Connect with us

Македонија

БОЈКОТ НА РАБОТНИЦИТЕ – железничкиот сообраќај од утрово во Македонија во прекин!

Published

on

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово е во прекин. Причина за бојкотот на работата е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера.

Како што вели претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски, утрово, пред седум часот, сообраќале само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот е во целосен прекин.

Чакаровски објаснува дека бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

Македонија

„Ние сме гласот на Фросина“ – трет протест за правда во Скопје

Published

on

Голем број граѓани денес по трет пат излегоа на протест во Скопје, барајќи правда за Фросина Кулакова, која загина на пешачки премин, прегазена од возач без дозвола, кој бил под дејство на алкохол.

Протестот започна на булеварот „Партизански одреди“, каде 20-годишниот Васил Јованов, возејќи под дејство на алкохол и поминувајќи на црвено светло, ја усмрти Кулакова. Маршот продолжи кон Владата, Собранието и заврши пред Апелацискиот суд, каде демонстрантите носеа транспаренти со пораки како: „Ние сме гласот на Фросина“, „Валкани пари – смртни последици“ и „Доста со врски, време е за правда“.

На протестот учествуваше и семејството на Кулакова, како и роднини на други жртви од сообраќајни несреќи. Нивната порака беше јасна – системот мора да се промени.

„Протестираме за правда, но и за промена на системот. Не сакаме трагедијата на мојата сестра да се користи за политички поени“, изјави Росица Кулакова, сестра на починатата девојка.

Семејството ја повика Владата да ги сослуша нивните барања, а од пратениците побараа итни законски измени, со цел спречување на вакви трагедии во иднина.

Continue Reading

Македонија

ТВ Алсат: Потсмев и иронија со „реформите и ветингот“ на ДУИ! – Хајредини: Ќе се ветингуваат и ќе бидат „чисти како солза“, како Груби!

Published

on

„Иницијативата на ДУИ за внатрешен ветинг (проверка) и реформи наиде на големо исмевање и иронија во јавноста и низ општествените мрежи. Многу аналитичари и актери иронизираа на метафоричен начин со оваа иницијатива.“ – објави ТВ Алсат.

Телевизијата натаму истакнува: „Ако се стремиш да растеш како личност и да бидеш искрен со себе, тогаш направи си самиот на себе ветинг. Ако ти треба момент за славење и за самопочитување, тогаш направи си самиот на себе Бајрам, но не го користи го ова, за да ја одбегнеш стварноста! – напиша аналитичарот Бесим Небиу.

„ДУИ по втор пат ќе си прават самите на себе ветинг и сите повторно ќе излезат ‘чисти како солза’, исто како Груби!“ – објави на фејсбук поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

„Ако направат ветинг, тогаш на директорот ќе му ја одземат вилата во заливот Ларце.“ – иронизираше актерот Хасим Мемиши Сопи.

„Комисија за ветинг во состав: Муса Џафери, Садула Дураки, Рамиз Мерко, Блерим Беџети. Надворешни членови: Зијадин Села и Артан Груби!“ – беше напишано на еден непознат профил на фејсбук.

ДУИ вчера соопшти дека членовите на нејзиното раководство прават „значаен чекор кон зголемување на транспарентноста и интегритетот,со потпишувањето на партискиот кодекс за добра практика и интегритет“. – објави ТВ Алсат.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски од Минхен: Пристапот кон ЕУ стана подвижна мета, постојат двојни стандарди

Published

on

Македонија е жртва на билатерален спор што две децении го блокира евроинтегративниот процес, порача премиерот Христијан Мицкоски од панелот посветен на пристапувањето на Балканот во ЕУ кој се одржа во рамки на Минхенската безбедносна конференција. Тој беше говорник заедно со албанскиот премиер Еди Рама и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Мицкоски, земјава ја спореди со Хрватска која во исто време ги започна евроинтеграциите, но како што рече Македонија е се уште на исто место поради наметнати билатерални прашања од соседите.

-Ние сме жртва на билатеризација или да бидам уште попрецизен, нашиот пат кон ЕУ е многу комплексен. Затоа што наместо да ја добилижиме Европа на Балканот, ние на некој начин го носиме Балканот во Европа. Има за жал земји членки на ЕУ кои се од Балканот и тие го носат билатералните спорови задно со нив во Брисел наместо да ги донесат бриселските вредности на Балканот.изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, пак, ја повтори пораката дека според неа, билатералните спорови го отежнуваат процесот. На прашањето на модераторката на панелот Мајда Руге дали Брисел е подготвен да преговара за уставни измени со одложено дејство, предлог кој го оцени како разумен, Кос одговори дека доколку Скопје и Софија се согласни може да помогне билатералниот спор да се реши надвор од проширувачкиот процес.

-Бугарија и Македонија веќе зборуваат за тоа, ние се понудивме за помош ако е потребно да се олесни. Никогаш не е добро кога се внесуваат билатерални спорови, со се случува повторно и повторно. За тоа зборував претходно, можам да ја разберам фрустрацијата. Секогаш ќе треба да се справуваме со билатерални прашања, мојата визија е доколку е можно ве молам, и ние ќе помогнеме да се реши ова надвор од процесот на проширување.изјави – Марта Кос – Еврокемсар за проширување.

Во врска со идните перспективи на ЕУ и безбедносните предизвици со кои се соочува, Мицкоски рече дека Македонија е комплетно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. Но упати забелешка молкот на Брисел кога земја членка на Унијата го негира македонискиот идентитет, посочувајќи ја Бухарија.

-Кога Русија навредливо го занемарува и негира украинскиот идентитет, за што претседателот Зеленски зборуваше вчера, и украинскиот јазик итн, сите сме гласни, сите критикуваме, секако се бориме за правата на украинскиот народ и за оваа агресија без преседан која Путин и ја направи на Украина. Но кога парламентот на една земја членка на ЕУ, го занемарува и негира македонскиот идентитет и мојот македонски јазик, тогаш сите се силни. Секој знае дека зборувам за Бугарија,-изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Албанскиот премиер Рама кој исто така беше дел од панелот, порача дека очекува ЕУ да ги забрза процесите на интегрирање. Еврокомесарката Кос смета дека во нејзиниот мандат две или три земји до крајот на 2027 може да го затворат преговарачкиот процес посочувајќи ги Црна Гора и Албанија како предводници, веднаш потоа рече ќе се продолжи со Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк