план и сакаме да го реализираме – додаде Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

ЗА МАЛКУ СЕ ИСТЕПАА: На Битиќи му пукна филмот, Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ го испровоцира, тој му се пушти среде расправа во собрание

Published

on

Многу малку фалело да дојде до физичка пресметка помеѓу пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за време на расправата за Буџетот во Собрание.

Според видео снимката која се појави, додека Битиќи говореше од говорницата, Стојановски упорно нешто му дофрлаше, на што Битиќи не остана рамнодушен.

„Те молам уште еднаш немој да го употребиш тој збор. Уште еднаш немој да го употребиш. Прв и последен пат“, по што ја прекина репликата и видно револтиран се упати кон пратеникот Бојан Стојановски.

Според пишувањата на медумите, Стојаноски му рекол дека лаже и затоа Битиќи реагирал така бурно.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Ftv21.mk%2Fvideos%2F544101098411440%2F&show_text=false&width=357&t=0

Continue Reading

Македонија

Земјотрес ја потресе Македонија

Published

on

Земјотрес со интензитет од 1,8 степени според Рихтер ја потресе вечерва Македонија.

Според информациите, епицентарот е во близина на Дојран.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк